Author: saso

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус по победата на германската репрезентација над Франција со 2:0, ја пофали работата на селекторот Јулијан Нагелсман и даде оптимистички прогнози за настапот на претстојното ЕП. „Тимот е на добар пат со комбинацијата на млади, искусни, брзи и паметни играчи. Квалитетот е висок и играчите имаат се што им е потребно за да станат европски шампиони. Но, ова беше само почеток. Најважно е што Нагелсман ги претвора овие играчи во кохезивна единица која не само што добро удира, туку и се држи заедно“, изјави Матеус.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 на денешниот прв контролен меч во Анталија против селекцијата на Молдавија. Во првиот официјален натпревар во 2024 година, момците на Благоја Милевски покажаа повеќе од противникот, но не ги искористија шансите за да го добијат овој меч. Македонија поведе со голот на Миовски во првата минута од судиското надополнување во првиот дел од мечот, откако претходно имаше неколку убави шанси за гол. На стартот на вториот дел исто така пропуштивме да претвориме во втор гол уште неколку изгледни можности, а казната стигна со еден прекрасен гол со ножички на Витали Дамашкан кој ги постави…

Read More

Македонската А репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски. Нашиот напаѓач, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора. „Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат. Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации…

Read More

Младата фудбалска репрезентација до 21 година в четврток ги продолжува квалификациите за ЕП 2025. Во Скопје гостува Гибралтар, а неколку дена подоцна и Шведска. Во пресрет на дуелите, селекторот Драги Канатларовски зборуваше за очекувањата од новите две пресметки. „Нема слаби противници. Ние и минатата година видовме колку и на клупско ниво е променет фудбалот во Гибралтар, особено низ натпреварите кои ги играше Шкупи во европските купови. Нивната победа против Молдавија и минималниот пораз од Холандија со 1:0 покажуваат дека станува збор за солидна репрезентација. За нас се освен победа на мечот во четврток ќе биде неуспех. Сметам дека имаме подобар…

Read More

Младата фудбалска репрезентација (У21) се подготвува за следните натпревари од квалификациите за ЕП. На 21 март (четврток) на домашен терен го пречекуваме Гибралтар во натпревар кој нашите репрезентативци мора да го добијат доколку сакаат да ги вратат шансите за висок пласман во нашата квалификациска група. По стартниот триумф на гости кај Шведска, следуваа три порази против Холандија, Молдавија и Грузија со што сега немаат право на кикс нашите млади фудбалери. Во разговорот кој го имавме со нашиот репрезентативен дефанзивец Андреј Стојчевски тој ја пренесе атмосферата во нашата селекција и очекувањата од овие натпревари. „Секогаш кога сме на собир заедно е…

Read More

Нашата А-фудбалска репрезентација во Анталија се комплетираше и почнува со главните подготовки за претстојните два пријателски меча со Молдавија и Црна Гора. Утрово по првиот тренинг, своите очекувања од двомечот кој не очекува ги сподели нашиот репрезентативен напаѓач, Дарко Чурлинов. „Полека се комплетираме, атмосферата е супер, времето е одлично, па сега за сега се е во најдобар ред. И двете селекции кои не очекуваат се одлични тимови. Не очекуваат два одлични натпревари. Допрва треба да ги анализираме противниците, па со селекторот да се договориме за начинот на кој ќе пристапиме. Ќе се потрудиме да одиграме на највисоко ниво. Сега се…

Read More

Возачот во Формула 1, Пјер Гасли, стана косопственик на фудбалскиот клуб Версај. Версај се натпреварува во третата дивизија на Франција и е на десеттото место на табелата. „Воодушевен сум што се приклучувам во Версај бидејќи отсекогаш сум сакал да бидам дел од професионалниот фудбал. Ова е почеток на една прекрасна приказна“, рече Гасли. Другите двајца косопственици се Александар Муљез, внук на основачот на мултинационалниот синџир за мали породилишта Ахан и Фабијен Лазаре.

Read More

Десниот бек на Барселона, Жоао Кансело, кој како позајмен од Манчестер Сити до крајот на сезоната настапува за шпанскиот клуб, следната сезона би можел да се пресели во Бенфика. „Не е исклучено да се вратам во Португалија. Јас навистина сакам да играм за Бенфика, но сакам да поминам уште две или три години во Барселона“, изјави Кансело. Претходно беше објавено дека агентот на Кансело има намера да преговара со раководството на Сити за продажба на дефанзивецот во каталонскиот клуб. Според Мундо Депортиво, претставникот на Португалецот ќе се обиде да преговара за сума од 20 милиони евра.

Read More

Тотенхем е сериозно заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Вест Хем, Бен Џонсон. Како што објавија некои весници, Спарс бараат поголема длабочина во одбранбената линија, а Џонсон го привлече вниманието со одличните настапи и бројки оваа сезона. Тој може да одговори и како десен бек, лев бек како и централен дефанзивец. Поранешниот дефанзивец Ледли Кинг наводно му препорачал на Тотенхем да го ангажира играчот и останува да се види дали Тотенхем може да обезбеди договор ова лето. Дефанзивецот е во последните неколку месеци од договорот со „чеканите“ и Вест Хем досега не успеа да обезбеди нов договор. Доколку неговата ситуација…

Read More

Обвинителството во Милано кое го истражува трансферот на акциите од старите на новите сопственици на Милан ги испрати документите до Италијанската федерација. Станува збор за дел од истражното досие, на приближно 12 страници, а сега може да започне истрагата за евентуалното прекршување на правилата за трансфер на сопственост што Милан ќе го стави во ситуација да плати или парична казна или да биде казнет со одземање бодови. Обвинителството предвидува максимално време од шеесет дена за истраги, со можност за две продолжувања, што значи дека федералната истрага мора да биде затворена во рок од четири месеци.

Read More