Author: saso

Еузебио Ди Франческо го напушти Фросиноне. Иако се зборуваше дека тој ќе остане на кормилото и следната сезона, сепак, утрово самиот ја потврди информацијата. „Сакам да му се заблагодарам на директорот Анџелоци што ми ја даде оваа можност. Минатиот јули се избравме еден со друг, го избрав големиот професионалец, но пред се човек. Вистина е дека не ја постигнавме целта, но играчите не престанаа да ме следат, низ подеми и падови, со желба да стигнеме до неа. Веќе кажав што мислам за навивачите, но сакам уште еднаш да повторам колку нивната голема страст и поддршка го исполнија моето срце со…

Read More

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на ракометниот клуб Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал. Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија. Во репрезентацијата на Македонија играше на…

Read More

Централниот играч за врска на Јувентус и на италијанската репрезентација Николо Фаџоли ќе го пропушти првиот натпревар на Аѕурите на ЕП 2024 против Албанија. Според информациите од италијанскиот табор, 23-годишниот играч за врска нема да учествува на натпреварот со Албанците поради набиена фибула, повреда која ја заработи на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина. Фаџоли пропушти неколку тренинзи и во четвртокот се врати во составот на италијанската репрезентација, но почувствува непријатност и стручниот штаб реши да го одмори. Натпреварот меѓу Италија и Албанија ќе се одигра на 15 јуни во Дортмунд.

Read More

Левиот бек на репрезентацијата на Шкотска, Ендрју Робертсон пред денешниот дуел со Германија на отворањето на ЕП 2024, вели дека очекува тежок меч. „Не е тајна дека Германија ќе доминира со посед бидејќи го има најдобриот играч за врска во светот, Тони Крос. Но, кога ќе ја имаме топката, ќе мора да ја искористиме. Мора да бидеме мирни. Тешко се победуваат вакви противници, но ќе се обидеме да ги спречиме на секој начин. Ако го постигнеме ова, се надевам дека ќе биде доволно за добар резултат“, изјави Робертсон.

Read More

Играчот од средниот ред на германската репрезентација, Илкај Гундоан, не крие дека очекува старт со победа над Шкотска на ЕП 2024. „Нашиот тренер ни даде план кој треба да го следиме. Секој си ја знае работата и затоа можеме да го дадеме максимумот на теренот. Да се ​​биде дел од овој тим и да се прави земјата горда е неверојатна чест. Навистина се радувам на тоа. Треба да ја најдеме вистинската рамнотежа – ако можеме да го направиме тоа, ќе бидеме во добра позиција. Некаде прочитав дека Шкотска може да не изненади. На средината ќе биде напнато. Тие е искусен…

Read More

Вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен со натпреварот меѓу Германија и Шкотска започнува 17. Европско фудбалско првенство. Свеченото отворање на ЕВРО 2024 започнува во 19:45 часот, а воведниот натпревар меѓу домаќинот и селекцијата на Шкотска ќе старутва во 21 часот. На Европското првенство кое ќе трае до 14 јули ќе настапат 24 репрезентации, а титулата европски првак ја брани Италија. На десет локации ќе се одиграат вкупно 51 натпревар. Англиската фудбалска репрезентација во Германија пристигна со највреден тим од сите учесници на ЕП 2024 година. Англичаните имаат тим вреден скоро 1,5 милијарда евра, а „потешки“ од милијарда евра се и…

Read More

Српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) е ново засилување за РК Вардар во новата сезона. „Црвено-црните“ го договорија српскиот интернационалец кој во редовите на Вардар ќе остане најмалку една сезона. Овој 184 см. висок играч настапува на позицијата среден бек, а доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чургу. Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чургу (Унгарија) Српскиот ракометар треба да се појави на прозивката на клубот во јули кога ќе почнат подготовките за новата сезона.

Read More

Меѓународната фудбалска федерација (FIFPro) и нејзините членови поднесоа тужба против Меѓународната фудбалска федерација. Тужителите ја оспоруваат законитоста на одлуките на ФИФА за еднострано одредување на календарот на меѓународните натпревари, особено одлуката за создавање на Светското клупско првенство во 2025 година. ФИФПро, заедно со Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) и Националната унија на професионални фудбалери на Франција, се обратија до Стопанскиот суд во Брисел и побараа случајот да биде предаден на Европскиот суд. „Играчите и нивните синдикати постојано нагласуваат дека сегашниот фудбалски календар е пренатрупан. Сепак, ФИФА не успеа да се вклучи или да преговара конструктивно и еднострано продолжи…

Read More

Главната ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо вети дека ќе ги „почитува одлуките“ донесени од селекторот на Португалија Роберто Мартинез на ЕП 2024, опишувајќи го неговото присуство во Германија и можноста да ја претставува својата земја на 39-годишна возраст како „подарок“. Роналдо играше 207 пати за Португалија и постигна 130 гола со што ги држи и двата светски рекорди во репрезентативниот фудбал. „Најважно е што сум добро и физички и психички. Подготвен сум, секогаш се подготвувам на најдобар начин, 100% сум професионалец. Ќе бидам подготвен како и секогаш да и помогнам на нашата земја и ќе ги почитувам одлуките на…

Read More

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, го повика играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Џан, да го замени Александар Павловиќ од Баерн Минхен, кој ќе го пропушти Европското првенство. Германската фудбалска федерација во средата соопшти дека Павловиќ не можеше да му се приклучи на тимот поради повреда, па на негово место е повикан Џан. „Тој веднаш го изрази својот ентузијазам и подготвеност да се приклучи на тимот. Сакавме уште еден играч во тимот кој одигра многу натпревари и кој знае како да се справи со притисокот. Тој може да го исполни профилот што ни треба“, рече Нагелсман за Кан.

Read More