Шампионот Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија откако вечерва во првото полуфинале славеше со 33:29 во пресметката со Тиквеш. Во СЦ „Борис Трајковски“ видовме интересен дуел во кој и екипата на Тиквеш го покажа и потврди својот квалитет, па ги натера битолчани добро да се испотат за победата. Радивојевиќ постигна 10 гола кај победникот, на другата страна Симиќ и Мијатовиќ имаа по пет погодоци. Еурофарм Пелистер за противник во финалето ќе го чека утрешниот победник од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Author: saso
Ракометарките на Ѓорче Петров се први финалистки во Купот на Македонија. Во првото женско полуфинале, ѓорчепетровки попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ славеа убедлива победа над Куманово со 31:14. Уште во првиот дел шампионот направи висока предност од шест гола (11:5), а во вториот дел ја искористи свежината во својот ростер и на крајот дојде до убедлива победа. Марија Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Анастасија Николовска, Милица Николиќ и Талида Алмеида постигнаа по 4 гола во составот на Ѓорче Петрив, додека кај Куманово Зечевиќ заврши со 5 гола. Утре во 17 часот се игра и второто женско полуфинале во кое силите ќе ги…
На Европското првенство во борење за пионери кое се одржува во Лутраки, Грција, нашиот млад борач Марио Ананиев успеа да се закити со бронзен медал. 14-годишниот Аниниев славеше во битката за бронзениот медал со технички туш над бугарскиот борач Валентин Минчев и постигна голем успех за македонското борење. Претседателот на Боречката федерација, Дејан Богданов, вели дека медалот е уште позначаен ако се знае дека Марио скоро сите победи ги извојува со убедлив резултат и тоа против борачи од врвните боречки нации во Европа.
Наполи е заинтересиран за ангажиман на играчот од средниот ред на Лацио, Луис Алберто. Фудбалерот веќе јавно изјави дека сака да го напушти Лацио на лето и дека нема намера да заработи ни денар од клубот со неговото заминување. „Скај Италија“ наведува дека Шпанецот најверојатно ќе замине на лето, но ќе остане во Серија А. Наполи е заинтересиран за играчот и тие веќе побарале информации за евентуалниот трансфер. Извршниот директор на Лацио, Клаудио Лотито, јасно стави до знаење дека клубот сака 15 милиони евра за да го продаде, но од Наполи сметаат дека цената е превисока. Актуелниот договор на играчот…
Со синоќешниот пораз на Тотенхем од Манчестер Сити, екипата на Астон Вила за првпат во својата историја следната сезона ќе учествува во Лигата на шампионите. Во минатото тимот од Бирмингем веќе учествуваше во најсилното континентално натпреварување, но кога тоа сè уште беше наречено Куп на Европските шампиони. Астон Вила не е меѓу тимовите кои се натпреварувале во најсилното клупско натпреварување во последните 41 година. Последен пат тимот од „Вила Парк“ играл меѓу најдобрите во Европа во Купот на европските шампиони со сезоната 1982/83 година.
Јувентус вечерва се враќа на теренот за да ја предизвика Аталанта во финалето на Купот на Италија. Овој меч и дава можност на Старата дама да го збогати своите витрини со нов трофеј откако досега веќе имаат 14 во рамките на ова натпреварување. Дефанзивецот Данило пред натпреварот против Аталанта вели дека победата во ова финале ќе и даде значење на оваа сезона. „Веќе се пласиравме за следната ЛШ, но мораме да донесеме и некој трофеј во клупските витрини. Тоа би било награда за сработеното од оваа група момци. Аталанта има добра сезона, има искусен тренер и одлични играчи, но историјата…
Менаџерот на Ипсвич, Киеран Мекена наводно е во контакт со Манчестер Јунајтед за преземање на менаџерското место кај „црвените ѓаволи“ следната сезона. Киеран Мекена се покажа како вистински гениј на теренот и го предводеше Ипсвич до две последователни промоции во англискиот фудбал, а во новата сеозна тимот ќе биде дел од англиската Премиер лига. Според „Гардијан“, Манчестер Јунајтед му пристапил на Мекена и во моментов траат преговори околу негов ангажман. Ерик Тен Хаг скоро сигурно ќе го напушти клубот ова лето, па управата е во сериозна потрага по негов наследник. Мекена има минато во Манчестер Јунајтед, бидејќи 38-годишниот Северно Ирец…
Меѓународната агенција за тениски интегритет им изрече забрана на двајца тенисери поради местење натпревари. Алехандро Мендоза Креспо доби доживотна суспензија и парична казна од 250.000 долари. 34-годишниот Боливиец активно учествувал во корупциски шеми, вклучително и организирање на местење натпревари со учество на други тенисери. Мендоза беше прогласен за виновен за 20 прекршоци. 28-годишниот Перуанец Хорхе Панта Херерос доби 3 години суспензија и 10.000 долари поради организирање местење натпревари. Тој е прогласен за виновен за 4 прекршоци.
Само неколку дена ни делат од боксерската битка меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик во Ријад, Саудиска Арабија. Меѓу оние кои ги дадоа своите прогнози за борбата е и легендарниот Мајк Тајсон. „Со нетрпение ја очекувам таа борба. Тоа ќе биде интересна борба во која предност му давам на Тајсон Фјури, бидејќи мислам дека тој лесно ќе го совлада Усик. Ќе го стигне и ќе го совлада. Морам да навивам за Фјури. Мислам дека тој е најдобриот боксер во светот, особено во тешка категорија Големите борци губат, големите борци изгледаат лошо, но тоа не ги спречува да бидат големи борци“,…
Македонската одбојкарска репрезентација в петок почнува со настапите во новото издание на Европската Златна Лига. Капитенот Никола Ѓоргиев како и секогаш оптимистички расположен, во разговор за Спортското радио 90.3 фм ги издвои своите очекувања од настапите во ова натпреварување. „Одигравме две средби со Романија. Првата беше одлична, но на втората поради некои повреди не успеавме да настапиме комплетни и загубивме. Од денеска почнува да се прави последната глазура на формата пред првите мечеви во Златната лига. Искрено се надевам дека ќе почнеме со добри резултати. Златната лига отсекогаш била предизвик. За мене лично и за сите момци. Преку ова натпреварување…
