Author: saso

Во среда од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија. Од Фудбалската федерација на Македонија денеска соопштија дека влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во Street Café, додека поддржувачите на Воска, билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. Вис Пој. На денот на натпреварот, билети може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“. За првпат на…

Read More

Бараж мечот за опстанок и промоција во ПМФЛ меѓу Вардар и Детонит Јуниор ќе се одигра во Струмица и тоа во недела со почеток во 17 часот. Во опција беа и Штип и Битола, но сепак надлежните во Фудбалската федерација на Македонија одлучиле овој меч да се игра во Струмица на стадионот “Благој Истатов“. Познато е дека победникот од дуелот меѓу Вардар и Детонит следната сезона ќе игра во ПМФЛ и ќе им се придружи на Беса и Пелистер кои дојдоа од второлигашката конкуренција. Денеска со ждрепка беа извлечени и двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ. Прилепска Победа во…

Read More

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, втора сезона по ред настапува во натпреварувањето Порше Суперкуп, кое има највисок глобален ранг, бидејќи во него настапуваат најдобрите од големиот број серии кои се возат низ светот. Традиционално, трките од Порше Суперкуп се возат пред оние од Формула 1, па така за време на Ф1 викендот во Имола, Вуков продолжи онаму каде што требаше да започне минатата сезона, но трката беше откажана поради поплавите во покраината Емилија Ромања. Во квалификациите, Рико го извозе своето најдобро време од 1:43.641, при што обележје на сесијата беше дека само првите четири возачи се издвоија со со…

Read More

Ракометарите на Алкалоид вчера направија големо изненадување освојувајќи го пехарот во Купот на Македонија. Младиот макеоднски тим предводен од селекторот Лазаров по подобро изведување пенали успеа да го совлада супер-фаворитот Еурофарм Пелистер и да се закити со вредно признание. „Сакам да им честитам на Е. Пелистер за фер и коректниот меч. Победивме една екстра квалитетна екипа со екстра добри поединци“, изјави Лазаров по мечот. „Посебно сум горд на моите играчи, и за денес и против Вардар. Пред мечот реков дека сме аутсајдери, но ја чувствував екипата дека оди во нагорна линија, имаме самодоверба, ние сме екипа која во секој момент…

Read More

Откако стана јасно дека по завршувањето на сезоната во Премиер лигата, тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, си заминува од тимот, италијанскиот стратег проговори за неговата следна дестинација. „Ниту еден тим досега не ми понудил нешто конкретно. Засега – ништо. Се надевам дека повторно ќе работам во Премиер лигата. Не знам во кој клуб и кога ќе се случи тоа, но ми беше чест и гордост да работам во Премиер лигата и затоа би сакал да останам тука“, изјави Де Зерби за Би-Би-Си. Италијанскиот стручњак беше поврзуван со Баерн или Милан.

Read More

Германецот Александар Зверев е победник на Мастерсот во Рим. Шампионот од 2017 година и моментно светски рекет број 3, во финалето го победи Николас Жари од Чиле со 6:4, 7:5. За Зверев ова е шести трофеј во кариерата на турнирите од серијата Мастерс 1000. Тој ја освои својата прва титула на Мастерсот во Рим во 2017 година и се враќа во врвна форма откако се опорави од тешката повреда на зглобот што ја доживеа во 2022 година.

Read More
NBA

Утринава во седмиот решавачки натпревар од полуфиналето на Западот, Минестота го совладаа актуелниот шампион Денвер со 98:90 и ја доби „мајсторката“ на гостински терен за пласман во конференциското финале. Денвер водеше со 20 поени на стартот на третиот период, но Минесота успеа да стигне до анулирање на негативата и во завршниот период до посакуваниот триумф. До големата победа Минесота беше предводена од Карл Ентони Таунс со 23 поени и 12 скока и Џејден МекДаниелс со 23 поени и шест скока, а ги следеа Ентони Едвардс со 16, Руди Гобер со 13 и Наз Рид со 11 поени. Најдобри во тимот…

Read More

Македонскиот пливач и маратонец Евгениј Поп Ацев, од вчера е дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонското пливање (ИМСХОФ) како почесен пливач во класата 2024 година. „Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел…

Read More

Ракометарите на Алкалоид се вториот финалист во Купот на Македонија откако денеска во второто полуфинале успеаја да го совладаат градскиот ривал Вардар со 25:24. „Црвено-црните“ влегоа како фаворити на овој меч, но начинот на кој го одиграа, практично гистави во подредена улога цел меч. Алкалоид на селекторот Лазаров беше пдообро тактички подготвен и ги искористи сите пропусти на противникот за да дојде до предност уште во првиот дел. Вардар се приближуваше постојано, на крајот имаше и пенал за израмнување и продолженија, но Срдановиќ не успеа да погоди, а голманот Галевски стана херој на Алкалоид. Галевски со три одбранети пенали беше…

Read More

Ракометарките на Чаир ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако денеска во второто полуфинале славеа над Вардар со 32:28. За „чаирчанки“ ова ќе биде историско финале, по одличната партија со Вардар и натпревар во кој ја имаа контролата на резултатот од почеток до крај на мечот. Чаир на полувреме замина со предност од само еден гол (14:13), иако во текот на првите 30 минути имаше константна предност од неколку гола. Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел во кој Чаир успеа до средината да се одлепи на 4-5 гола разлика и до крајот да ја задржи…

Read More