Ливерпул ќе игра против Вест Хем во највозбудливиот дуел од 3. коло на англискиот Лига Купо, попознат како Карабао Куп. Така сакаше ждрепката доцна синоќа откако беа комплетирани сите учесници во оваа фаза. Ливерпул ќе биде домаќин на „чеканите“ во периодот од 16 до 23 септември за кога ќе бидатодредени точните термини на одигрување на сите натпревари. Манчестер Сити во оваа рунда ќе се сретне со екипата на Ватфорд, додека Арсенал за противник ќе го има Болтон. Прилично лесна задача за пласман во следното коло треба да има и Манчестер Јунајтед кој ќе гопречека Барнсли, додека Челзи ќе игра со…
Author: saso
Барселона успеа, конечно, да го регистрира Дани Олмо во Примера, по што шпанскиот репрезентативец и официјално ќе ја има можноста да дебитира за новиот тим. Каталонците го искористија правото да вклучат фудбалер во составот кој ќе го замени повредениот дефанзивец Андреас Кристенсен. Тоа и официјално беше направено денеска, кога Ла Лига на официјалната страна ја потврди регистрацијата на Олмо. Тоа значи дека 26-годишниот играч за врска би можел да дебитира за Барса уште денеска на гостувањето против Рајо Ваљекано во мечот од 3. коло на Ла Лига.
Во понеделник, 2. септември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија (10. септември, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од новото издание на Лига на Нации. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари. 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10. септември од 10:00 часот.
Манчестер Сити се согласи на трансфер на Португалецот Жоао Кансело во Саудиска Арабија. Последната рунда преговори со екипата на Ал-Хилал била успешна, па Кансело многу скоро ќе го потпише договорот вреден 21,2 милиони фунти, објави Би-Би-Си. Самиот фудбалер допрва треба да седне на маса со преставници на Ал-Хилал и да ги договори личните услови. Доколку двете страни успеат да постигнат договор, се очекува соработката да биде за период од 3 години. Минатата сезона Кансело играше за Барселона на позајмица.
Мануел Угарте доаѓа во Манчестер Јунајтед. Според Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед и ПСЖ се договориле за трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред за 50+10 милиони евра. Условите на личниот договор на Угарте беа договорени уште во јули. Уругваецот сакаше да се пресели во Манчестер Јунајтед, но се чекаше договор меѓу клубовите. Во сезоната 2023/24, Угарте одигра 25 натпревари за ПСЖ во Лига 1, постигнувајќи 2 асистенции.
Поранешниот фудбалер на Селтик, Мет О’Рајли, потпиша договор со Брајтон до јуни 2029 година, соопшти англискиот клуб. Британските медиуми велат дека Брајтон за овој трансфер издвоил 30 милиони фунти. О’Рајли (23) е дете на Фулам, а потоа играше за Милтон Кејнс Донс пред да се пресели во Селтик во 2022 година. За клубот од Глазгов одигра 124 натпревари и постигна 27 голови. О’Рајли помина низ младинските селекции на Англија, а потоа во 2022 година реши да игра за младата (У21) репрезентација на Данска. Тој одигра два натпревари и за А селекцијата на Данска.
Крилниот напаѓач на Челзи, Рахим Стерлинг сака да се обиде да замине во Манчестер Ј. до крајот на летниот преоден рок. Според сите информации, тој е веќе со една нога надвор од „Стемфорд Бриџ“, но засега нема конкретен план каде ќе ја продолжи кариерата. Според неколку извори, оваа недела 29-годишниот Англичанец ќе добие неколку можни опции за продолжување на кариерата. Стерлинг наводно посакува да замине во Манчестер Јунајтед доколку има конкретен интерес од „цеврените ѓаволи“. Во моментов играчот од средниот ред не преговара со ниту еден клуб. Договорот на Стерлинг со Челзи е до летото 2027 година. Се очекува „сините“…
Шампионот во НБА лигата од 2023 година, Арон Гордон од Денвер Нагетс ќе го смени бројот на својот дрес од 50 во 32 во спомен на неговиот брат Дру Гордон, кој почина во мај оваа година. За ова на својата страница на социјалните мрежи зборуваше и новинарот Етјен Каталон. Дру загина во сообраќајна несреќа на 31 мај во Портланд, Орегон. Беше и професионален кошаркар. Во текот на својата кариера, Дру играше за клубови како Партизан, Динамо Сасари, Филаделфија 76ерс, Локомотив-Кубан, Будивелник, Автодор, Зенит и многу други. Двапати учествуваше на Ол-стар игрите на ВТБ Јунајтед Лигата. Признат за најкорисен играч на…
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ во својот прв официјален натпревар како олимписки шампион го победи Рада Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со 6:2, 6:2, 6:4 и обезбеди пласман во 2. Коло на последниот гдоинешен Грен Слем турнир. Во рамките на втората рунда, Новак за противник ќе го има својот сонародник Ласло Ѓере.
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот стана првиот тренер на Ливерпул во историјата на Премиер лигата кој победил на првите два натпревари на чело на тимот. Претходно Холанѓанецот стана првиот тренер на „црвените“ во 21 век кој успеал да слави на дебитантскиот меч во Премиер лигата, откако во 1. коло од Премиер лигата Ливерпул го победи Ипсвич со резултат 2:0, а вчера успеа да слави и на вториот меч со истиот резултат против екипата на Брентфорд. 45-годишниот Слот го презеде Ливерпул оваа сезона. Тој го наследи Јирген Клоп, откако претходно беше главен тренер на Феенорд од летото 2021 година.
