Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека ова е неговата последна сезона во клубот. Египќанецот веднаш по големата победа на „црвените“ со 0-3 над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ пред новинарите објави дека нема нов договор. „Имав убаво лето и доста време за себе, за да останам позитивен, бидејќи, како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам за тоа. Чувствувам дека имам слобода да играм фудбал, а потоа ќе видиме што ќе се случи следната година“, изјави Салах.
Author: saso
Tренерот на Наполи, Антонио Конте уште еднаш потврди дека Виктор Осимен не е во неговите планови тој нема да биде вратен во тимот за тековната сезона во Серија А. „Ниту еден играч нема да биде реинтегриран. Оние играчи кои се надвор од проектот ќе останат таму. Го направивме нашиот избор и ќе продолжиме да работиме заедно во иста насока“, изјави Конте. Осимен претходно беше исклучен од тимот откако Наполи го донесе Ромелу Лукаку.
Новинарот на „Л’Екип“, Максим Обиен, објави дека ѕвездата на Сан Антонио Спарс и на француската кошаркарска репрезентација, Виктор Вембањама веќе пристигнал во Сан Антонио. Тој дошол во градот пред една недела и оттогаш редовно е во теретана. „Празниците завршија. Виктор Вембањама се врати во Сан Антонио минатиот викенд и оттогаш не ја напуштил салата ниту еден ден“, напиша Обиен на својата страница на социјалните мрежи. Минатата сезона Вембањама одигра 71 натпревар за Спарс со просек од 21,4 поени и 10,6 скока по натпревар. Тој се надева дека во новата сезона Сан Антонио ќе биде многу поконкурентен и во плеј-офот.
Бразилецот Матеус Еванжелиста е победник на годинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката долга 25 километри ја преплива со време од 5 часа, 45 минути, 5 секунди. Веднаш зад Еванжелиста 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина Французинката Каролин Жуис (5 часа, 46 минути и 51 секунда), со што таа го освои првото место во женска конкуренција. Во машка конкуренција втор на целта пристгна Марсел Схауле од Холандија, само две секунди пред нашиот претставник Евгениј Поп Ацев кој заврши трет со време од 5 часа 46 минути 52 секунди. Втора во женска конкуренција…
Македонската параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова заврши како осма во категоријата воздушен пиштол на 10 метри во денешните натпревари во Париз. Македонската претставничка обезбеди пласман во финалето како петта со резултат од 558 кругови. Според реузлтатите Наковска-Бикова заврши како шеста, но Иранката Шахи беше дисквалификувана. Наковска-Бикова за два дена ја очекува и настап во категоријата П3 – пиштол од 25 метри.
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Фарски Острови (7. септември) и против Ерменија во Скопје (10. септември) од новото издание на Лига на Нации. На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 26 фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија) Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ) Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија) Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија) Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција) Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија) Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија) Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска) Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција) Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија) Дарко ВЕЛКОВСКИ СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција) Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска) Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија) Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст…
Доцна синоќа, Јувентус официјално го објави потписот со холандскиот фудбалски репрезентативец, Теун Копмајнерс. Фудбалерот кој беше мета на Јуве со месеци, конечно го облече „црно-белиот“ дрес на прославениот торински клуб. „Јувентус објавува дека постигна договор со Аталанта за дефинитивно стекнување на правата на фудбалерот Теун Копмајнерс за сума од 51,3 милиони евра, што ќе се исплати во четири финансиски години. Предвидени се бонуси во износ не поголем од 6 милиони евра при постигнување на одредени спортски цели“, се вели во потврдата на трансферот која стигна од Јувентус. Холанѓанецот потпиша договор на пет сезони и ќе добива плата од 4,5 милиони…
Голманот Арон Рамсдејл е на чекор до заминување од Арсенал. Уште синоќа „Скај Спортс“ објваи дека Саутемптон се договорил со „топчиите“ да го ангажира голманот за 18 милиони фунти плус дополнителни 7 милиони фунти како бонуси. Страните ги продолжуваат преговорите за другите аспекти од договорот и се оптимисти дека до крајот на оваа недела договорот ќе биде потпишан. Рамсдејл се уште нема играно во Премиер лигата оваа сезона, а минатата сезона забележа само 6 настапи. Тој самиот инсистираше да си замине, откако го загуби местото на голот на Арсенал, па сега таа желба се чини ќе му биде исполнета.
Играчот од средниот ред на Барселона,Френки де Јонг, се уште не може целосно да се опорави од тешката повреда која ја доби пред неколку месеци на дербито со Реал Мадрид. Во април годинава Холанѓанецот се повреди по дуелот со Валверде, а повредата го спречи да учествува и на ЕП 2024. Иако оттогаш поминаа неколку месеци, Де Јонг се уште чувствува болки во скочниот зглоб и не може да тренира. Во моментов медицинскиот штаб на Барселона спроведува конзервативен третман на фудбалерот, но се чини дека ситуацијата не оди најдобро. Де Јонг ќе мора да оди на операција за целосно да се…
Американскиот кошаркарски репрезентативец, Џру Холидеј во очекување на новата НБА сезона, вели дека еден фактор може да им помогне на Селтикси да ја задржат титулата и во новата сезона. „Фактот што Бостон го задржа комплетниот ростер ќе биде предност за нас пред нашите конкуренти. Мислам дека ова ќе ни помогне многу. Секогаш е тешко да се освои шампионски трофеј, но да се направи тоа двапати по ред е уште потешко“, вели кошаркарот на Селтикс. Единствениот од тимот на Бостон кој си замина е Михајљук, кој во вонсезоната премина во Јута. Сите останати играчи ќе бидат во тимот и оваа сезона,…
