Author: saso

Менаџерот на Брентфорд, Томас Френк вчера го остави голгетерот Ајван Тони целосно надвор од составот со што повторно ги распламти шпекулациите околу неговата иднина. Според италијански новинар Фабрицио Романо, саудискиот клуб Ал Ахли е во преговори за ангажман на 28-годишната ѕвезда на Брентфорд, откако минатата недела беше одбиена понуда од 35 милиони фунти. Преговорите продолжуваат меѓу сите страни и Тони и неговото семејство треба да донесат одлука за преселба во Саудиска Арабија. „Пчелите“ немаат проблем со неговата продажба, но ќе го почитуваат ставот на играчот.

Read More

Аталанта и Штутгарт наводно постигнале вербален договор за Ел Билал Туре. Тој треба да ја продолжи кариерата во Бундеслигата. Според Фабрицио Романо, Аталанта ќе добие околу 18 милиони евра, а играчот е подготвен да потпише петгодишен договор со екипата од Мерцедес-Бенц Арена. Туре дојде во Аталанта од Алмерија минатото лето. Тимот на Џан Пјер Гасперини плати 30 милиони евра за 22-годишниот центарфор, што беше ретка лоша проценка на менаџерскиот тим во Бергамо. Туре поради повреди едвај имаше неколку настапи за Аталанта минатата сезона.

Read More

Најубедливиот пораз вчера во 2. коло на ПМФЛ го претрпе екипата на Брера Струмица, која загуби во Кратово од Силекс со 4:0. Тренерот на струмичани, Бојан Круљ по мечот критички потенцираше дека ова е најлошиот меч откако тој е тренер на клубот. „Примивме четири гола и како што реков, ако минатата недела ја одигравме најдобрата средба, ова беше најлоша откако сум тука. Одговорноста ја преземам јас. Не е пријатно вака кога ќе се загуби. Но, нема што да кукаме, ќе направиме разговори меѓу нас да ги најдеме грешките и да се издигнеме од овој пораз“, изјави Круљ.

Read More

Една од најдобрите македонски ракометни репрезентативки, Сара Ристовска, во интервју во рамките на проектот „Кршиме родови стереотипи во спортот“ зборуваше за дел од своите искуства на спортските терени во текот на својата досегашна кариера. Таа успеа да издвои малку од своето драгоцено време за да одговори на неколку наши прашања, чии одговори следуваат во продолжение. Дали како жена во спортот, се имаш соочено со родово-базирани бариери во твојата спортска кариера? „Познато е дека во спортот има голема разлика меѓу мажите и жените. Посебно во колективните спортови. Во секаков поглед поголем акцент е ставен на машкиот спорт. Но сите се спремиме…

Read More

Франческо Бањаја ја оствари својата седма победа во сезоната во Мото ГП, откако триумфираше на Големата награда на Австрија. Како и во вчерашниот спринт на Ред Бул Ринг, така и денеска првите километри беа решавачки во спорот за победа. Овојпат Бањаја не можеше да го преземе врвот од Хорхе Мартин, кој го задржа водството во првиот свиок, но на самиот почеток на втората рунда Бањаја нападна и поведе, по што само еднаш беше нападнат до крајот и успеа да се задржи на врвот. Возачот на Прамак Дукати мораше да се задоволи со второто место, додека третата позиција на подиумот ја…

Read More

Во периодот од 21 до 31 август по вторпат во Охрид ќе се одржи Фестивалот на водени спортови „Ohrid Water festival 2024“, кој под покровителство на Општина Охрид се организира во нашиот најголем туристички центар. Фестивалот стартуваше со Меѓународниот едриличарски тренинг-камп кој на крај ќе биде заокружен и со Меѓународната едриличарска регата која традиционално во организација на „Акватика Јахтинг“ ќе се одржи на 22 и 23 август, а на која се очекува учество на повеќе од 50 едриличари од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Турција и САД. Во рамките на Фестивалот на водени спортови ќе бидат организирани бројни натпревари во едрење,…

Read More

Грузиската ѕвезда од екипата на Наполи, Квича Кварацхелија се договори со италијанскиот клуб и ќе потпише нов договор до 2029 година. Грузискиот репрезентативец ќе добие значително зголемување на платата добивајќи 6 милиони евра годишно. Во јуни 2022 година, Кварацелија пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 13.000.000 евра. Со новиот договор зема трипати поголема плата. Крилниот напаѓач беше еден од клучните играчи на Наполи во текот на шампионската сезона. Кварацелија досега за Наполи одигра 89 натпревари и постигна 25 гола, со 26 асистенции.

Read More

Баер Леверкузен синоќа го крена германскиот Суперкуп по победата на пенали против Штутгарт. Ова беше трет трофеј во последната година за „фармацевтите“, а сите беа освоени под водство на тренерот Чаби Алонсо. Со овој пехар Алонсо стана најуспешниот тренер во клупската историја на тимот од Леверкузен, откако пред него клубот имаше само два трофеи. Едниот беше Купот на Германија од сезоната 1992/1993, а другиот беше Купот на УЕФА од сезоната 1987/1988.

Read More

Фудбалерот на германскиот нисколигаш Шот Мајнц, Етјен Портман предвреме го напушти мечот со Гројтер Фурт од првото коло во Купот на Германија, бидејќи требаше да биде кум на една свадба. Портман (26), кој игра во средниот ред за петтолигашот, беше заменет еден час по почетокот на мечот за да стигне на свадбата, каде младоженецот е неговиот најдобар пријател, а невестата е сестра близначка на неговата девојка,. Тренерот на тимот Самуел Хорозовиќ го исполнил барањето на Портман да биде сменето порано, а според Билд, фудбалерот со хеликоптер заминал на прославата за која се подготвувал во последните неколку месеци. Без Портман на…

Read More

Манчестер Сити е подготвен да ја награди една од своите најважни ѕвезди во тимот, Шпанецот Родри со нов договор, пишува Мирор. Откако шпанскиот играч за врска имаше клучна улога во успесите на тимот во последните сезони, клубот планира да му понуди нов петгодишен договор со плата од 375 илјади фунти неделно. Овој потег ќе го израмни Родри со најплатените играчи на Сити, како што се Кевин де Брујн и Ерлинг Холанд. Актуелниот договор на Шпанецот е до летото 2027 година, но управата на „граѓаните“ сака да обезбеди уште подолг период на негов престој во тимот. Покрај тоа, Манчестер Сити планира…

Read More