Карлос Алкараз се повлече од настап на турнирот во Барселона, но според извештаите, тој не е повреден, што е добра вест за неговите фанови. Шпанецот минатата недела се повлече од Мастерсот во Монте Карло поради физички проблеми, што всушност беше најавено со прекинот и на еден од неговите тренинзи неколку дена пред повлекувањето од турнирот. Тој продолжи да тренира во Мурсија пред претстојниот Барселона опен, кој го освои двапати, вклучително и минатата година, но нема да игра ниту на тој турнир. Алкараз треба да биде „фит“ за Мадрид опен, каде, како и во Барселона е бранител на титулата. Потоа според…
Author: saso
Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ доби отказ на тренерското место во руска ЦСКА. Тој го предводеше московскиот тим од летото 2022 година. Рајковиќ во изјавата по завршувањето на соработката со ЦСКА им се заблагодари на раководството на клубот, играчите, навивачите, а воедно изрази надеж дека московјани ќе ја освојат титулата на крајот од оваа сезона во ВТБ-лигата. „Би сакал да изразам голема благодарност до кошаркарскиот клуб ЦСКА и неговиот претседател Андреј Ватутин за постојаната конструктивна соработка и довербата што ми ја укажаа, благодарение на што ја предводев една од најуспешните екипа во историјата на европската кошарка. Во текот на овие…
Напаѓачот на Борусија (Д), Себастијан Алер, нема да игра на реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите закажан за утре. 29-годишниот напаѓач би можел да го пропушти остатокот од актуелната сезона поради повредата на скочниот зглоб која ја заработи на саботниот дуел со Борусија (М). Алер денеска ќе биде подложен на уште еден преглед. Борусија Дортмунд утре го пречекува Атлетико Мадрид со негатива од 2:1 од првиот четвртфинален меч минатата недела.
Со одигрувањето на синоќешните мечеви во последната рунда од регуларниот дел од сезоната, познати се комплетните двојки за разигрувањето во НБА лигата. Во Источната конференција неизвесно беше во Њујорк, каде домашните по продолжение го победија Чикаго Булс со 120:119, обезбедувајќи го второто место пред почетокот на плеј-офот. Орландо на домашен терен го совлада Милвоки со 113:88 и со таа победа обезбеди петто место и директен пласман во плеј-офот, а директен пласман во плеј-офот обезбеди и Индијана, која го обезбеди шестото место со убедливата победа над Аталанта 157:115. На Западот, кошаркарите на Денвер го победија а Мемфис со 126:111 и завршија…
Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои уште еден медал од Г2 натпреварите. Рељиќ викендов освои бронзен медал на Галеб Г2 Србија Опен. Во првото коло нашата натпреварувачка беше поуспешна од Азербејџанката Мејлин Мамаџада со 2:0 во рунди. Во следното коло тесна победа врз извонредната српска репрезентативка Ела Мариќ со 2:1 во рунди. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Иранката Хаџиџи Елхам со 2:0, а во полуфиналето не успеа да слави над Хрватката Хелена Кичема. Ова се нови 7,20 поени за светската и олимписката ранкинг листа за Мила и трет медал оваа година, по оние во Турција и Скопје.
Арсенал не смее да остане само на пропуштената шанса, туку мора да го надмине поразот од Астон Вила, изјави лондонскиот менаџер Микел Артета. Во неделата „топчиите“ загубија на домашен терен со 2-0, и останаа два бода зад Манчестер Сити, кој е сега осамен на врвот на табелата. „Тоа е реалноста. Така беше во последните неколку месеци. Знаевме дека може да дојде овој тежок момент и сега мораме соодветно да реагираме. Ако само еден резултат не потресе, тогаш не сме доволно силни. Имавме одличен настап во првото полувреме, моментумот се смени, сега мораме да застанеме на нозе“, изјави Артета по вчерашниот…
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, верува дека првата титула за неговиот тим во Бундеслигата е добра работа за германскиот фудбал, откако заврши серијата на Баерн Минхен од 11 последователни првенствени титули. „Среќен сум за сите. Можеби е здраво Бундеслигата да ја освојуваат и другите тимови. Мораме да уживаме. Тоа е одличен момент. Сега е време да славиме, денес тоа го заслуживме”, прокоментира Шпанецот. Леверкузен може да дојде и до „тројна круна“ доколку ги освои Лигата на Европа и Купот на Германија, каде е во финалето се среќава со второлигашот Кајзерслаутерн. „Ќе се фокусираме на Вест Хем многу брзо, но…
По победата над Струга ТЛ во минатото коло, Вардар засилено се подготвува за неделното градско дерби со Работнички. Дуелот на локалните ривали, конечно, се враќа на Националната Арена, каде и двата тима влегуваат со желба за три бода. Во денешното гостување во програмата на Спортското радио 90.3 фм, капитенот на „црвено-црните“, Дарко Глишиќ зборуваше за очекувањата од неделното дерби. „Во првата полусезона Работнички беше многу подобар, сега и кај нив се сменија некои работи. Ние одиме се подобро и подобро и се надевам дека така ќе продолжиме и на ова дерби во недела. Фокусот во недела е на трите бода.…
Откако синоќа беа комплетирани првите четвртфиналиња во Лигата на шампионите, излегоа и новите прогнози околу шансите на четвртфиналистите да го освојат „пехарот со уши“ оваа сезона. Суперкомпјутерот на „Опта“ веќе ги пресмета шансите на тимовите учесници во оваа фаза да ја продолжат борбата и да го освојат трофејот! Нерешените 3:3 во Мадрид ја зацврстија позицијата на Манчестер Сити како прв фаворит за титулата во ЛШ и оваа сезона. Последните компјутерски анализи велат дека шансите англискиот и европскиот првак да го одбрани европскиот трон се 32,08%, што е за 4% повеќе од шансите кои им беа давани пред првиот меч на…
Интер Мајами е елиминиран во четвртфиналето на Купот на шампионите во КОНКАКАФ, откако загуби со 3:1 на гостувањето кај мексикански Монтереј. Лионел Меси и неговите соиграчи требаше да победат на оваа средба за да обезбедат место во следната рунда, откако беа поразени на првиот меч на кој аргентинската ѕвезда не настапи поради повреда. Меси овојпат беше стартер и имаше една асистенција, но ниту тој ниту Луис Суарез не можеа да им помогнат на „чапјите“ да стигнат до успех. Уште еден поранешен играч на Барселона, Жорди Алба, пак, доби црвен картон во 78. минута при 3:1 за Мексиканците.
