„Франс Фудбал“ синоќа ја објави листата од 30 кандидати кои годинава ќе се борат за трофејот наменет за најдобриот светски фудбалер – Златната топка. Интересно по цели две децении, на листата ги нема ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. Ова се случува за првпат од 2003 година. Во листата на 30. финалисти во изборот се најдоа: Џуд Белингем (Реал Мадрид), Рубен Диас (Манчестер Сити), Фил Фоден (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Гранит Џака (Баер Леверкузен), Артем Довбик (Рома), Тони Крос (Реал Мадрид), Винисиус (Реал Мадрид), Дани Олмо…
Author: saso
Португалецот Бруно Лаж е назначен за нов тренер на Бенфика. Ова за него ќе биде втор мандат на клупата на „орлите“, бидејќи претходно беше на истата позиција пред пет години. Во тој период имаше одлични резултати. Успеа да ја освои титулата и беше прогласен за најдобар тренер во сезоната. Лаж остана во Бенфика до летото 2020 година, кога замина на клупата на Вулверхемптон, каде што остана само една сезона. Последен клуб кој го тренираше беше Ботафого во Бразил.
Неверојатниот Арманд Дуплантис, светскиот шампион во скок со стап, синоќа покажа дека е и исклучителен спринтер. На егзибициската „Трка на светските шампиони“ во Цирих, Дуплантис се тркаше на 100 метри против светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм. Оваа трка се најавуваше една година и светот конечно чекаше да види кој од нив е побрз, но на 100 метри. На крајот Дуплантис постигна одлично време од 10,37 секунди, додека Вархолм заостана десет стотинки. „Морам да му честитам на Мондо, тој одлично започна. Целосно ме победи“, призна Ворхолм на финишот. Интересно е што Мондо и Ворхолм заедно имаат четири…
Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е елиминирана во четвртфиналето на УС Опен. Победничката од 2022 година беше поразена од Џесика Пегула со резултат 6:2, 6:4. Шестата тенисерка на планетата ја потврди одличната форма и ова е нејзина 14-та победа во последните 15 меча. Таа одигра импресивно и на овој натпревар против Швјонтек, со што и го нанесе четвртиот пораз во 10. меѓусебен натпревар. Пегула шестпати стигнува до четвртфиналето на Грен слем турнир, но никогаш не успеа да стигне подалеку. За влез во финалето ќе се бори против Каролина Мухова од Чешка, која ја победи Беатриз Хадад Маја со 6:1, 6:4.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски заедно со останатите репрезентативци ги почна подготовките пред дуелите со Фарските Острови и Ерменија во новата сезона во Лигата на нации. „Нашата цел е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се адаптираме на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим. Кога се игра за Македонија треба да се дава повеќе од 200%. Секогаш сум го давал најдоброто во националниот дрес, така беше и во младинските категории а така ќе биде и во…
Ерик тен Хаг ќе добие шанса како менаџер на Манчестер Јунајтед барем до Божиќ, сигурен е поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ и аналитичар на „Скај Спортс“, Гери Невил. По двата порази во првите три меча, веќе почна да се зборува за заминување на Холанѓанецот. „Секоја недела ќе биде тешка за Тен Хаг, а тензијата во клубот ќе расте“, изјави поранешниот англиски репрезентативец. „Сепак, мислам дека тој ќе има мир и доверба од раководството до Божиќ. Не се сомневам во тоа. Не се сомневам во намерите на INEOS и главниот извршен директор Ден Ешворт. Вториот е многу мирен човек. Менаџментот нема…
Уругвајската фудбалска ѕвезда Луис Суарез објави дека се повлекува од националниот тим. Тој рече дека ќе ги закачи копачките по квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Парагвај во Монтевидео. „Петок (6 септември) ќе биде мојот последен натпревар за мојата земја“, изјави 37-годишната поранешна ѕвезда на Барселона и Ливерпул на прес-конференција. „Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но тоа го правам со мир на умот дека ќе го дадам максимумот во последниот натпревар за Уругвај“, додаде Суарез. Поранешниот напаѓач на Барселона и Ливерпул се смета за еден од најдобрите играчи на неговата генерација и ќе се…
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, конечно, најде клуб. Нигериецот се согласи да замине на позајмица во турски Галатасарај, а неговиот клуб се договори и со тимот од Истанбул. Синоќа Осимен замина за Истанбул, а денеска ќе мора да ги помине лекарските прегледи пред да го потпише договорот. Како што е познато, фудбалерот долго време беше поврзуван со Челзи, а за него имаше сериозен интерес и од Ал Ахли. Антонио Конте го доведе Ромелу Лукаку и со тоа Осимен остана надвор од тимот, па по секоја цена мораше да бара нов клуб.
Светскиот тениски рекет бр. 1, Италијанецот Јаник Синер стигна до второто четвртфинале на УС Опен во својата кариера. Тој беше подобар од Американецот Томи Пол со 7:6 (3), 7:6 (5), 6:1, по два часа и 46 минути игра на стадионот „Артур Еш“. Синер мораше да одигра два тај-брејка во дуел со 14. тенисер на планетата, против кого сега има скор од 3-1 во победи. Победата на овој дуел за Синер значи уште едно големо дерби. Тој сега го чека Данил Медведев во меч од четвртфиналето, кој е победник на УС Опен во 2021 година и некој против кого има негативна…
ФК Вардар денеска и официјално го објави името на новиот тренер на тимот. На жешкото столче седнува Срѓан Захариевски, кој минатата сезона ја водеше екипата на Воска Спорт до финалето на Купот на Македонија. По саботниот пораз од екипата на Воска Спорт во домашното превенство, тренерот Горан петрески поднесе оставка. Во изминативе два дена се шпекулираше со неколку имиња како можни негови наследници, за одлуката денеска да падне на Захариевски, кој ќе има тешка задача да го врати тимот на вистински патеки.
