Финалето меѓу Англија и Шпанија на Евро 2024 синоќа го следеле околу 24 милиони гледачи во Англија. Оваа бројка на тв-гледачи е значително помала од оние 31 милион гледачи регистрирани на финалето Англија-Италија пред три години. Покриеноста и на Би-Би-Си и на ИТВ изнесуваше во просек околу 15 милиони во текот на неговото повеќечасовно траење, што беше погледан настан од победата на Англија во полуфиналето над Холандија. Според податоците преносот од вчерашното финале, сепак, стана најгледан настан во Британија оваа 2024 година.
Author: saso
Холанѓанката Фемке Бол, светска шампионка на 400 метри со пречки, истрча под 51 секунда на викенд митингот во Ла Шау-де-Фонд во Швајцарија, со што стана втората атлетичарка во историјата што постигнала таков резултат, 12 дена пред Олимписките игри во Париз. Фемке Бол (24) ја заврши трката на 400 метри со пречки за 50 секунди 95 стотинки и го собори сопствениот европски рекорд. Таа и се придружи на Американката Сидни Меклафлин-Леврон која истрча 50:65 секунди на јуниските олимписки квалификации во Орегон, САД.
Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт по поразот од Шпанија ќе биде под притисок да си замине од селекторското место. На прашањето околу неговата иднина на селекторската позиција, Саутгејт изјавил дека за тоа ќе се разговара подоцна. „Мислам дека сега не е вистинско време за ваква одлука. Треба да разговарам со вистинските луѓе. Сè уште не би зборувал за тоа“, изјави Саутгејт. Шпанија со 2:1 ја победи Англија во синоќешното финале во Берлин.
Светскиот шампион Аргентина ја освои Копа Америка по рекорден 16-ти пат. „Гаучосите“ во финалето по продолженијата ја совладаа Колумбија со 1-0. Стрелец на единствениот гол на стадионот Хард Рок во Мајами беше Лаутаро Мартинез во 112. минута. Мечот во регуларниот дел заврши без голови, а одлуката дојде во 112. минута. Леандро Паредес додаде до Џовани Ло Селсо, кој со еден допир го проигра Лаутаро Мартинез. Тој со мајсторски удар и донесе победа на Аргентина. Со овој триумф „гаучосите“ освоија три големи меѓународни турнири по ред. Од нив две титули дојдоа во Копа Америка и една на Светското првество во Катар…
Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското фудбалско првенство совладувајќи ја Англија во финалето со резултат 2:1. Победникот беше решен во второто полувре. Во 47. минута Шпанија поведе преку Нико Вилијамс, Англичаните се вратија во 73. минута преку Кол Палмер за 1:1, а одлуката падна во 86. минута по молскавична акција во три потези, која ја заврши Микел Ојарзабал со гол за 2:1. Шпанија сосема заслужено победи и ја освои четвртата титула европски првак. Црвената фурија претходно беше првак и во 1964, 2008 и 2012 година. Ова беше второ последователно финале на ЕП и втор пораз за Англичаните.
Македонскиот крилен напаѓач, Матеј Цветаноски (26) од денеска и официјално е нов играч на Железничар од Сараево. Како што потврдија од босанскиот клуб, Цветановски потпиша двегодишен договор. Последната полусезона Цветановски ја помина во Брера Струмица, откако претходно настапуваше и за Македонија, Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани. Во изминатата сезона одигра 25 натпревари за Брера, каде постигна четири гола и додаде четири асистенции.
Тиквеш ја извојува својата дебитантска победа во европските купови, со голем пресврт во второто полувреме на мечот со исландски Бреидаблик. Кавадарчани на крајот дојдоа до победа од 3:2 и со предност ќе патуваат на гостински терен по седум дена. По мечот, тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов ка потенцираше важноста на триумфот во овој дебитантски настап на Тиквеш во европските купови. „Јас на полувреме им реков на играчите дека ќе биде греота за сите нас ако не иизедначиме, барем на 2:2. Го имавме и оној психолошки момент кај некој играчи. Јас знам како можат да изиграат. Тиквеш може многу многу повеке…
Француски „Л’Екип“ објави дека крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман размислува да ја заврши својата репрезентативна кариера иако има само 28 години. Откако се избори по повредата на тетивата за да го заземе неговото место во тимот на Франција на ова ЕП, Коман веројатно разочаран од резултатот размислува за повлекување. Коман размислува за својата иднина во дресот на Франција, каде досега има 57 настапи. Еден фактор што би можел да влијае на неговата одлука е потврдата дека Дешам ќе ја води селекцијата до Светското првенство во 2026 година.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт е најплатениот тренер на Европското првенство во 2024 година. Неговата плата е 5,8 милиони евра годишно. Покрај него во ТОП 3 најплатени селектори се и оние на Германија и Португалија. Предводникот на Бундестимот, Јулијан Нагелсман има плата од 4,8 милиони, додека Роберто Мартинез на клупата на Португалија работи за плата од 4 милиони евра одишно.
Офанзивниот играч за врска на репрезентацијата на Англија, Кол Палмер за претстојното финале на ЕП 2024 со Шпанија кое ќе се одигра на 14 јули вели дека мечот ќе ги промени животите на сите во репрезентацијата. „Очигледно ова е масовна игра која ќе ги промени нашите животи, животите на нашите семејства и ќе ги направи сите горди. Токму тоа ќе се обидеме да го направиме. Верувам дека ако стигнавме до финалето, мора да ја завршиме работата. Одлично е да се стигне до финалето. Мора да уживате во вакво нешто, бидејќи нема многу моменти за уживање. Сепак, сите се уште навистина…
