Мануел Нојер го израмни рекордот на Џанлуиџи Буфон по бројот на одиграни натпревари на европските првенства. Репрезентацијата на Германија на мечот со Унгарија во второто коло на Евро 2024 година го имаше Нојер на голот, со што легендарниот чувар на мрежата на германската репрезентација веќе стигна до мечот бр. 17 за себе на континенталните првенства. Голманот на германската репрезентација го повтори постигнувањето на Италијанецот Џанлуиџи Буфон кој има исто толку настапу. На вечната листа, Роналдо е недопирлив со досега 26 меча на завршниците на ЕП.
Author: saso
Скандалозно однесување на репрезентативец на Албанија по вчерашното реми 2:2 против селекцијата на Хрватска. Имено, фудбалерот на руски Рубин Казан, Мирлинд Даку се „истакна“ со примитивен националистички испад, откако зема мегафон во раката и со групата албански навивачи на трибините скандираше со пцовки за Македонците и Србите. За ваквото навредливо скандирање Даку најмалку што може е да биде казнет од УЕФА. Казна за Албанија ќе има сигурно и поради навивачите кои во текот на мечот имаа националистички испади скандирајќи „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.
Германскиот бундеслигаш Лајпциг на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со тренерот Марко Розе. Новиот договор со 47-годишниот Германец е со важност до летото 2026 година, додека неговиот претходен договор беше до крајот на следната сезона. Розе е на кормилото на германскиот клуб од септември 2022 година. Под негово водство Лајпциг го освои германскиот куп и Суперкупот. Минатата сезона, Лајпциг го зазеде четвртото место во Бундес лигата, со што тимот доби билет за настап и во Лигата на шампионите.
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски ќе биде министер за спорт во новото министерство на Владата на Р. Македонија. По две децении, Македонија повторно ќе има Министерство за спорт, кое треба да го врати напредокот во спортот, кој сериозно влезе во криза во последните години. Новиот Премиер на Владата, Христијан Мицкоски ги соопшти предлозите за новите министерски места, а таму во Министерството за Спорт предлог е Борко Ристовски.
Пробата за свеченото отворање на Олимписките игри 2024 се одржува денеска во Париз на реката Сена. На истата треба да се појават дел од учесниците на дефилето со чамци кои ќе ги превезуваат делегациите на земјите учеснички, пишува „Л’Екип“. За првпат во историјата свеченото отворање на Олимпијадата ќе се одржи надвор од стадионот, на реката Сена, на 26 јули. На парадата ќе учествуваат 180 бродови од кои ќе се емитува светлосно шоу. Во 94 од нив ќе се сместат 10,5 илјади спортисти кои ќе учествуваат на натпреварите. Првите пробни тестови се одржаа минатата година. Креативниот директор на Олимпијадата во Париз,…
Во пресрет на натпреварот со Австрија вечерва, селекторот на Франција, Дидие Дешамп зборуваше за состојбата на неговиот тим. „Дали можам да бидам првиот што ќе ги освои светските и европските првенства како играч и тренер? За мене тоа воопшто не е мотивација. Не дојдов на овој свет за да бркам рекорди и да станам единствен. Ова е тим кој ја претставува цела Франција. А, најголемата заслуга за севкупниот успех секогаш имаат играчите, бидејќи тие се оние на теренот и играат на теренот, а не јас. Сè уште ја имам истата желба, истата страст и истата одлучност за победа како порано.…
Во последните денови репрезентацијата на Белгија имаше сериозен проблем со дефанзивната линија. Селекторот Тедеско беше трка со времето за опоравување на дефанзивците Јан Вертонген и Артур Теате. Двајцата не беа фит, а Тедеско се соочи и со повреди на Аксел Витсел и Томас Мение. За среќа, Вертонген и Теате се подготвени за првиот натпревар на ЕП. „Тие учествуваа на последните три тренинзи со тимот. Затоа ќе бидат повторно во составот. По натпреварот против Романија, Мение исто така повторно ќе се приклучи на тренинзите и ќе го имаме за следните два меча“, вели Тедеско. Што се однесува до повредата на Витсел,…
Англискиот играч од средниот ред Џуд Белингем стана вториот играч во историјата на националниот тим кој постигнал гол на Светско и Европско првенство пред да наполни 21 година. Фудбалерот на возраст од 20 години и 353 дена вчера постигна гол на натпреварот од 1. коло од групната рунда на ЕП 2024 против Србија. Британецот пред две години на Светското првенство во Катар исто така успеа да постигне и гол. Првиот што постигна гол за Англија на двата големи турнири пред да наполни 21 година беше Мајкл Овен (20 години и 189 дена).
Наполи објави дека грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија не е на продажба. „Во врска со изјавите на агентот на Кварацхелија, Мамука Џугели и таткото на Квича, Бадри, Наполи потсетува дека договорот на играчот со клубот трае уште три години. Кварацхелија не се продава. Иднината на играч со договор со Наполи не ја одредуваат агентите или татковците, туку клубот. Крај на приказната“, се вели во соопштението на клубот. Деновиве се почесто се споменува заминувањето на Грузиецот од Неапол, особено по разговорите кои неговиот агент веќе ги имал со неколку европски гиганти.
Македонската таеквондистка, Милијана Рељиќ стана европска клупска шампионка, откако дојде до златниот медал на европското клупско првенство во Тирана, Албанија. Рељиќ до златниот медал дојде со 4 победи и повторна без загубена рунда. Во првото коло, Мила беше слободна, во второ коло беше подобра од италијанката Грета Тарвара. Во борбата за медал Мила беше подобра од Полската натпреварувачка Татјана Томчак исто со 2:0 во рунди, иако во втората рунда при водство на противничката од 3:10 Мила направи фуриозна рунда и на крај со резултат од 11:11 беше прогласена за победник поради 5 казнени поени на противничката. Во полуфиналето Мила славеше…
