Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија и во последниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите. Вечерва на гостувањето кај Колштад, битолчани беа поразени од домашниот тим со 34:27.
Со овој пораз, нашиот првак ги заврши настапите во дебитантската сезона во најсилното европско натпреварување со 14 порази во исто толку одиграни натпревари.
Урош Борзаш со 11 гола вечерва беше најефикасен кај нашиот шампион, а по три гола постигнаа младите Цветан Кузмановски, Танкоски и Ѓорговски. Со 11 гола во составот на Колштад најефикасен беше Лисе.

