По осмипат во клупската историја ракометарите на Еурофарм Пелистер се шампиони на Македонија. Денеска во последното коло од плеј-офот во Суперлигата, битолчани пред своја публика славеа со 32:28 против Алкалоид и сами си го решија прашањето за титулата. На „зелено-белите“ им беше потребна победа за да го задржат првото место на табелата и не дозволија Алкалоид уште еднаш да ги изненади, како во финалето на Купот во Скопје. Вардар, пак, на дуелот со Бутел славеше со 31:25, но без разлика на победата на крајот мораше да се задоволи само со второто место на табелата. Денеска се одиграа и плеј-аут дуелите…
Author: saso
Младата фудбалска репрезентација на Македонија обезбеди победа на првиот од двата планирани контролни мечеви овој јуни. Денеска во градот Радом во Полска, избраниците на Драги Канатларовски со 2:1 славеа над силната домашна селекција. Првиот гол за Македонија го постигна Марио Илиевски во 44. минута. Македонија ја задржа минималната предност на паузата и на полувреме замина со водство (0-1). На стартот на вториот дел донесе нова кардинална грешка во одбраната на Полска, која овој пат Лука Станковски ја претвори во водство и од 2:0. Полјаците со погодок во 84. минута преку Карол Борис успеаја да намалат на 2:1. За нашите момци…
Кристијано Роналдо и следната сезона ќе остане да игра во Ал Наср. Ова го откри директорот на арапскиот клуб Гвидо Фиенга. Неодамна се појавија шпекулации дека Роналдо е пред враќање во Европа, а дури имаше информации дека Алонсо сака да го доведе фудбалерот во Баер (Леверкузен).
Челзи повторно најави дека ќе го продаде Ромелу Лукаку ова лето. Белгискиот интернационалец минатата сезона играше за Рома како позајмен, а претходно за Интер и Челзи кои ги имаа и неговите права. Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од „Стемфорд Бриџ“ бара 45 милиони евра за Белгиецот, сума која не е толку голема со оглед на тоа што Челзи сака да го ангажира Виктор Осимен, кој чини трипати повеќе.
Фирмата „777 Партнерс“, со седиште во Мајами, не успеа да го затвори договорот за купување на англискиот Евертон. Иако во септември минатата година, компанијата постигна договор со мнозинскиот акционер Фарад Мошири, од клубот соопштија дека понудата е раскината бидејќи не била комплетирана пред истекот на рокот. „Договорот меѓу 777 Partners и Blue Heaven Holdings Limited за продажба на мнозинскиот удел во клубот истече. Клубот ќе продолжи да работи нормално додека работи со Blue Heaven за да ги разгледа сите опции за идната сопственост на клубот“, објавија „карамелите“.
Вечерва ќе биде познат освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24. Во финалето на „Вембли“ во Лондон, ќе се соочат Борусија (Дортмунд) и фаворитот Реал Мадрид. Борусија (Дортмунд) има еден трофеј од ЛШ и тоа од сезоната 1996/97. Од друга страна, Реал Мадрид дури 14 пати го освојуваше трфејот од своите 17 финалиња низ историјата на турнирот. Така денеска „кралскиот клуб“ ќе го брка својот 15-ти трофеј во ова натпреварување и доколку го освои ќе го подобри сопствениот рекорд. Од 2012 година, двата тима имаат дури 10 меѓусебни дуели во Лигата на шампионите. Реал Мадрид има блага…
Македонската атлетика ќе има двајца репрезентативци на Европското првенство во Италија кое ќе се реализира од 7 до 12 јуни. Откако Дарио Ивановски претходно си обезбеди норма за учество во полумаратонот, денеска и Андреас Трајковски, е ставен на списокот за скок во далечина. Тој се најде на 25-то место на ранг листата – „Road to Rome”. Андреас ќе настапи во квалификациите на 7 јуни а финалето е закажано за осми. Ивановски ќе трча на полумаратонската трка на 9 јуни.
Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи доби благодарница од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за досегашната успешна соработка меѓу двете институции.Благодарницата ја прими директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. – „Во име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да изразам благодарност до вработените во Бирото за јавна безбедност и директорот Сашо Тасевски за успешната соработка и високото ниво на професионалност во извршување на своите обврски при организација на фудбалските натпревари. Фудбалската федерација на Македонија има партнерски однос со БЈБ во однос на поддршката за успешна организација на натпреварите, пред, за време и по завршување на мечевите.…
Саудискиот шампион Ал Хилал го награди својот тренер Хорхе Жесус по освојувањето на титулата. Португалскиот стратег потпиша продолжување на договорот со клубот. Тоа беше потврдено денеска со објава и на социјалните мрежи. Во соопштението се наведува дека двете страни потпишале продолжување на соработката за уште една година. 69-годишниот Жесус дојде во Ал Хилал во летото 2023 година и досега на саудискиот гигант му ги обезбеди пехарите во првенството и Суперкупот на Саудиска Арабија.
Резервниот голман на Ливерпул, Квивин Келехер, најверојатно ќе го напушти клубот на лето. Тој самиот го навести ова во едно интервју. Ирецот веќе долги години е резерва на Алисон Бекер и верува дека е дојдено време да го направи следниот чекор во кариерата. Келехер минатата сезона имаше голем број настапи за првиот тим за „црвените“ поради отсуството на повредениот Бекер. Ирецот импресионираше со своите игри и изрази надеж дека може да биде прв избор на голот на друг клуб. Засеган нема информации за први понуди за него.
