По денешниот пораз од Чешка на пријателскиот меч во Храдец Кралове, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски имаше свој коментар за случувањата на теренот. „Честитки за моите момци, особено за одиграното второ полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувреме. Вториот дел жалам што не почнавме да играме малку порано, некако ни недостасува таа самодоверба во игра со топка во нога. И честитам на Чешка и и посакувам успех на претстојното ЕП. Реков и пред мечот дека не чека еден сосема поразличен противник од Хрватска. Нивната игра е на база на сила. Во поголемиот дел задоволен сум како париравме,…
Author: saso
Со два гола од пенал, фудбалската репрезентација на Чешка славеше во пријателскиот меч во Храдец Кралове против нашата фудбалска селекција со 2:1. Чесите беа подобри во сите 90. минути, но останува впечатокот дека двата гола беа од соминително досудени пенали. Патрик Шик погоди од белата точка во 60. минута за водство од 1:0, а само пет минути подоцна Алими успеа да израмни на 1:1, откако собра еден отпадок по ударот на Трајковски во дирекот од голот на Чешка. Одлуката падна во 97. минута со уште еден спорен пенал за домашните, кој Барак го претвори во гол за конечни 2:1.
Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер денеска објави дека по одличната прва сезона и освоената шампионска титула, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката. Десното крило одлично се снајде во Битола по трансферот од ПИК Сегед. 31-годишниот Радивојевиќ, како што објавија од клубот, ја продолжи соработката со шампионот за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.
Ракометниот клуб Вардар денеска објави ново засилување за следната сезона. Станува збор за репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели (27) кој игра на позицијата десен бек. Тој потпиша едногодишен договор. Маргели настапи за репрезентацијата на Тунис на квалификацискиот турнир за Олимписките игри и беше дел од ростерот на натпреварите против Унгарија, Португалија и Норвешка. Претходно има настапувано и на СП 2021 година и во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио. Десниот бек (193/95) и ја заврши сезоната во Тунис со титула дресот на Есперанца. „Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим…
Легендата на Реал (М), Лука Модриќ го продолжил договорот со клубот, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според информацијата објавена утринава, страните го потпишале договорот синоќа и истиот е во период од една година, заклучно со 30 јуни 2025 година. Во последната сезона во Ла Лига, Хрватот одигра 32 натпревари на кои постигна 2 гола и имаше 6 асистенции. 38-годишниот Модриќ долго време беше во преговори да добие уште една година во тимот, што на крајот и успеа.
Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино е една од приоритетните трансфер цели на Барселона ова лето. Според каталонскиот весник Спорт, 27-годишниот играч е назначен како идеална опција за засилување на средниот ред во новиот тим предводен од Ханси Флик. Договорот на Мерино со Реал Сосиедад истекува за една година, а во моментов тој се уште не може да се договори со раководството на баскискиот клуб околу неговото продолжување. Тоа значи дека може да влезе на пазарот со добра понуда. Во исто време, Барселона се надева дека наскоро ќе прецизен увид во финансиската состојба и буџетот што ќе…
Уругвај имаше одлична контрола против селекцијата на Мексико на која напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез постигна хет-трик. На крајот Уругвајците славеа со 4:0 на мечот кој се одигра во Денвер, САД. Нуњез го отвори резултатот во седмата минута, а крилниот напаѓач Факундо Пелистри во 26. Зголеми и на 2:0. Нуњес погоди по вторпат во 44. минута кога беше проигран од Максимилијано Араухо, а третиот гол го постигна на стартот на второто полувреме во 49. минута по додавање на Пелистри. Уругвај како и Мексико се подготвува за Копа Америка. Првиот меч за Уругвај е на 24 јуни против Панама. Мексиканците стартваат…
Хрватскиот фудбалски стратег Нико Ковач одржал првични преговори со клубот Шабаб Ал Ахли. Клубот од ОАЕ е заинтересиран да го донесе на кормилото хрватскиот стручњак, откако на крајот на сезоната се раздели со досегашниот тренер Марко Николиќ. На крајот од минатата сезона тимот го освои второто место во националниот шампионат. 52-годишниот Ковач беше отпуштен од Волфсбург во средината на март, откако клубот не успеа да победи на ниту еден од своите 10 натпревари во 2024 година.
Во очекување на вечерашниот прв меч од големото финале во НБА лигата, тренерот на Бостон, Џо Мазула рече дека во неговиот тим нема притисок пред стартот на серијата. „Треба само да обрнеме внимание на деталите кои се важни. Вистината е, ако не го поставите грбот, ако не се вратите во одбрана, ако не ја подавате топката во игра два на еден, ако не ги нарушите плановите на противникот, ако не знаеш од кого се браниш, ако не ја видиш разликата, ако не зборуваш, ако не дадеш се, нема да победиш. Треба да се фокусираме на наједноставните работи. А вистината е…
Ерменија и Грузија ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќин на Светското младинско првенство на ФИФА во 2029 година, објави Грузиската фудбалска федерација. Според изворот, претседателот на Грузиската фудбалска федерација Леван Кобијашвили истакнал дека земјата има огромно искуство да биде домаќин на вакви престижни настани. Последното Светско првенство за играчи до 20 години се одржа во 2023 година во Аргентина. Светското првенство во 2025 година ќе се одржи во Чиле. Земјата по вторпат ќе биде домаќин на овој турнир, откако првпат тоа се случи во 1987 година каде некогашна Југославија стана светски првак.
