Првиот сет на медали на Олимписките игри во Париз е доделен во натпреварите во стрелаштво, мешани двојки. Кинеските стрелци Шенг Лихао/Јутинг Хуанг станаа олимписки шампиони во мешани двојки со воздушна пушка на растојание од 10 метри.
Јужнокорејците Чи Хјун Кеум и Ха Чун Парк освоија сребрени медали, додека казахстанскиот тим во состав Ислам Сатпајев и Александра Ле освоија бронзени медали.
Кинеските спортисти донесоа злато и во синхрони скокови. Имено денеска Чен Јивен и Чанг Јани станаа олимписки шампиони во скокови од даска од 3 метри. Тие успеаја со вкупно 337,68 поени да дојдат до златните медали.
Американските скокачи Сара Бејкон и Кесиди Кук освоија сребрени медали, додека брозната отиде на градите на Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен од Велика Британија.

