Author: saso

Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо реши да направи драстични промени во првите 11 за денешниот реванш меч од Конференциската лига на УЕФА против словачки Ружoмберок кој се игра на „Пољуд“. Македонскиот репрезентативен напаѓач, Александар Трајковски, е најавен како стартер за сплитските „бели“. Тројца поранешни првотимци на Хајдук најверојатно ќе бидат на клупата за денешниот натпревар. „Нико Сигур се враќа во почетната постава, на позицијата десен бек, што значи дека Фахд Муфи се сели на клупата. Ентони Калик исто така најверојатно ќе отпадне од првите 11. По голот против Локомотив, блиску до стартната постава е и Александар Трајковски“, пишуваат хрватските портали.

Read More

Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го освоија првото злато за својата земја на ЛОИ во Париз. Стрелачите денеска триумфираа во дисциплината воздушен пиштол од десет метри – мешано, со што и донесоа голема радост на својата земја. Српската двојка стрелци победи во финалето против танделот од Турција, Севал Илајда Тархан – Јусуф Дикец. Ова е прв олимписки медал за Зорана Аруновиќ во кариерата, додека Микец има сребро од Токио.

Read More

И покрај сите убедувања дека водата во реката Сена е со добар квалиет, сепак, машкиот триатлон натпревар во Париз официјално е одложен за утре. Ако се биде добро со водата, трката ќе започне утре по женската трка, која е закажана три часа претходно. Првично, машкиот триатлон требаше да се одржи денеска, но квалитетот на водата во Сена не ги исполнува условите, па организаторите беа приморани да ги откажат и тренинзите, а и денешната трка. Ако и утре не се подобри ништо со водата, останува триатлонските трки да бидат презакажани за 2 август. Според организаторите на Олимписките игри во 2024 година…

Read More

Македонскиот џудист Еди Шерифовски очекувано беше елиминиран во првото коло од турнирот на Олимписките игри во Париз. Тој загуби со ипон од светскиот првак, Бразилецот Гиљерме Шимит во првата рунда во категоријата до 81 килограм. Шерифовски одолеваше во првите минути од борбата, но потоа Шимит освои еден поен, а потоа со ипон го доведе мечот до крај. Шерифовски е третиот олимпиец со кој Македонија досега се претстави на Игрите во Париз.

Read More
NBA

Познатиот НБА коментатор и водител, Колин Каухерд, направи споредба на Никола Јокиќ и Џоел Ембид, кои во последниве години беа во најтесна битка за МВП титулата во НБА лигата. „Минатата година НБА го изгласа Ембид за МВП. Тоа беше глас против Јокиќ бидејќи тој е подобриот играч. Ако сте го гледале натпреварот САД-Србија ќе видевте дека тие не се ни близу по квалитет. Стив Кер беше принуден брзо да го отстрани Ембид од подот. Тој е најпреценетиот, најпроценетиот, критикуван, пренагласениот играч во НБА. Кога Јокиќ и Ембиид се на теренот во исто време, не можат да се споредат, ниту одблиску.…

Read More

Саудиска Арабија поднесе официјална апликација до ФИФА за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Во октомври 2023 година, Саудиска Арабија ја објави својата намера да биде домаќин на турнирот. ФИФА потврди дека земјата е единствен кандидат за Светското првенство во 2034 година. Официјалното поднесување на апликацијата се случи на церемонијата организирана од ФИФА во Париз. „Ја изразувам мојата искрена благодарност до нашето визионерско лидерство кое ни овозможи да ја постигнеме оваа пресвртница во историјата на саудискиот спорт. Исто така, сакам да изразам длабока благодарност до престолонаследникот и премиерот за неговата непоколеблива поддршка за развојот на спортскиот сектор. Кандидатурата на…

Read More

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Бонџорно објасни зошто одбил да се пресели во Јувентус и да ја прифати понудата на Наполи. Дефанзивецот направи трансфер во Наполи од екипата на Торино за 40 милиони евра (35+5). „Имав понуди од многу тимови. Пораснав и играв во Торино, па имав чувство дека ако станам бјанконер ќе се изневерам себеси. Сум бил во Неапол и тука може да ја почувствувате љубовта на навивачите. Страста на луѓето за фудбалот и тимот е во воздухот. Многу сум среќен со изборот што го направив“, изјави дефанзивецот на Наполи, кој беше дел и од италијанската репрезентација на последното ЕП во…

Read More

Првиот носител на машкиот тениски олимписки турнир во Париз, Новак Ѓоковиќ доминантно го победи својот голем ривал Рафаел Надал со 6:1, 6:4 во натпревар од второто коло. На омилените терени во комплексот Ролан Гарос, каде што Надач има освоено 14 Грен слем титули, Србинот беше немилосрден во првиот сет, а во вториот му даде шанса на Шпанецот да се врати во игра, но не и да направи целосен пресврт. Во вториот сет Рафа со сите сили се обиде да го сврти натпреварот, но безуспешно. Така Ноле му се реваншираше на својот голем ривал за поразот во полуфиналето во Пекинг 2008…

Read More

Првиот носител на машкиот тениски олимписки турнир, Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Австралиецот Метју Ебден со фантастично убедливи 2:0, по сетови 6:0, 6:1 во првото коло на тенискиот турнир на Олимписките игри. Ѓоковиќ лесно го започна патот до златниот медал во Париз. Во својот 28 меч го забележа 18-от триумф во кариерата на Олимписките игри. Дуелот против Метју Ебден траеше 53 минути и со само еден загубен гем на српскиот тенисер. Новак во второто коло ќе игра против подобриот од мечот Рафаел Надал (Шпанија) – Мартин Фуцович (Унгарија). Одлично отворање имаше уште еден фаворит за златото, Шпанецот Карлос Алкараз. Тој…

Read More

Основачот на Tesla и SpaceX, a сопственик на социјалната мрежа X, милијардерот Илон Маск, излезе со свој коментар за церемонијата на отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз. „Ова беше бесрамно непочитување кон христијаните“, напиша Маск на социјалните мрежи. Организаторите на свеченото отворање смислија продукција слична на „Тајната вечера“, во која наместо Исус и неговите ученици имаше жена со брада и мажи облечени како жени. На крајот од претставата, на сцената се појави практично гол маж во сина боја, кој го отсликуваше старогрчкиот бог Дионис. Вчера во Париз се одржа свеченото отворање на Летните олимписки игри. Пламенот на…

Read More