Пробата за свеченото отворање на Олимписките игри 2024 се одржува денеска во Париз на реката Сена. На истата треба да се појават дел од учесниците на дефилето со чамци кои ќе ги превезуваат делегациите на земјите учеснички, пишува „Л’Екип“.
За првпат во историјата свеченото отворање на Олимпијадата ќе се одржи надвор од стадионот, на реката Сена, на 26 јули. На парадата ќе учествуваат 180 бродови од кои ќе се емитува светлосно шоу. Во 94 од нив ќе се сместат 10,5 илјади спортисти кои ќе учествуваат на натпреварите.
Првите пробни тестови се одржаа минатата година. Креативниот директор на Олимпијадата во Париз, Тиери Ребул, истакна дека од првите тестови пред речиси една година, организаторите сериозно „работеа на телекомуникацискиот систем на чамците“.