Author: saso

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза најверојатно ќе си замине од Торино. Оваа вест ја објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според изворот, новиот тренер на Торино Тиаго Мота не го гледа крилниот напаѓач меѓу клучните играчи на својот проект. Јувентус планира да го продаде Киеза во летниот преоден рок, бидејќи неговиот договор истекува следната година. Јувентус планира ова лето да ги ангажира Копмајнерс од екипата на Аталанта, а ќе се обиде да издејствува и можност да го добие Џејдон Санчо, на позајмица или со траен договор.

Read More

Светскиот шампион Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка по драматичната победа на пенали над Еквадор. На пенали се стигна по ремито 1-1 во регуларното време кога Лисандро Мартинез со глава го отвори резултатот за „гаучосите“ непосредно пред полувремето, додека Кевин Родригез израмни за Еквадор во судиското надополнување. Лионел Меси го промаши првиот пенал погодувајќи ја гредата, но Аргентина се врати за да победи со 4-2 и да се пласира во полуфиналето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Венецуела и Канада.

Read More

Капитенот на словачката репрезентација, Милан Шкрињар зборуваше за поразот во мечот со Англија во 1/8-финалето на Европското првенство во Германија. „Тешко е да се најдат зборови, сите сме многу тажни. Бевме многу блиску до пласман во следната рунда. Ако продолжиме да играме за Словачка на овој начин, веројатно ќе имаме уште поубави времиња. Штета е што паднавме во последен момент. Веројатно бевме на 30 секунди до победа. Но, навистина сум горд на целиот тим. Ова беше неверојатна авантура и исто така би сакал да им се заблагодарам на навивачите“, изјави Шкрињар.

Read More

Најмладата ѕвезда на Евро 2024, Шпанецот Ламин Јамал го повтори достигнувањето на Зинедин Зидан од европскиот шампионат во 2004 година. 20 години по остварувањето на легендата на францускиот и светскиот фудбал, во синоќешното осминафинале меѓу Шпанија и Грузија (4:1), 16-годишниот крилен напаѓач на „фуријата“ упати седум шута кон противничкиот гол и имаше шест креирани шанси во завршница за својата репрезентација, од кои и една заврши со асистенција за гол. Јамал е само вториот играч во историјата на европските првенства од 1980 година со 5+ шутеви и 5+ додавања на меч по Зидан, кој го направи тоа во 2004 година.

Read More

Марк Геи ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар на Англија против селекцијата на Швајцарија поради жолти картони. Дефанзивецот на Кристал Палас доби жолт картон на почетокот на осминафиналето со Словачка што беше втор за него на тековното ЕП и ќе мора да одмора еден меч.

Read More
NBA

Литванскиот центар Јонас Валанчиунас веќе реши каде ќе ја продолжи кариерата, Според инсајдерот Адријан Војнаровски, тој ќе се пресели во клубот од главниот град. Валанчиунас ќе потпише договор со екипата на Вашингтон Визардс, според кој ќе заработи 30 милиони за 3 години. За неговите услуги беа заинтересирани и Лејкерси, особено леброн Џејмс, кој посакуваше да го види Валанчиунас во составот од Калифорнија. Валанчиунас последните години ги помина во Њу Орлеанс, а минатата сезона ја заврши со просек од 12,2 поени и 8,8 скока.

Read More

Мексико и Еквадор одиграа нерешено 0-0 во последниот натпревар од групата Б на Копа Америка. Ремито беше сосема доволно за Еквадор да мине во следната фаза на елиминации, додека Мексиканците се враќаат дома. Мексико беше подобар тим на средбата, но дури трипати не беше досуден пенал во нивна корист, еднаш и по асистенција од ВАР собата. Среќата им го сврте грбот и во 65. минута, кога шутот на Томас Хименез заврши во десната статива од голот на Еквадор. Венецуела ја забележа третата последователна победа во групната фаза на Копа Америка, откако ја победи Јамајка со 3-0 во последниот натпревар од…

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за ГН на Австрија на Ред Бул Ринг која се возеше денеска. Трката беше обележана со инцидент во 64-от круг во кој учествуваа шампионот Макс Верстапен и Ландо Норис од Мекларен, по што и двата болиди претрпеа оштетувања и возачите загубија каква било шанса за победа. Расел целта ја мина 1,9 секунди порано од второпласираниот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, додека подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор. Џорџ триумфираше по втор пат во својата кариера во Формула 1 – откако претходно славеше победа на Големата награда на Бразил во…

Read More

Олимпик Марсеј го назначи Роберто Де Зерби за главен тренер. Поранешниот менаџер на Брајтон потпиша тригодишен договор. Французите на почетокот на оваа недела открија дека е постигнат „начелен договор“ и тој сега е официјално објавен. Де Зерби ја напушти Премиер лигата на крајот од сезона 2023/2024 по успешни 20 месеци во клубот, бидејќи го квалификуваше Брајтон за групната фаза на Лига Европа за прв пат во нивната историја.

Read More

Искусниот напаѓач Антонио Каланоски e новото име во редовите на струмичка Брера. 30-годишниот фудбалер потпиша договор за следната натпреварувачка сезона, откако во последната сезона настапуваше за Силекс од кратово. Станува збор за фудбалер кој игра во нападот и зад себе има огромно искуство во повеќе македонски клубови. Каланоски во Силекс последната сезона одигра 31 натпревар и постигна девет погодоци. „Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб“, изјави Каланоски.

Read More