Author: saso

Македонската ракометна репрезентација во пеколната атмосфера на СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ја совлада селекицјата на Фарските Острови со 34:26 и да ја надомести разликата од минус 7 гола од првиот меч на гостински терен, со што обезбеди настап на уште едно светско првенство. Момците на Кире Лазаров одиграа перфектен меч чие темпо во двете полувремиња ни донесоа сразменна предност од по четири гола, сосема доволна за на крајот да славиме. Фарските Острови едноставно подлегнаа на атмосферата и не успеаја да ја задржат високата предност од дуелот во Торшавн. Жарко Пешевски со 8 гола беше најефикасен во нашата селекција, а…

Read More

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во 1/16-финалето на Мастерсот во Рим, откако денеска доживеа тежок пораз од 32. играч на АТП листата, Чилеанецот Алехандро Табиљо. Ѓоковиќ загуби рутински во два сета со резултат 6:2, 6:3, за само 67 минути. Во осминафиналето на Мастерсот во Рим, јужноамериканецот ќе се сретне со Карен Хачанов, кој со 6:4, 6:2 го совлада Франциско Черундоло.

Read More

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност со околу 1650 натпреварувачи. Првото место во машка конкуренција го освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со нов национален рекорд (34.42 минути). Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

Read More

Барселона договори ново засилување во средниот ред и тоа во името на 30-годишниот Аргентинец, Гвидо Родригез. Фабрицио Романо известува дека трансферот е практично сигурен и играчот од средниот ред на Бетис се согласил да премине во Барса како слободен играч. Актуелниот договор му истекува на лето и Родригез веќе има усмен договор со Каталонците и наскоро и официјално ќе потпише со нив.

Read More

Милан ќе се обиде да го купи дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал. 25-годишниот дефанзивец е една од главните трансфер цели на „росонерите“ ова лето. Емерсон одамна е во плановите на италијанскиот гигант, а надежите на управата се дека овојпат ќе успеат да го донесат во Милано. Милан веќе започна преговори со Тотенхем за потенцијален трансфер. Лондончани бараат 30 милиони фунти за Бразилецот, но „росонерите“ не сакаат да платат таква сума, па се очекува преговорите да продолжат.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета имаше убави за својот колега, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг во пресрет на денешното дерби од Премиерлигата. Двата тима ќе се соочат во натпреварот од 37. Коло, кој е исклучително важен за „топчиите“ кои се борат за титулата. „Можам само да кажам што мислам за него како тренер. Тој е одличен тренер. Им се восхитувам на неговите тимови – и Ајакс и Јунајтед“, вели Артета. „Знам што се обидува да направи, како го прави тоа и колку е тешко да се подготвиш за натпреварите против него, па затоа имам голема почит кон него“,…

Read More

Реал Мадрид денеска со навивачите ја прославува 36-та шампионска титула. „Кралевите“ пред една недела го освоија шампионатот на Шпанија, а денеска Кралската шпанска фудбалска федерација му го додели шампионскиот пехар на Реал Мадрид во базата на клубот. Потоа, екипата отиде на плоштадот Пуерта дел Сол, каде има и канцеларија на претседателката на заедницата во Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо. По пречекот, играчите и тренерите на тимот излегоа на балконот и ги поздравија насобраните навивачи.

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва е пред голем предизвик да надомести негатива од 7 гола на реванш бараж мечот со Фарските Острови од кој ни зависи настапот на уште едно големо натпреварување. Нашиот национален тим ќе брка негатива против Фарски Острови за да се пласира на Светското првенство (СП) кое во 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Ако сакаме добар резултат, освен поддршката од публиката која треба да ја наполни салата „Борис Трајковски“ до последно место, ќе ни треба и добра стратегија. Во сеќавањата се бараж возбудувањата за СП 2017 кога ја исфрливме Чешка, откако на домашен…

Read More
NBA

Најголемата ѕвезда на НБА тимот, Далас, Лука Дончиќ по се изгледа ќе мора да го пропушти следниот меч од полуфиналето на Западот со екипата на Оклахома. Ккао што јавуваат американски извори, Дончиќ е повреден. Натпреварот е закажан вечерва во 21:30 часот по средноевропско време, а домаќин е Далас. По првите два натпревари резултатот во серијата е 1:1.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен глем турнири. Таа од 20.мај ќе биде дел од квалификациите на Ролан Гарос. Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грен слем турнирот во Париз. Првпат настапи во 2017 година. Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава (Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи како дел…

Read More