Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија домаќин на Европска конвенција за минибаскет
    Кошарка

    Македонија домаќин на Европска конвенција за минибаскет

    sasoBy saso02/06/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во наредните четири дена, Кошаркарската федерација на Македонија и Скопје ќе ги обединат европските минибаскет експерти.

    Од 4. до 7 јуни, главниот град на Македонија ќе биде центар на европската минибаскет сцена, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во партнерство со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет.

    Настанот ќе собере тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки.

    Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски развој.

    Во текот на четирите дена ќе бидат организирани предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти.

    Учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења и алатки за подобро воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на здрави животни навики и спортски вредности.

    Практичниот дел од програмата ќе се реализира во спортската сала „Лазар Лечиќ“, додека завршницата ќе биде одбележана со голем минибаскет фестивал на Кејот на Вардар. На фестивалот се очекува учество на повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку дружење, игра и спортски активности ќе ја прослават љубовта кон кошарката.

    Конвенцијата претставува уште една потврда за посветеноста на македонската кошарка кон развојот на младите категории и признание од ФИБА за напорите што се вложуваат во создавањето на квалитетна основа за идните генерации кошаркари и кошаркарки.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.