Пилотот на Мекларен, Ландо Норис доцна синоќа ја оствари првата победа во Формула 1, откако беше најбрз на трката за Големата награда на Мајами.
Норис ја оствари својата прва победа во Формула 1 на 110. трка.
Второто место го зазеде возачот на Ред Бул и светски првак, Макс Верстапен, а трет заврши Шарл Леклер од Ферари.
По шест трки, во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101 и Леклер со 98.
Верстапен стартуваше од пол- позицијата и едвај го избегна Перез, кој се обиде да се пробие пред него уште во првиот свиок. Леклер не се снајде најдобро во таа гужва, но сепак го задржа второто место. Клучен беше 29-тиот круг кога се појави безбедносното возило откако Магнусен и Сарџент се судрија. Перез веднаш тргна да менува гуми, по што го следеше и Норис, кој прв се врати на патеката, пред Верстапен, Леклерк и Пјастри.
Следната трка во шампионатот се вози на 19 мај во Имола.