Македонските ракометарки по пауза од 12 години, успеаја низ квалификации да дојдат до ново учество на Европско првенство. Задоволството по победата над Азербејџан денеска, не го криеја дел од нашите ракометарки. Симона Маџовска ги искажа своите први импресии по победата и пласманот на Европското првенство 2024. „Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар кадешто сакаме со победа да…
Author: saso
Откако утрово објавија дека Гоце Седлоски спогодбено го раскинал договорот, од ФК работнички веднаш го пронајдоа и неговиот наследник. Од клубот од Дебар Маало веќе објавија дека за нов шеф на стручниот штаб го именуваат Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков. Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.
ФК Работнички утрово информираше дека спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски. Од клубот им се заблагодаруваат за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери. Во текот на денот од клубот најавија дека ќе биде познато и новото тренерско решение за „Херојот од Дебар Маало“.
Откако пред неколку дена излезе од затвор во Бразил, Дани Алвеш е во нови неволји. Имено, како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, против него е покрената нова кривична постапка. Сега тој е обвинет за кражба на музика од двајца бразилски композитори, Џулијано Матеус и Тиаго Матеус, за песна објавена во 2020 година како дел од проект за Обединетите нации. Алвеш ги отфрли обвинувањата, а неговите адвокати објаснуваат дека двајцата ја искористиле популарноста на играчот за незаконски да се збогатат на негова сметка.
Американката Даниеле Колинс триумфираше на Мастерс турнирот во Мајами. Ова за неа е прва титула на ВТА 1000 турнир во кариерата, победувајќи ја во финалето четвртата носителка, Елена Рибакина од Казахстан со 7:5, 6:3. За Колинс (30), која планира да се пензионира на крајот од 2024,-та, ова беше вкупно трета турнирска титула во кариерата, прва од 2021 година. Победувајќи ја Рибакина, шампионката од Вимблдон 2022 година, Колинс од 53-то, утре ќе скокне на 22-то место на ВТА листата.
Ливерпул ќе направи се што е во нивна моќ за да го обезбеди потписот на Рубен Аморим пред Евро 2024, откако стана јасно дека клубот нема да успее во преговорите со Чаби Алонсо. Со оглед на ситуацијата, тренерот на Спортинг Лисабон стана цел број 1 на „црвените“ од „Енфилд“. Сепак, за да го привлечат Аморим, Англичаните ќе треба да ја платат поставената ослободителна клаузула во договорот на младиот стручњак, која изнесува 15 милиони евра. Според извори блиски до Ливерпул, на клубот нема да му биде тешко да ја плати сумата, само за да добие потврден одговор од младиот стратег. Се…
Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ се повреди на последниот меч за Ал Хилал во Саудиска Арабија. Митровиќ постигна два гола пред да ја напушти играта поради повреда во победата од 4-3 на неговиот Ал Хилал против Ал Шабаб. Првичните информации велат дека повредата е сериозна, па Митровиќ го чека подолга ауза од фудбалските терени. Деталните лекарски прегледи треба да дадат одговор дали тој ќе може да се опорави за настап во дресот на Србија во јуни на Европското првенство 2024 во Германија.
И покрај сите пишувања на шпанските и француските медиуми дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, тренерот на парижани вчера повторно отвори дилема околу заминувањето на Мбапе. Луис Енрике тврди дека пишувањата не се потврдени и открива дека има нешто што може да го натера Мбапе да остане во Париз. „Се надевам дека Килијан ќе се предомисли. Да замислиме дека ќе ги освоиме сите четири титули оваа сезона, а тој во последен момент одлучи да остане. Париз е неговиот дом? Зошто да не? Ќе видиме“, рече Енрике.
Новак Ѓоковиќ, по се изгледа, нема да настапи на годинешниот „Вимблдон“. Како што објавија италијански извори, Србинот сака подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз, кои ќе му бидат приоритет. Ова е вероијатно и една од причините поради која Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ ја прекинале соработката. Ѓоковиќ се уште нема олимписко злато, а претстојните игри во Париз се одлична можност тоа да се промени. Ѓоковиќ би можел да донесе уште една изненадувачка одлука во серијата со тоа што ќе покани сосема неочекувана личност да биде дел од неговиот стручен штаб, еден од потенцијалните тренери е Маркос Багдатис,…
Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да игра против Њујорк Сити во натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата. 36-годишниот Аргентинец веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3:1) и Њујорк Ред Бул (0:4). „Лео работи со физиотерапевти. Тој е надвор од групата за викенд мечот. Тој нема да биде достапен бидејќи се обидуваме да направиме се што е можно за да може да игра на домашен терен следната среда против Монтереј“, изјави членот на стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес. Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше уште 2 асистенции.
