Пауло Дибала нема да ја напушти Рома. Иако многу од медиумите во Италија пишуваа дека неговиот трансфер во Саудиска Арабија е реалност, Аргентинецот реши да ја одбие супер-профитабилната понуда на тамошниот нов прволигаш, екипата на Ал Кадсија. Станува збор за понуда за тригодишен договор за вкупна сума од 75 милиони евра. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Дибала се предомислил и решил да остане во Италија, одбивајќи ја понудата на саудискиот клуб. Играчот го потврди ова со објавување на видео од најдобрите моменти во Рома, придружени со натпис: „Благодарам, Рома“. Се гледаме во недела“.
Author: saso
Екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се судрат за првиот домашен трофеј во новата сезона, тоа е Суперкупот на Македонија, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави детали. Мечот за Суперкуп титулата ќе се игра во Гевгелија. Салата која ќе биде домаќин на овој настан е „24 Април“, а датумот на дуелот е 4 септември (среда) со почеток од 19:00 часот. Еурофарм Пелистер досега има два трофеја во ова натпреварување освоени во 2021 и 2022 година, додека Алкалоид лани го освои првиот трофеј во сениорска конкуренција и е дебитант во натпреварот.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска ј аодреди цената на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лига на Нации кој на 10. септември ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.
Шпански Атлетико Мадрид на социјалните мрежи го објави трансферот на фудбалерот на Челзи, англискиот играч за врска Конор Галагер. Претходно беше објавено дека англискиот играч за врска ќе потпише договор со „јорганџиите“ до летото 2029 година. Во медиумите се појавија и информации дека мадридскиот клуб ќе плати 40-45 милиони евра за Галагер. Минатата сезона Галагер учествуваше на 50 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и девет асистенции. Атлетико минатата сезона ја заврши на четвртото место во поредокот и заработи билет за Лигата на шампионите.
Трикратниот олимписки шампион во пливање Сун Јанг ќе се врати во базенот за да се натпреварува во Кина следната недела, откако отслужи четиригодишна забрана поради допинг, објавија медиумите во земјата. Сун, првиот кинески олимписки шампион во пливање во машка конкуренција, ќе ја претставува својата родна покраина Жеџијанг на Националното летно пливачко првенство што започнува недела во Хефеи. Ванг Веи, директор на провинцискиот пливачки спортски менаџмент центар Жеџијанг, рече дека Јанг (32) ќе се натпреварува на 400 метри слободно, дисциплината во која го освои златото на Олимписките игри во Лондон 2012 година. Трикратниот олимписки шампион доби суспензија од четири години и…
Земјотресот што го погоди професионалниот тенис по објавата на Меѓународната асоцијација за интегритет во тенисот дека светскиот рекет број 1 Јаник Синер во март имал два позитивни допинг теста за кои не е казнет, не само што не стивнува, туку сигурно ќе беснее уште некое време, особено што во понеделник започнува УС Опен. Тенисерите кои се огласија во јавноста се многу остри во критиките кон Синер,но уште повеќе кон АТП. Некои навистина се изненадени што првиот човек на оваа организација, Андреа Гауденци, е сонародник на Синер и не го суспендирал и покрај двата позитивни наоди. „Ова се страшни вести за…
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш откри кои барањата ги поставил пред раководството на клубот во преговорите за нов договор. „Не барав да ми ветат титула во првенството. Разбирам дека никој не може да го гарантира ова. Но, мора да имаме тим способен да се бори за сите трофеи во текот на целата сезона. Треба да настапиме на највисоко ниво за да се натпреваруваме. Мислам дека клубот се обидува да привлече што е можно повеќе добри играчи за да обезбеди конкурентност. Гледам дека се прават потребните напори“, рече Фернандеш. Минатата недела Фернандеш го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“. Актуелниот работен…
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Фил Фоден ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината во англиската Премиер лига во изборот кој традиционално го прави Асоцијацијата на фудбалери во Премиерлигата. Минатата сезона во англиското првенство, 24-годишниот фудбалер учествуваше на 35 натпревари, на кои постигна 19 голови и осум асистенции. Вo изборот на Асоцијацијата на фудбалери од Премиерлигата, наградата за најдобар млад фудбалер замина во рацете на фудбалерот на Челзи, Кол Палмер.
Голманот на грузиската репрезентација, Георги Мамардашвили се договорил со Ливерпул за 6-годишен договор, пренесуваат извори блиски до „црвените“. Голманот на Валенсија, наводно, постигнал согласност за условите од договорот со Ливерпул со кој ќе потпише договор кој ќе важи до 2030 година. Ливерпул ги продолжува преговорите со Валенсија за трансферот, откако беше објавено дека „црвените“ им понудиле на Шпанците 30 милиони евра и уште 5 милиони бонуси.
По вчерашниот пораз на дербито со Вардар во Скопје, тренерот на битолски Пелистер Влатко Костов истакна дека дуелот го реши мал пад на концентрација кај неговите фудбалери. „Сакам да му честитам на Вардар. Имавме еден рамноправен меч, дури и второто полувреме стоевме подобро на терен, но еден потег и прекин го реши мечот. Ние се плашевме дека во еден ваков тврд натпревар ќе дојде до тоа, но мал пад на концентрација во задната линија реши. Ова беше едно крајно коректно дерби во кое видовме машки фудбал. Задоволни сме и од приемот и од судењето. За ова што се случи на…
