Англиските медиуми денеска објавија дека фудбалерот на Манчестер Сити, Џон Стоунс е под голем знак прашалник за настап на првиот меч на Англија на ЕП 2024 против Србија во недела. Стоунс го пропушти тренингот на Англија вчера, откако од националниот тим објавија дека тој е болен. Има загриженост дека станува збор за некаква повреда, но сепак станува збор за грип. Според англиските весници, Стоунс бил затворен во неговата соба и ефективно ставен во карантин, за да се спречи ширењето на болеста на остатокот од тимот.
Author: saso
Сплитски Хајдук поплднево објави дека легендарниот Џенаро Гатузо ќе го предводи тимот во новата сезона! Тој потпиша договор со сплиќани до летото 2026 година, а во Сплит ќе пристигне следната недела, на почетокот на подготовките на првиот тим, кога и официјално ќе биде претставен на Пољуд. Во својата играчка кариера Гатузо освои речиси се што можеше да се освои. Стана светски шампион со Италија во 2006 година, потоа беше освојувач на Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година, двоен освојувач на Серија А, УЕФА Суперкупот и Суперкупот на Италија, а еднаш го освои и Светското клупско првенство.…
Поранешниот тренер на Болоња, Тиаго Мота од вечерва и официјално е нов тренер на Јувентус. Како што објавија од „Старата Дама“, тој од денеска ја презема работата на клубот од Торино. „Многу сум среќен што ќе стекнам ново искуство во водење на таков голем клуб како Јувентус. Благодарен сум на управата која им верува на моите амбиции да ја зачувам гордоста на црно-белите бои и да ги израдувам навивачите“, изјави Мота. Тиаго Мота (41) во сезоната 2018/2019 го водеше тимот на ПСЖ до 19 години, а од октомври до декември 2019 година ја водеше италијанската Џенова. Во сезоната 2021/2022 беше…
Галатасарај тргнува по потписот на напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа. Не е тајна дека ова лето Интер ќе бара купувач за напаѓачот кој ќе биде одвишок во тимот за следната сезона. 29-годишниот аргентински напаѓач ја помина сезоната 2023/24 на позајмица во Олимпик Марсеј, каде што не покажа ништо забележлително. На 19 настапи за тимот од Лига 1 не успеа да постигне ниту еден гол. Марсеј нема намера да го купи Кореа, дозволувајќи му да се врати во Интер во наредните недели. Аргентинскиот напаѓач не е дел од проектот на Симоне Инзаги, но Галатасарај има интерес за него, па допрва треба…
Еден од најдобрите светски тренери, предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти верува дека зад одлуката на Јирген Клоп да си замине од Ливерпул стои „преголемиот товар“ да се биде елитен менаџер. Германецот го потврди своето заминување на почетокот на годината. Анчелоти го спореди неговото заминување со она на Ариго Саки, кој го напушти неизмерно успешниот тим на Милан во 90-тите со образложение дека едноставно му е премногу напорно. „Не гледам некоја посебна вест, ова отсекогаш била наша работа, но случајот со Клоп е значаен. Континуираниот притисок, товарот на одговорности стануваат прекумерни, а опсесијата те презема. Тоа се случи и со…
Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско посочи кого го смета за главен фаворит на претстојното ЕП 2024 година. „Франција е во одлична позиција, но и Португалија имаше фантастичен резултат во квалификациите. Шпанија, Англија и секако Германија на домашен терен веројатно ќе бидат главни фаворити“, смета Тедеско. Белгија, според Тедеско, ќе биде подготвена да изненади и тој очекува неговата репрезентација најпрво успешно да ја мине првата фаза од турнирот. Белгија се наоѓа во група со Романија, Словачка и Украина. На првиот меч на Евро 2024 Белгија ќе се сретне со Словачка на 17 јуни.
Војчех Шчесни, наводно, ги договорил личните услови за трансфер во Ал-Наср. Голманот на Јуве реши да направи промена во пресрет на новата сезона, особено откако Јувентус најави дека ќе донесе нов голман. За Јувентус примарна цел е Микеле ди Грегорио од Монца кој ќе се пресели во Торино со договор од 18 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси. Шчесни се надеваше дека ќе остане во Јувентус и ќе го задржи своето стартно место, но клубот има поинакви замисли. Поранешниот играч на Арсенал е во Старата дама од јули 2017 година.
Голманот на Њукасл, Мартин Дубравка летово ќе го напушти „Сент Џејмс Парк“. Со оглед на тоа што веќе има понуди, 35-годишниот чувар на мрежата на Њукасл, се чини брзо ќе најде нов клуб. „Дејли рекорд“ пишува дека со пензионирањето на Џо Харт, Селтик сака да го доведе Мартин Дубравка, а за него веќе се заинтересирани и голем број клубови од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Покрај со Дубравка, Њукасл летово ќе се раздели и со Лорис Кариус, третиот голман на тимот.
Кошаркарот на екс-шамионот во НБА лигата Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, му даде совет на словенечкиот ас Лука Дончиќ пред продолжението на финалната серија. „Лука Дончиќ треба да ги вклучи своите играчи многу повеќе во првото полувреме. Како играч на улоги, знам дека ако не направиш забивање во првата четвртина, ќе станеш малку напнат. На соиграчите на Дончиќ им треба опуштање, потоа се ќе оди полесно“, изјави Грин. Дончиќ постигна трипл-дабл во вториот натпревар од финалната серија со Бостон Селтикс со 32 поени, забележа 11 скока и 11 асистенции, но Бостон веќе води со 2-0 во финалната серија.
Селекторот на Англија Герет Саутгејт зборуваше за шансите на неговиот тим на ЕП 2024 во Германија. „Веќе пет или шест години покажуваме стабилна игра. Мислам дека во последните пет години бевме во првите пет во светот бидејќи постојано постигнувавме добри резултати. Сега имаме искуство од големи натпревари, што многу ни помага. Дополнително, нашите играчи стекнаа искуство за победување на клупско ниво, па ние сме еден од оние тимови кои искрено веруваат дека можат да победат секого. Многу често тимовите уверуваат дека ќе победат, но тоа не го поткрепуваат со ништо. Нашите зборови се потврдени со дела, бевме на еден чекор…
