Македонскиот олимписки комитет денеска потврди дека со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија – 81 кг.) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024. Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во џудо. Претходно Катерина Николовска беше во Рио 2016, а Арбреша Реџепи настапи на Игрите во Токио.
Author: saso
Американскиот кошаркар Брони Џејмс беше избран со 55. пик на НБА драфтот од Лос Анџелес Лејкерс. Ова е сценариото што НБА го посакуваше за да ги спојат таткото и синот Џејмс во еден тим. Се разбира, oвие двајца не се кој било татко и син. Како што е познато, Леброн Џејмс е таткото на Брони, кој ќе влезе во историјата на спортот. Имено, татко и син за првпат ќе играат заедно во НБА лигата. Минатата сезона Брони играше на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде забележа просек од 4,8 поени и 2,8 скока во 25 натпревари. Многумина веруваат дека тој нема…
Централниот дефанзивец на Барселона, Роналд Араухо може да ја промени клупската средина ова лето. Се погласни се озборувањата дека за него сериозно е заинтересиран Манчестер Ј. 25-годишниот фудбалер наводно веќе ја има и првата понуда од „црвените ѓаволи“. Се зборува дека англискиот клуб е подготвен да ја удвои платата на играчот во случај на негов трансфер во тимот. Претходно имаше информации дека Уругваецот одбил да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, а самиот дефанзивец не сака да зборува за својата иднина додека трае Копа Америка.
Фудбалската репрезентација на Уругвај направи решавачки чекор кон директните елиминации во Копа Америка по фантастичната победа од 5:0 против селекцијата на Боливија. Со оваа победа, избраниците на Марсело Биелса се најдоа на врвот во групата Ц. Тоа речиси сигурно значи дека рекордерите на турнирот продолжуваат понатаму, бидејќи имаат три бода повеќе пред второ и третопласираните САД и Панама, а форматот на натпреварувањето ги фаворизира тимовите со подобра гол-разлика. Факундо Палистри, Дарвин Нуњес, Максимилијано Араухо, Федерико Валверде и Бентанкур беа стрелци за Уругвај. Панама направи изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД со 2:1. Балогун донесе водство за САД со удар од…
Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден денеска ќе се врати во Германија, откако отпатува за Велика Британија поради раѓањето на неговото дете. 24-годишниот фудбалер на Манчестер Сити пред два дена го напушти кампот на Англија поради, како што соопшти Фудбалската асоцијација на Англија, „итни семејни работи“. Фоден ги започна сите три натпревари што Англија ги одигра во групата Ц на Европското првенство. Англија во недела во Гелзенкирхен ќе игра против Словачка во осминафиналето на Европското првенство, а Фоден денеска треба да тренира со соиграчите.
Германскиот ветеран, Тони Крос, кој го игра последното Европско првенство во кариерата затоа што објави дека ќе се пензионира, е најдобриот играч за врска со најмногу прецизни додавања во групната фаза на Европското првенство 2024 година. 34-годишниот Германец има 326 прецизни додавања во првата фаза на првенството. Второто место по овој показател го зазема италијанскиот играч од средниот ред Николо Барела со 221 асистенција, додека Топ 3 листата со 219 успешни додавања ја заокружува Италијанецот Жоргињо.
Англискиот голман Џордан Пикфорд по единсесетти пат не дозволи да прими гол на голот на англиската репрезентација и со тоа постави нов рекорд. Репрезентацијата на Англија ремизираше со Словенија со резултат 0:0 со што Пикфорд стана рекордер на англиската репрезентација по бројот на последователни мечеви со „чиста мрежа“ на Светските и Европските првенства. Пикфорд го надмина Питер Шилтон, кој имаше 10 „чисти мрежи“ на големите турнири.
Македонската кошаркарска јуниорска селекција веќе десетина дена помина во подготовки за она што ја чека во текот на ова лето – настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 26. јули до 4. август ќе се одржи во Скопје. Период во кој селекторот Горан Андреевски одбра со кои 16. кошаркари ќе го продолжи патот кон реализација на планираните цели. „Мои очекувања, како селектор, за овој шампионат кој следува, се влез во финалните четири, односно борба за првите три места кои водат во ‘А’ дивизијата наредната година“ – вели самоуверено предводникот на нашиот јуниорски тим кој деновиве вредно се подготвува…
По денешните четири натпревари во групите Е и Ф, ќе ги дознаее комплетните патници во осминафиналната фаза на Европското првенство во Германија. Дуелите Словачка – Романија и Украина – Белгија се играат во терминот од 18 часот, а три часа подоцна, во истиот термин од 21:00 часот играат Чешка – Турција и Грузија – Португалија. Ќе биде особено интересно да се види исходот од натпреварот меѓу Словаците и Романците, бидејќи со денови се најавуваше дека натпреварот може да заврши нерешено, што дефинитивно ги води двете селекции во следната фаза. Исто така, во втората група ќе биде интересно да се види…
Милан ги обнови контактите со Челзи за Лукаку. Како што пишува „Газета дело Спорт“, Белгиецот би можел да биде вистинскиот избор за нова „деветка“ кај Росонерите, откако е на пат да пропадне можноста Милан да го добие Холанѓанецот Циркзи од Болоња По позајмицата во Рома минатата сезона, Лукаку ќе мора да се врати во англискиот клуб, но најверојатно нема да остане во тимот на новиот тренер Енцо Мареска. Бидејќи Милан се обидува да го донесе, засега само како позајмен играч, може да се очекуваат преговори во следниот период.
