Агентите на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се во контакт со Барселона, Баерн и неколку клуба од Премиер лигата. Според инсајдерот Фабрицио Романо, на играчот од средниот ред на Лајпциг ќе му биде дозволено да замине во следните недели доколку во канцеларијата на германскиот клуб дојде понуда од најмалку 60 милиони евра. Оваа сума беше запишана во договорот на шпанскиот репрезентативец како обештетување, но сега престана да важи откупната клаузула. Агентите на Олмо биле во контакт со Барселона, Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата, кои се интересираат за негов ангажман.
Author: saso
Домагој Вида денеска и официјално се повлече од хрватската репрезентација. Хрватскиот фудбалски сојуз најави заминување на 35-годишниот дефанзивец од националниот тим. „Ќе ми недостига сè – натпреварите, победите, забавата, прославите, па дури и неуспесите, бидејќи преку нив учиш што вредиш. Но, знам дека дојде време за младите – меѓу нив има и такви кои ќе го водат тимот до нови успеси. Со сето срце им посакувам да тргнат по стапките на нашата генерација, која постигна повеќе отколку што можев да сонувам во мај 2010 година. Колку и да беше тешко да се збогувам, заминувам со чувство на гордост и радост“,…
Играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг, кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, објавија неколку угледни француски медиуми. Според информациите, францускиот гигант постигнал договор со „мамузите“ да го доведе данскиот интернационалец на позајмица, а на крајот од сезоната ќе мора да ги откупи неговите права за 15 милиони евра. Играчот од средниот ред ќе потпише четиригодишен договор со екипата од „Велодром“. Марсеј сериозно беше во потера по искусен играч од средниот ред и се чини дека одлуката падна на Хојберг (28), кој не успеа да се избори за место во тимот на лондончани.
Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува каталонскиот весник СПОРТ. Барселона ќе се обиде да го врати 33-годишниот Французин во Европа. Каталонците беа импресионирани од настапот на играчот на Евро 2024 и сакаат да го обезбедат неговиот потпис ова лето. За Канте е заинтересиран и Вест Хем, но Ал-Итихад ја одби понудата на Англичаните. Францускиот репрезентативец се пресели во Ал-Итихад во 2023 година.
Ракометниот клуб Вардар денеска и официјално го потврди новото голманско засилување во името на Мигел Еспиња Фереира (30), кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување. Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата и ќе му биде колега на Васил Гогов, кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец. Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а…
Поранешниот американски пливач и светски рекордер Мајкл Фелпс е прогласен за најдобар спортист о дпочетокот на 21. век. ESPN состави листа на 100 најдобри спортисти од 2000 година, па досега. За време на гласањето, од експертите било побарано да ги изберат најдобрите спортисти во нивниот спорт од 1 јануари 2000 година (постигнувањата пред овој датум не беа земени предвид). Учесниците во анкетата во неколку круга го избраа подобриот од двајцата именувани кандидати. Како резултат на гласањето, беа составени списоци од 10-25 луѓе во секој спорт, кои беа вклучени во севкупните топ 100. Покрај Фелпс, во ТОП 5 листата на најдобри…
Јувентус успеа да го ангажира Хуан Кабал. Трансферот е потврден вечерва на официјална веб-страница на клубот. Иако Кабал беше на чекор до договор со Интер, „Старата дама“ успеа да го премисли и се договори со него за договор од 12 милиони евра, вклучувајќи бонуси кои ќе ги добие неговиот досегашен клуб, Верона. Се очекува Кабал да ги помине медицинските прегледи оваа недела. Пред само неколку часа, повеќе извори беа уверени дека „нероаѕурите“ имаат се под контрола, со понуда од 10 милиони евра плус бонуси и одлични лични услови договорени со Колумбиецот. Сепак, Јувентус попладнево влезе во игра и брзо постигна…
Фудбалерот на Манчестер Ј., Маркус Рашфорд остана без возачка дозвола. Судот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед му изрече забрана да вози во следните шест месеци поради пребрзо возење. Рашфорд, кој сведочеше преку видео врска, исто така беше казнет со 1.666 фунти. Оваа одлука е донесена по разгледувањето на инцидентот што се случи на 12 декември минатата година. Фудбалерот престигнал необележан полициски автомобил на автопат на полноќ. Полицаецот, кој возел BMW X5, бил принуден да забрза за да се обиде да го стигне автомобилот на Рашфорд.
Еден од најдобрите играчи на Евро 2024, Жорж Микaутадзе и официјално стана играч на Лион. Синоќа францускиот тим го потврди трансферот. Страните потпишаа четиригодишен договор. Договорот го чини клубот од Лион 18,5 милиони евра плус 4,5 милиони можни бонуси. Микаутадзе втората половина од минатата сезона ја мина во Мец, кој испадна од Лига 1. 23-годишниот напаѓач на европскиот шампионат со три гола се најде меѓу најдобрите стрелци на првенството.
Големата ѕвезда на светскиот тенис, Шпанецот Рафаел Надал одлучи да игра на овогодинешниот УС Опен. Специјализираниот тениски портал „Only Tennis“ ја објави веста која ги разбуди фановите на трофејниот Шпанец. Според нивните сознанија, Надал ќе го искористи заштитениот пласман за влез во главната ждрепка и ќе игра на последниот Грен слем во сезоната. Надал четирипати во кариерата триумфираше на УС Опен, а последната титула во Њујорк ја освои во 2019 година.
