Со одигрувањето на синоќешните мечеви во последната рунда од регуларниот дел од сезоната, познати се комплетните двојки за разигрувањето во НБА лигата.
Во Источната конференција неизвесно беше во Њујорк, каде домашните по продолжение го победија Чикаго Булс со 120:119, обезбедувајќи го второто место пред почетокот на плеј-офот. Орландо на домашен терен го совлада Милвоки со 113:88 и со таа победа обезбеди петто место и директен пласман во плеј-офот, а директен пласман во плеј-офот обезбеди и Индијана, која го обезбеди шестото место со убедливата победа над Аталанта 157:115.
На Западот, кошаркарите на Денвер го победија а Мемфис со 126:111 и завршија на второто место во Западната конференција. Првото место на Западот и припадна на Оклахома, која на свој терен славеше против Далас со убедливи 135:86.
Во плеј-ин делот на Истокот ќе играат:
Чикаго – Атланта
Филаделфија – Мајами
Плеј-оф:
Бостон – тим од плеј-ин
Њујорк – тимод плеј-ин
Милвоки – Индијана
Кливленд – Орландо
Во плеј-ин делот на Западот ќе играат:
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс
Сакраменто – Голден Стејт
Плеј-оф:
Оклахома – тим од плеј-ин
Денвер – тимод плеј-ин
Минесота – Феникс
ЛА Клиперс – Далас

