Според кошаркарскиот инсајдер Андреа Калцони, македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезона ќе го носи дресот на Олимпија Милано. Најдобриот македонски кошаркар стана мета на многумина клубови во Европа, но одлучил својата кариера да ја продолжи во дресот на италијанскиот гигант со кого неофицијално, според Калцони, потпишал двегодишен договор.
Италијанскиот клуб ќе прави реконструкција на тимот, а Димитријевиќ ќе ја има улога на прв плејмејкер. Тој ќе биде второ засилување на италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо.