Author: saso

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, 19:00 часот) во Ријека и против Чешка (10. јуни, 18:00 часот) во Храдец Кралове. На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 27 фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија; СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија,…

Read More

Оптимисти, но и внимателни. Вака фудбалерите на Тиквеш и Воска Спорт ќе влезат во вечерашното финале на Купот на Македонија во Скопје. Двата тима кои историски за првпат ќе бидат во ситуација да се борат за некој трофеј, вечерва ќе се обидат своите желби да ги претворат во реалност. „Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот“, истакна тренерот на Тиквеш Ѓорѓи Мојсов на заедничка прес-конференција пред денешниот дуел. Шефот на стручниот штаб на Воска Спорт, Срѓан Захариевски искажа пофални зборови за противникот, но изрази надеж…

Read More

Можеби многумина очекуваа вечерва да го видиме големото збогување за Јирген Клоп од клупата на Ливерпул со финале во Лигата на Европа, но Аталанта или Леверкузен се тимовите кои ќе се борат за да бидат крунисани со трофејот во Лигата на Европа вечерва во главниот град на Ирска. Баер Леверкузен, штотуку крунисаниот германски шампион кој ја помина сезоната во Бундеслигата без пораз ќе ја има улогата на благ фаворит на вечерашното финале. Клубот од Рурската област може да го освои и Купот на Германија во сабота, но вечерва во мислите го имаат само овој европски трофеј кој треба да ја…

Read More
NBA

Кошаркарите на Бостон по продолжение го победија тимот на Индијана со 133:128 и поведоа со 1:0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Индијана беше блиску до победа и брејк, но Бостон успеа да се врати во самиот финиш од мечот и да добие продолженија со тројката на Џејлен Браун на шест секунди пред крајот (117:117). Во продолжението Бостон подобро се снајде, а на крајот го одбрани домашниот терен. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до победата со 36 поени, од кои десет постигна во продолжението, Џру Холидеј додаде 28 поени, а Џејлен Браун постигна 26 поени. Кај Индијана најдобар…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, кој штотуку се врати од суспензија, најверојатно ќе се најде на списокот на селекторот на Италија, Лучано Спалети, меѓу потенцијалните патници на Евро 2024. Се уште не е познато дали тоа навистина ќе се случи или не, но според она што го објави „Скај Спорт Италија“ неговото име треба да се најде на списокот на повикани играчи за натпреварувањето. Според најавата, Спалети ќе го објави списокот во четврток и на него ќе има околу 30 имиња кои ќе ги почнат подготовките за настапот на Европското првенство.

Read More

Откако синоќа, малку и изненадувачки, доби отказ од тренерското место во Челзи, Маурисио Покетино можно е многу брзо да добие нова работа во Премеир лигата. Весникот „Сан“ денеска пишува дека 52-годишниот стратег е во листата на кандидати за функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед. Според извештајот, Аргентинецот нема да паузира многу долго по заминувањето од Лондон, затоа што Манчестер Ј. сигурно ќе преговара со него за менаџерската позиција на „Олд Трафорд“. Сопственик Сер Џим Ретклиф се уште нема одлучено дали ќе направи промена на тренерското место, но „Мирор“ пишува дека поранешните шефови на Јунајтед, Ричард Арнолд и Џон Муртоу, разговарале со…

Read More

Ред Бул и Серхио Перез не постигнаа договор за продолжување на соработката. Како што јави „Фокс Спортс“, Ред Бул е согласен да го задржи Серхио Перез и за сезоната 2025, но двете страни не успеале да се договорат за должината на соработката. Имено, шампионите му понудиле едногодишен договор на возачот, чиј договор истекува на крајот на 2024 година. Популарниот Чеко ја одбил понудата барајќи двегодишен договор за сезоните 2025 и 2026 година, но наводно, Ред Бул веднаш ја одбил идејата. Останува нејасно дали ќе има нова рунда на преговори во иднина.

Read More
NBA

Најдобриот кошаркар на Њујорк Никс, Џејлен Брансон планира да го продолжи договорот со Никс ова лето. Од актуелниот договор со Њујорк остануваат уште две години, но Брансон е решен да ја искористи можноста да го продолжи за нови две. Интересно, годинава Брансон заврши на петтото место во гласањето за МВП на сезоната. Тој има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот од 156 милиони долари ова лето. Но, ако почека до 2025 година и ја одбие опцијата за продолжување, може да потпише нов 5-годишен договор вреден 270 милиони. Според новинарот Стив Попер, Брансон нема да чека и уште ова лето…

Read More

Екипата на Кино Влае во баскет 3×3 учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица и го освои второто место и сребреното одличје. Во финалето нашите „баскетџии“ загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Хил Топ. Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа, кој го замени Марко Дујковиќ, кој се уште се нема приклучено на подготвките по добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар. Ова го означува почетокот на подготовките на екипата Кино Влае, која на лето ја очекуваат турнири на домашната сцена,…

Read More

Александар Божилов од триатлон клубот „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од клубот за екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија се победници на 4. Stopanska Triogy Triathlon трка која што се одржа во Скопје изминатиов викенд. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, Србија, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.

Read More