Author: saso

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров загубија на првиот четвртфинален меч од Европскиот Куп против Елче во Шпанија со убедливи 36:21. Високиот пораз им остава малку надежи на нашите ракометарки за реваншот следната недела. Првото полувреме домашните ракометарки го добија со 14.10, но во вториот дел тотално доминираа и ја направија разликата за убедлива победа. Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија Николовска постигна 4 гола. Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

Read More

Според пишувањата на шпанска „Марка“, ПСЖ се заинтересирал за младиот талент на Барселона, Ламин Јамал и за него се подготвени да платат вртоглава сума пари. Наводно, парижаните се подготвени да одвојат дури 200 милиони евра, но Барселона сепак одбива секаква продажба на младиот фудбалер. Според Трансфермаркт, проценетата вредност на Јамал ​​е 60 милиони евра, а се очекува истата да достигне 100 милиони до крајот на сезоната. Барселона сигурно нема така лесно да се откаже од талентираниот младинец кој во јули треба да наполни 17 години.

Read More

Возачот на Формула 1 тимот на Ферари, Карлос Саинц, беше успешно опериран во Ријад, откако му беше дијагностицирано вослапелие на слепото црево. Откако се чувствувал лошо неколку дена, било утврдено дека му е потребна хируршка процедура, која набрзо била извршена во болница во Саудиска Арабија. По операцијата, од болница самиот Шпанец испрати порака до фановите и колегите. „Се помина без никакви проблеми, а јас се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, и на сите оние кои се грижеа за мене овие денови во Саудиска Арабија, особено во болницата. Со среќа утре“ – напиша Саинц.

Read More

Јулијан Нагелсман може да остане на кормилото на германската фудбалска репрезентација и по Европското првенство, доколку Бундестимот се претстави добро, изјави директорот на локалната федерација, Андреас Ретих во интервју за „Фокус“. Ретих, сепак, не прецизираше кој пласман на Европското првенство за Германија ќе се смета за успешен. „Јас не сум човек кој ќе зборува за пласман во моментов. Важно е да ги освоиме срцата на луѓето. Мислам дека нема да биде воопшто лошо. Сигурен сум само дека последното место во групата на домашниот Европското првенство ќе биде лош резултат“, изјави тој.

Read More

Италијанката Федерика Брињоне победи во велеслаломот кој денеска се возеше во шведскиот Оре. На второто место заврши Швеѓанката Сара Хектор (+0,33), а трета беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами (+0,40). Во поредокот за велеслалом, засега првата позиција ја има Лара Гут-Бехрами со 745 бодови, 95 повеќе пред Брињоне. До крајот на сезоната има само уште една велеслаломска трка.

Read More

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, постигна најбрзо време во квалификациите за Големата награда на Катар на отворањето на сезоната во Мото ГП шампионатот. Второто место го зазеде Алеш Епсаргаро од Априлија со заостанување од 0,083 секунди. Третото место му припадна на Енеа Бастианини со Дукати, кој беше за три илјадити делови од секундата побавен од Еспраргаро. По нив утре ќе стартуваат Бред Биндер на КТМ, бранителот на титулата Франческо Бањаја и Марк Маркез на Гресини.

Read More

Секоја година 8 Март одново не потсетува колку посебни и битни жени постојат во нашите животи, секоја година ги славиме нивните достигнувања, се восхитуваме на нивниот мајчински инстинкт, на нивната верност кон пријателствата, на нивната истрајност во кариерата. Денешниот ден, како и останатите 365 дена од годината, секоја жена треба да се чувствува сакано, сигурно и посебно. Токму затоа, Капитол Мол на своите посетителки им приреди посебно изненадување со симпатичен гест. Капитол Мол заедно со кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје беа причина за насмевка кај секоја дама што денеска го посети трговскиот центар. Во текот на денешниот празничен ден, кошаркарите на…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија. Во изјава за сајтот на ФФМ, предводникот на нашиот најдобар национален тим откри дека во репрезентативниот дрес во иднина нема да го гледаме Аријан Адеми, кој најавил повлекување од националниот тим. „Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија и во последниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите. Вечерва на гостувањето кај Колштад, битолчани беа поразени од домашниот тим со 34:27. Со овој пораз, нашиот првак ги заврши настапите во дебитантската сезона во најсилното европско натпреварување со 14 порази во исто толку одиграни натпревари. Урош Борзаш со 11 гола вечерва беше најефикасен кај нашиот шампион, а по три гола постигнаа младите Цветан Кузмановски, Танкоски и Ѓорговски. Со 11 гола во составот на Колштад најефикасен беше Лисе.

Read More

Раководството на Челзи одлучи дека доколку го отпушти актуелниот тренер на тимот, Маурисио Покетино , ќе се обиде да го ангажира Рубен Аморим , кој го предводи Спортинг Лисабон или Роберто Де Зерби, кој работи во Брајтон. Оваа информација ја објави авторитетниот „Гардијан“. Според изворот, раководството на лондонскиот клуб ќе одлучи за иднината на аргентинскиот стручњак во Челзи по завршувањето на актуелната сезона. Да потсетиме дека Покетино ја презеде тренерската функција на Челзи минатото лето. По 26 кола од англискиот шампионат, сините освоија 36 бода и моментално го заземаат 11-тото место. Под водство на Покетино, Челзи стигна до финалето на Лига купот, но загуби од Ливерпул со резултат…

Read More