Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг вети дека „црвените ѓаволи“ ќе се борат за место во Лигата на шампионите до крајот на сеозната. „Не знам дали шансите се изгубени. Ќе продолжиме да се бориме. Видовме дека можеме и требаше да ги добиеме сите три натпревари оваа недела. Натпреварот против Брентфорд беше најлош, таму не заслуживме да победиме. Но, во другите два меча, ако сте во победничка позиција – а ние заслуживме да бидеме во победничка позиција во тој момент – тогаш треба да победиме. И ова е клучно. Ќе се бориме за секој бод и потоа ќе видиме каде…
Author: saso
Американската тенисерка Дениел Колинс е новата освојувачка на турниот ВТА 500 во Чарлстон (САД). Во финалето ветеранката убедливо ја победи четвртата носителка Дарија Касаткина (Русија) со 6:2, 6:1 за час и 19 минути игра. Американката тотално доминираше во двата сета и ја освои својата втора титула по ред по успехот во Мајами минатиот месец. Последната тенисерка која ги освои Мајами и Чарлстон беше Серена Вилијамс во 2013 година. Колинс (30), кој планира да се пензионира на крајот на сезоната не знае за пораз на 13 последователни натпревари. Ова е нејзината најдолга серија на ВТА турнејата. Касаткина го загуби десеттото финале…
Американецот Бен Шелтон е победник на АТП тенискиот турнир во Хјустон откако во финалето го совлада сонародникот Френсис Тиафо со 7-5, 4-6, 6-3. За 21-годишниот Шелтон тоа беше втора турнирска победа во кариерата откако минатата година славеше во Јапонија. Младиот Американец на тој начин стана најмладиот победник на турнирот во Хјустон во последните 22 години, откако Енди Родик победи во 2002 година кога имаше само 19 години. Од друга страна, Тиафо го забележа петтиот пораз во финалните натпревари.
Женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари победа на стартот на квалификациите за женското Европско превенство 2025 година. Избраничките на новиот селектор Александар Андов успеаја со 3:4 да ја победат Летонија на гостински терен во Рига. Летонките поведоа во 7. минута со голот на Миксоне, но нашите девојки со двата гола на Гентјана Рочи и погодокот на Наташа Андонова по половина час игра направија пресврт и водство од 1:3. Летонија потоа двапати се враќаше на гол разлика, но оној гол на Мирчевска во 69. минута за 2:4, беше пресуден. Новиот селекторот Андонов тргна со победа, па сега го чека и вториот…
Македонската фудбалска репрезентација направи пад на најновата ФИФА ранг-листа од една позиција. По ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора, Македонија загуби вкупно 7,98 поени и сега има 1.354,19 поени со кои се најде на 69. позиција на рангирањето. Веднаш зад нас се токму Црногорците кои нè победија во Анталија. На врвот немаше промени. Аргентина и натаму е најдобро рангирана светска селекција, пред Франција, додека третото место сега го презедоа Белгијците, кои ја минаа Англија која е на 4. место.
Двократната Грен слем шампионка и поранешната светска тенисерка бр. 1, Симона Халеп, го искажа своето воодушевување што доби уште една вајлд-карта за настап на голем Мастерс турнир. Таа доби покана да настапи на Мастерсот во Мадрид. „Многу им благодарам на организаторите на турнирот во Мадрид за оваа можност. Мадрид отсекогаш бил посебно место за мене, од кое останале радосни спомени. Благодарна сум за шансата да создадам нови моменти. Се гледаме наскоро“, напиша Халеп на социјалните мрежи. Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 23 април до 4 мај. Интересно, специјална покана од организаторите на турнирот доби и данската тенисерка Каролин…
Агентот на тренерот на Болоња, Тиаго Мота, Алесандро Канови проговори за можноста неговиот клиент да потпише договор со друг клуб ова лето. „Потврдата за останувањето на Чаби Алонсо во Баер Леверкузен отвори неколку други важни кандидати за Ливерпул и Баерн Минхен. Тука е и Барселона. Сега ова се три интересни и многу добредојдени понуди. Во моментов, единствен факт е дека договорот на Мота со Болоња истекува. Дали ќе остане во Болоња? Не можам да кажам затоа што не преговарам со никого“, изјавил Канови. Претходно беше објавено дека Тиаго Мота е еден од кандидатите да го замени Јирген Клоп во Ливерпул.…
Хрватската полиција соопшти дека синоќа привела 51 лице поради нередите што ги предизвикаа навивачите на Хајдук на стадионот „Пољуд“ и околу стадионот по мечот со Динамо (З) во полуфиналето на Купот. Според извештаите на медиумите, лекарска помош побарале тројца полицајци. Нередите избија откако Хадук го загуби полуфиналниот меч со Динамо (З) со 1:0 и не успеа да се пласира во финалето. Веднаш штом заврши натпреварот, група локални навивачи истрчаа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачите. Само брзата реакција на полицијата спречи поголема несреќа.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја истакна важноста од победата на неговиот тим на синоќешниот меч со Астон Вила со 4:1. Со овој триумф, и претходно победата на Арсенал против Лутон, овие два тима излегоа пред Ливерпул во трката за титулата, кој вечерва ќе се врати на врвот со победа над Шефилд Ј. „Тие се уште имаат повеќе бодови од нас, па затоа се фаворити за титулата. За нас е важно да се пласираме во Лигата на шампионите. Блиску сме до ова, учеството на овој турнир е важно од многу причини. Победата над Вила е огромен чекор кон Лигата…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, не е исклучено да ја продолжи паузата уште неколку недели. Каталонскиот весник „Спорт“ повикувајќи се на свои извори, наведува дека носителот на 22 грен слем титули би можел да помине уште шест недели надвор од терените, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, би ги пропуштил и турнирите во Мадрид и Барселона. Очигледно, Надал би можел да се врати на терените со учество на Мастерсот во Рим, кој започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир кој Рафа…
