Првиот Македонец кој се појави на борилиштата на 33. Летни олимписки игри во Париз денеска беше Марко Ѓуретановиќ. Тој имаше прилично слабо постигнување на првата квалификациска трка на 400 метри слободно. Во својата група, Ѓуретановиќ заврши на последното место со време 4:05.38, што е за три секунди послаб резултат од времето со кое беше пријавен за ЛОИ. Ѓуретановиќ со ова го заврши својот настап на Летните олимписки игри во Париз.
Author: saso
Првиот сет на медали на Олимписките игри во Париз е доделен во натпреварите во стрелаштво, мешани двојки. Кинеските стрелци Шенг Лихао/Јутинг Хуанг станаа олимписки шампиони во мешани двојки со воздушна пушка на растојание од 10 метри. Јужнокорејците Чи Хјун Кеум и Ха Чун Парк освоија сребрени медали, додека казахстанскиот тим во состав Ислам Сатпајев и Александра Ле освоија бронзени медали. Кинеските спортисти донесоа злато и во синхрони скокови. Имено денеска Чен Јивен и Чанг Јани станаа олимписки шампиони во скокови од даска од 3 метри. Тие успеаја со вкупно 337,68 поени да дојдат до златните медали. Американските скокачи Сара Бејкон…
39-годишниот кошаркар на шпанската кошаркарска репрезентација Руди Фернандез официјално стана првиот во историјата кој учествувал на шест Олимписки игри. Оваа бројка ја постигна откако влезе на теренот во натпреварот од 1. коло од групната фаза. Репрезентацијата на Шпанија денеска во премиерниот меч на ОИ загуби од Австралија со 92:80. Американката Дијана Таураси ќе стане и првата кошаркарка во историјата што го постигнала овој подвиг кога ќе излезе на теренот против Јапонија во понеделник.
Селекторката на женската фудбалска репрезентација на Канада, Беверли Пристман, е суспендирана и отстранета од Олимпијадата во Париз. Првиот скандал го режираа нејзините помошнички, кои го снимаа тренингот на ривалките Нов Зеланд со дрон во понеделникот, три дена пред средбата од првото коло од групата А. Канаѓанките на крајот победија со резултат 2:1, но без тренер на клупата. Канадската федерација претходно објави дека презела акција поради недозволеното снимање со дрон на ривалите. Покрај Пристман, дома е испратена и помошничката Јасмин Мандер, како и Џозеф Ломбарди, „неакредитирана аналитичарка“.
На аргентински фудбалер Тиаго Алмада, кој е дел од олиписката репрезентација на Аргентина на ЛОИ во Париз, му бил украден накит во вредност од 50.000 евра за време на првите денови од фудбалскиот олимписки турнир во Франција. Селекторот на аргентинската олимписка репрезентација Хавиер Маскерано по мечот со Мароко (1:2) изјави дека Тиаго Алмада е ограбен. Според француски извори, од фудбалерот бил украден накит во вкупна вредност од 50.000 евра. Украдени се предмети од соблекувалната, а полицијата констатирала дека на местото на настанот немало знаци на насилен упад. Играчот од средниот ред на Ботафого поднесе пријава со која ќе ја потврди…
Бранот подметнати пожари врз железничката мрежа на Франција предизвика вистински хаос во Париз пред вечерашното отворање на Олимписките игри. Во текот на ноќта избувнаа пожари на клучните инсталации, поради што возовите запреа и железничкиот сообраќај запре, што доведе до хаос меѓу навивачите и туристите во француската престолнина. Францускиот министер за транспорт Патрис Вергриет изјави дека се извршени низа „координирани злонамерни дејствија“ со серија пожари. Нападите се фокусираа на мрежата на брзи возови TGV која ја покрива цела Франција и ќе биде клучна мрежа за навивачите и гледачите кои доаѓаат на Олимпијадата. „Ова е масовен напад од големи размери за да…
Легендарниот шпански кошаркар Серхио Љуљ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона. Иако многумина мислеа дека како Серхио Родригез и Руди Фернандез ќе објави крај на кариерата, 36-годишниот Љуљ реши да продолжи да игра и ја продолжи верноста кон „Кралскиот клуб“. Љуљ дојде во Реал како тинејџер во 2007 година и стана една од најголемите легенди на клубот. За 18 сезони освои дури 28 трофеи: три Евролиги, еден Интерконтинентален куп, седум кралски купови, девет шпански Суперкупа и осум титули во шпанското првенство. Капитенот на Реал е и играчот кој одиграл најмногу натпревари во историјата на тој клуб…
Младиот напаѓач на Барселона Витор Роке стана трансфер цел на саудиски Ал-Хилал. Според новинарот Фабрицио Романо, Ал-Хилал веќе стапил во контакт со Барселона за да го откупи играчот. Судбината на зделката ќе зависи само од одлуката на самиот напаѓач. 19-годишниот фудбалер се пресели во Барселона од Атлетико Паранаенсе во јануари 2024 година во трансфер кој изнесуваше 40 милиони евра. Договорот на Роке со Барса е до летото 2031 година. Останува да се види колку Ал-Хилал ќе понуди за него и каква ќе биде неговата плата во евентуалниот нов клуб.
Со свеченото отворање закажано со почеток од 19.30 часот, вечерва и официјално ќе бидат отворени Летните олимписки игри во Париз. За првпат во историјата на Олимпијадата, свеченото отворање нема да се одржи на стадион, туку на брегот на реката Сена. Повеќе од 6.500 спортисти во 85 чамци ќе пловат покрај иконските споменици на Париз, што ќе означи пресвртница и ќе воведе нова ера на Олимписките игри. Настанот ќе ги обедини уметноста, спортот и културата за да создаде незаборавен спектакл, надминувајќи ги невидените логистички и безбедносни предизвици. Целиот чин на Отворањето ќе трае три часа и 45 минути. Олимписките игри во…
Во обидот да го задржат Трент Александер-Арнолд што подолго во своите редови, првите луѓе на Ливерпул веќе започнале преговори со агентите на 25-годишниот дефанзивец за нов договор. Актуелниот договор на Трент со Ливерпул трае до јуни 2025 година, а приоритет на играчот е да остане на „Енфилд“, и покрај интересот од Реал Мадрид. Доколку Трент одбие да го продолжи договорот, тогаш „црвените“, според информациите, ќе размислат за трансфер на еден од фудбалерите на холандски Феенорд, Гертруда. Според информациите, „црвените“ ми понудиле на Трент продолжување на договорот заклучно со 2029 година.
