Со финалните натпревари, денеска во Скопје ќе заврши новото издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“. Вчера на програмата беа сите полуфиналиња, по кои Македонија во финалните дуели ќе има петмина претставници. Во категоријата до 57 килограми, Ален Рустемовски ќе боксува со Луар Алиу од Косово, во категоријата до 60 килограми Ружди Рустемовски ќе се сретне со Аксел Хегарти од Велс, во категоријата до 63,5 килограми Ник Николов ќе боксуа со Дмитрос Николау од Грција, во категоријата до 67 килограми Алим Насуфи за противник ќе го има Кирил Глобенко од Полска, додека во категоријата над 92 килограми Ардијан Аземи ќе…
Author: saso
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените околу три недели и нема да одигра ниту еден од преостанатите натпревари од тековната сезона. Така, „црвените ѓаволи“ во моментов немаат ниту еден здрав централен дефанзивец во пресрет на натпреварот со Кристал Палас вечерва во 36. коло од англиската Премиер лига. Рафаел Варан и Џони Еванс ќе го пропуштат натпреварот поради мускулни повреди, Лисандро Мартинез е надвор од терените од почетокот на април, додека Виктор Линделоф се здоби со повреда на тетивата и нема да игра најмалку уште три-четири дена. На крајот на април се повреди и дефанзивецот Вили…
Спортинг Лисабон е шампион на Португалија по 20-ти пат во својата историја и првпат од 2021 година. Ова стана факт синоќа по поразот на Бенфика со 2:0 на гостувањето кај Фамаликао во 32. коло од португалската елита. Така, на две кола пред крајот, „лавовите“ имаат 84 бодови, додека второпласираната Бенфика остана со 76. Третата позиција е за Порто кој има само со 66 бодови.
Кошаркарите на Бостон на домашен терен го победија Мајами со 118:84 и се пласираа во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата. Џејлен Браун и Дерик Вајт ги предводеа Селтикси до 4:1 во серијата со по 25 поени, Сем Хаузер додаде 17, а Џејсон Тејтум забележа 16 поени и 12 скока. Бем Адебајо беше најдобар во тимот на Мајами со 23 поени. Бостон во второто коло од плеј-офот ќе игра со победникот од серијата меѓу Кливленд и Орландо. Кавалирс водат со 3:2. Далас поведe со 3:2 против Лос Анџелес Клиперс во првото коло од плеј-офот на Западната конференција,…
Само два часа откако почна продажбата на билетите за натпреварот меѓу Риека и Динамо на стадионот „Рујевица“ кој ќе се одигра на 5 мај, веќе се распродадени сите билети за дербито кое може да го реши хрватскиот шампион. Откако Динамо остана прв на табелата во лигата поради првиот пораз од Риека по два месеци, домашните фанови на Риека побрзаа да дојдат до билет за решавачкиот меч од 33. коло на ХНЛ. Риека го распродаде секој натпревар оваа полусезона на „Рујевица“, па избраниците на Жељко Шопиќ повторно ќе имаат поддршка од 8.000 свои навивачи на стадионот. Динамо сезонава двапати победи на…
Познатиот колумнист и НБА инсајдер Брајан Виндхорст ги сподели своите размислувања за иднината на Леброн Џејмс во НБА лигата. „Не мислам дека тој ќе се пензионира. Леброн ќе игра барем уште една сезона. Во неговиот договор стои дека за продолжување на договорот ќе добие 51,4 милиони долари. А каков чекор ќе преземе ќе биде доста интересно да се види. Навистина мислам дека нема да замине, мислам дека нема да игра на друго место освен Лејкерс поради различни причини. И што и да мислите за овој тим и што и да мислите за Леброн, тој има потреба од Лејкерси“, изјавил Виндхорст.
Алберт Наѓ, кој досега беше помошник тренер во стручниот штаб на Игор Дуљај, ќе биде нов тренер на Партизан најмалку до крајот на сезоната, објавија синоќа од белградскиот клуб. Управниот одбор на Партизан синоќа донесе едногласна одлука за отпуштање на Игор Дуљај од тренерското место на тимот и назначување на неговиот помошник како нов тренер, барем во следнте пет натпревар. Наѓ е привремено решение, а по завршувањето на сезоната Партизан ќе бара некој кој е подготвен да се нафати со тренерската работа во составот на „црно-белите“.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со вчерашниот пласман во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид направи и рапиден скок на новата АТП листа која ќе биде објавена следната недела. Рафа, кој пред почетокот на турнирот беше на 512. место, сега ќе има скок од 207 места и моментално е 305. играч во светот. Доколку го победи чешкиот тенисер Лехецка, тој во следниот меч би стигнал и до 42. позиција.
Фудбалерите на Вардар го доживеа првиот пораз оваа пролет на свој терен и тоа против директниот конкурент во битката за опстанок, Воска Спорт. Денеска на стадионот во Маџари, гостите славеа со голот на Ачимовиќ уште во првото полувреме. Струга со голот на Ибраими славеше на гостувањето кај Македонија ЃП со 1-0 и се одлепи на првото местона табелата со три бода предност пред Шкупи, кој одигра само 0-0 на гостувањето кај Силекс во Кратово. Тиквеш продолжи со одличните резултати, па денеска на домашен терен во Кавадарци со 2-1 ја победи и Шкендија. Во последниот дуел меѓу Гостивар и Брера Струмица…
Баерн (М) ќе постави статуа на легендарниот Франц Бекенбауер пред Алијанц Арената, се вели во соопштението на фондацијата на навивачи на клубот. Бекенбауер, кој важеше за еден од најдобрите играчи на сите времиња, почина во јануари на 78-годишна возраст. Статуата на Кајзер ќе биде поставена до статуата на неговиот поранешен соиграч и напаѓач Герд Милер, кој сè уште го држи рекордот на голови во Бундеслигата, почина во август 2021 година на 75-годишна возраст.
