Новиот италијански прволигаш, Комо и натаму е активен на трансфер пазарот во обид да го засили тимот за тешката сезона која му претстои во италијанската елита. Најновата вест е дека првите луѓа на Комо сега работат на трансфер на Шпанецот Алберто Морено. Според Фабрицио Романо, италијанскиот клуб преговара со 32-годишниот поранешен дефанзивец на Ливерпул за потпис како слободен играч. Морено минатата сезона ја мина во Виљареал, по што го заврши договорот со „жолтата подморница“. Покрај тоа, Комо напредува во преговорите со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.
Author: saso
Анхел Ди Марија ќе остане во екипата на Бенфика уште една година. 36-годишниот играч за врска ќе потпише нов договор со португалскиот клуб, пренесуваат португалските медиуми. Претходниот договор на Ди Марија му истече на 30 јуни, но двете страни решија да ја продолжат соработката. Новиот договор официјално ќе биде потпишан по финалето на Копа Америка, во кое ќе учествува и репрезентацијата на Аргентина. Овој натпревар ќе биде последен за Ди Марија во националниот тим. Минатата сезона во португалскиот шампионат Анхел одигра 28 натпревари на кои постигна 9 голови и 10 асистенции.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот W75 Рим. Нејзината противничка Кристина Дину од Романија го предаде мечот при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет. Ова беше 7. меѓусебен дуел на овие две тенисери, а Ѓорческа сега има предност од 5:2 во добиени меча и притоа има серија од пет победи. Мечот траеше 48 минути, а Ѓорческа имаше целосна контрола при што успеа да спаси и шест брејк топки, а имаше и четири брејка од пет прилики. Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од…
Некогашниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски (34) се врати во својата Битола и стави потпис на договор со новиот прволигаш, Пелистер. Ивановски ќе биде големо засилување за тимот на Влатко Костов, пред се со своето искуство и квалитет. 34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во дресот на Пелистер и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна…
Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар денеска и официјално доби нов и силен спонзор. Клупското раководство потпиша договор со компанијата Новоматик Македонија во траење од една година. Со потпишаниот договор, Новоматик се обврза во следните 12 месеци да вложи еден милион евра во ФК Вардар. „Со финансиска програма од 1 милиони евра годишно Новоматик Македонија ќе го поткрепи Вардар во обидот да се врати на старите успешни патеки. Нашата амбиција не е да ја превземеме управата на клубот ќе имаме наш преставник. Вардар е симбол на најголемите македонски спортски успеси “, вели Марија Митреска, претставник на Новоматик. Задоволен од потпишаниот…
Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга ТЛ донесе уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона. Од вчера ново засилување за стружани е Ланре Кехинде, кој е еден од деветте нови фудбалери кои ќе играат за Струга во новата сезона. Нигериецот се сели крај езерото од екипата на Гостивар, каде настапуваше минатата сезона. Според информациите, тој со Струга ТЛ потпиша договор на една сезона. Минатата сезона во ПМФЛ, Кехинде постигна 12 гола и забележа пет асистенции во 23 натпревари. Стружани денеска заминуваат за Братислава каде утре ќе го одиграат првиот меч против Слован во првото квалификациско коло од…
Едно од највпечатливите имиња во шпанската фудбалска репрезентација, играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, во пресрет на денешното полуфинале на Евро 2024 самоуверено вели дека Шпанија е подготвена да ја освои титулата. „Не се плашиме. Тука сме да ја освоиме титулата. Занаеме што треба да направиме против каков противник и да играме. Имаме наша стратегија која функционира. Не знам што би требало да смениме, освен можеби да бидеме поконкретни во нападите. Франција е, ако не најдобра, тогаш една од двете најдобри репрезентации во светот. Тие ја докажаа својата класа во изминатите неколку години. Станува збор за многу физички силен…
И покрај некои шпекулации дека селекторот на Франција Дешамп вечерва полуфиналето со Шпанија би можел да го почне со искусниот Оливие Жиру, Дешамп најави дека Жиру по се изглед и денеска ќе почне од клупата за резерви. „Тој не играше во стартниот состав, но влегува од клупата. Не е помалку важен и ефикасен од другите. Неговото учество на натпреварот ќе зависи од ситуацијата. Не се работи за создавање шанси, туку за недоволна имплементација“, изјави Дешамп.
Селекторот на Холанија, Роналд Куман изјави дека се гледа себеси како селектор на „лалињата“ уште неколку години. Претходно по разочарувачкиот пораз од Австрија тој самиот отвори простор за заминување од кормилото по ова ЕП. „Сега за сега, како што изгледа ќе продолжам да бидам селектор. Мислам дека не можат повеќе да се ослободат од мене“, изјавил Куман, напоменувајќи дека планира да ја води Холандија и на Светското првенство во 2026 година. Медиумите нагласуваат и дека на Куман му одговара селекторската работа во која нема толку многу обврски како во клупскиот фудбал, пред се поради здравствената состојба на неговата сопруга Бартина,…
Иако не блескаа во досегашниот дел од европското првенство, Адријан Рабио и неговите соиграчи од француската репрезентација стигнаа до полуфиналето. Во пресрет на денешниот дуел со Шпанија, фудбалерот на Јувентус вели: „Ние сме во полуфинале. Тимскиот дух е важен и тимската победа е поважна од играта на поединци. Мбапе и Гризман можеби имаат тешки нозе, но ние сме 100% зад нив. Слепо веруваме во нив. Тоа се играчите кои во секој момент можат да го променат текот на натпреварот. Кога нашиот капитен Мбапе или Антоан имаат тежок период, нормално е, ние сме подготвени да ги поддржиме. Ќе играме како тим“,…
