Author: saso

Иднината на некогашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон во дресот на Ајакс е неизвесна. Како што пишуваат англиските медиуми, Хендерсон и уште една од скапите инвестиции на Ајакс, како Стивен Бергвајн се пред заминување од Амстердам поради очајната финансиска ситуација во клубот. Ајакс ќе мора да направи бројни финансиски отстапки ако сака со нормално салдо да ја почне новата сезона. Тоа значи дека Хендерсон ќе мора да си побара нов клуб, иако дојде во Амстердам во јануари и потпиша договор до јуни 2026 година. 33-годишниот англиски репрезентативец засега нема назнаки каде би можел да ја продолжи кариерата.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека има намера да го задржи играчот од средниот ред Квича Кварацхелија и покрај сериозниот интерес кој владее за него. Според новинарот Фабрицио Романо, Грузиецот има малку шанси да си замине од Неапол ова лето. И покрај интересот на Барселона, ПСЖ и голем број премиерлигашки клубови, раководството на „наполитанците“ очекува 23-годишниот Грузиец да остане во тимот. Наполи ќе му понуди на играчот нов договор под подобри услови и е подготвен да разговара за големината на неговата откупна клаузула.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Абердин, Бојан Миовски, е именуван во потесниот круг на четворица кандидати за наградата „најдобар фудбалер на годината“ која ја доделува Шкотската асоцијација на фудбалски новинари. 24-годишниот голгетер е во игра за престижната награда откако постигна 25 гола во сите натпреварувања оваа сезона. Покрај Миовски на листата кандидати се и Џек Батланд (Ренџерс), Мет О’Рајли (Селтик) и Лоренс Шенкланд (Хартс). Победникот ќе биде објавен пред годишната вечер на доделување на наградите во недела, 19 мај.

Read More
NBA

Кошаркарите на Далас и Кливленд изедначија на 1:1 во вториот круг од плеј-офот во НБА лигата. Маверикс синоќа славеа против Оклахома во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата со 119:110 и дојдоа до првата победа. До победа, Далас беше предводен од Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скока и седум асистенции и Пи Џеј Вашингтон со 29 поени, 11 скока и четири асистенции. Тим Хардавеј додаде 17 поени, а Даниел Гафорд 13 поени и седум скока. Кајри Ирвинг немаше своја вечер, па мечот го заврши со само 9 поени. Во тимот на Оклахома, кој го претрпе првиот…

Read More

Според кошаркарскиот инсајдер Андреа Калцони, македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезона ќе го носи дресот на Олимпија Милано. Најдобриот македонски кошаркар стана мета на многумина клубови во Европа, но одлучил својата кариера да ја продолжи во дресот на италијанскиот гигант со кого неофицијално, според Калцони, потпишал двегодишен договор. Италијанскиот клуб ќе прави реконструкција на тимот, а Димитријевиќ ќе ја има улога на прв плејмејкер. Тој ќе биде второ засилување на италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо.

Read More

Хулен Лопетеги ќе биде новиот менаџер на Вест Хем, објави Фабрицио Романо. 57-годишниот шпански стручњак од новата сезона ќе го замени Дејвид Мојс. Лопетеги постигнал начелен договор со раководството на „чеканите“. Тој ја прифатил понудата на лондончани, а останува да се прецизираат ситни детали, по што ќе биде потпишан договорот меѓу двете страни. Шпанецот неодамна беше на чело на Вулверхемптон, а претходно беше на чело на Порто, Реал Мадрид, Севиља и репрезентацијата на Шпанија.

Read More

Македонската ракометна репрезентација од вчера комплетна ги продолжи подготовките за двомечот со селекцијата на Фарските Острови во баражот за пласман на СП 2025 година. Во составот на селекторот Кире Лазаров од синоќа се приклучија и последните двајца интернационалци, голманот Никола Митревски и бекот Филип Талески. Нашата ракометна селекција уште денеска во Скопје продолжува со подготовка за првиот меч, а веќе утре заминува за Фарските Острови каде в среда од 20 часот ќе го одиграме првиот меч од баражите.

Read More

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис доцна синоќа ја оствари првата победа во Формула 1, откако беше најбрз на трката за Големата награда на Мајами. Норис ја оствари својата прва победа во Формула 1 на 110. трка. Второто место го зазеде возачот на Ред Бул и светски првак, Макс Верстапен, а трет заврши Шарл Леклер од Ферари. По шест трки, во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101 и Леклер со 98. Верстапен стартуваше од пол- позицијата и едвај го избегна Перез, кој се обиде да се пробие пред него уште во првиот свиок. Леклер не се…

Read More
NBA

Кошаркарите на Кливленд синоќа ја добија „мајсторката“ со Орландо во првиот круг од плеј-офот во НБА лигата и обезбедија пласман во полуфиналето на Истокот. Кавалирс тоа го направија со историски пресврт откако имаа негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од серијата со Меџик. Кливленд губеше со 49:31 во финишот на вториот период, но успеа да ја надмине негативата и на крајот да го добие натпреварот со резултат 106:94. Кавалирс со ова го направија најголемиот кам-бек во „мајсторка“ од плеј-офот од 1997 година, па досега. Исто така, Кливленд се пласираше во второто коло од плеј-офот за првпат…

Read More

Ако летово и официјално си замине од Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг би можел да седне на кормилото на Баерн. Според новинарот Флоријан Плетенберг, во последните недели се воделе преговори меѓу Баерн и претставниците на Тен Хаг. Холанѓанецот би сакал да го одработи договорот со Јунатед до 2025 година, но управата на „ѓаволите“ сака да направи промена. Тен Хаг стана главен тренер на Манчестер Јунајтед во летото 2022 година, доаѓајќи од холандски Ајакс.

Read More