Author: saso

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ вчера обезбеди победа од 2:1 на првиот меч со Пјуник од Ерменија во рамките на 2. квалификациско коло од Лигата на конференции. Во Охрид победата можеше да биде и поубедлива, но добрата игра на стружани го радува и тренерот Османи. „Постигнавме гол во вистински момент, но и овој пат по тој постигнат брз гол како да паднавме. Ја немавме таа течна игра како во првите 15 минути. Сепак, во второто полувреме беше многу подобро. Ја променивме играта, системот, а и промената на играчите даде резултат. По 2:1 имавме уште неколку шанси, но мислам дека и…

Read More

На 142-та сесија на ИОК во Париз, Француските Алпи беа избрани за домаќини на Зимските Олимписки и Параолимписки игри во 2030 година, а Солт Лејк Сити, Јута ќе биде домаќин на Зимските игри во 2034 година. Меѓу сите спортови кои беа разгледувани дали ќе останат дел од ЗОИ, карлингот е потврден како задолжителен дел од програмата и на двете зимски Олимпијади во 2030 и 2034 година. Бо Велинг, претседател на Светската карлинг федерација го изрази својот ентузијазам за вклучувањето на карлингот во програмата и на овие две Олимпијади. „Ние сме апсолутно воодушевени што карлингот продолжува да биде како основен спорт…

Read More
NBA

Актуелниот тренер на Њујорк Никс, Том Тибодо, потпиша нов договор со клубот, објави ЕСПН. Договорот е на три години и ќе го задржи 66-годишниот стратег во „Големото јаболко“ до летото 2028 година. Том Тибодо ги водеше Никс во последните четири сезони, а во три од нив тимот стигна до плејофот. Минатата сезона, њујорчани ја завршија регуларната сезона на Источната конференција на второто место зад шампионот Бостон Селтикс и беа елиминирани во конференциското полуфинале, во седум меча од Индијана Пејсерс.

Read More

Наполи активно преговара со Челзи за трансферот на Ромелу Лукаку. Откако претходно се дозна дека напаѓачот се договорил со наполитанците за 3-годишен договор со плата од 6 милиони евра годишно без бонуси, сега на ред е двата клуба да ги завршат формалностите околу обештетувањето. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Наполи е подготвен да плати 25 милиони евра и бонуси за Лукаку, додека Челзи за Белгиецот бара најмалку 35 милиони евра. Клубовите не се откажуваат од преговорите, што значи ќе се обидат да се најдат некаде на средина. Минатата сезона Лукаку одигра 32 натпревари во Серија А како позајмен во Рома.

Read More

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за доделување на парична награда за машката младинска ракометна репрезентација која учествуваше на ЕП за играчи до 20 години. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1 милион денари за машката младинска ракометна репрезентација за освојувањето на 9-тото место на евро-шампионатот во Словенија. Ракометарите под водство на селекторот Стојановиќ претрпеа само еден пораз на младинскиот шампионат.

Read More

Легендарниот фудбалски стратег Хавиер Агире по третпат седнува на клупата на мексиканската фудбалска репрезентација. Мексиканската фудбалска федерација официјално го објави назначувањето на 65-годишниот стратег за нов предводник на националниот тим. Тој го замени Хаиме Лозано кој го раскина договорот по лошиот настап на тимот на Копа Америка. Агире претходно двапати беше на клупата на мексиканската репрезентација. Тој го водеше тимот на Светските првенства во 2002 и 2010 година (двата пати Мексиканците стигнаа до 1/8 финалето). Во неговиот штаб сега е и поранешниот капитен на репрезентацијата Рафаел Маркез, кој го раскина договорот со Барселона, каде го водеше вториот тим и дојде…

Read More

Барселона соопшти дека Роналд Араухо бил успешно опериран по повредата на тетивата на десната нога. Оваа интервенција ја изврши д-р Ласе Лемпаинен, под надзор на медицинските служби на клубот, во Турку, Финска. Докторот Рикар Пруна, задолжен за медицинскиот персонал на Барса, го придружуваше репрезентативецот на Уругвај на неговото патување во Турку. Се очекува дефанзивецот да биде надвор од терените речиси четири месеци.

Read More

Лионел Меси и Луис Суарез поради повреди ќе го пропуштат Ол-стар натпреварот во МЛС. Фудбалерите на Интер Мајами нема да настапат за МЛС тимот на натпреварот против тимот на најдобрите играчиода мексиканското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Колумбус на 24 јули. 37-годишниот Меси се здоби со повреда на скочниот зглоб во финалето на Копа Америка, додека 37-годишниот Суарез нема да игра поради повреда на коленото.

Read More

Украинскиот напаѓач Артем Довбик е многу блиску до преселба во Атлетико (М). Според пишувањата на медиумите во Шпанија, играчот на Џирона вече е во напредна фаза на преговори со „јорганџиите“. Износот на трансферот би можел да биде 35 милиони евра, а 5 милиони ќе бидат предвидени какож бонуси. Самиот фудбалер со задоволство би се преселил во мадридскиот тим, но се уште преговара за личните услови од соработката. Довбик стана најдобар стрелец во Ла Лига минатата сезона, постигнувајќи 24 гола и 8 асистенции на 36 натпревари.

Read More

Победникот на престижната велосипедска трка Тур де Франс, која заврши во неделата, Словенецот Тадеј Погачар, се повлече од настап на Олимписките игри во Париз, соопшти Словенечкиот олимписки комитет. Причината поради која тој нема да биде во словенечката делегација на ЛОИ е премор. „За жал, Тадеј Погачар нема да биде меѓу патниците во Париз. На негово место ќе дојде неговиот колега од клубот, а исто така и негов пријател Домен Новак, на кого му посакуваме се најдобро“, се вели во изјавата на Словенечкиот олимписки комитет. 25-годишниот Погачар веќе изјави дека нема да се натпреварува на Вуелта Еспања, третата од најпрестижните трки…

Read More