Author: saso

Капитенот на норвешката репрезентацијата и еден од најдобрите играчи на Арсенал, Мартин Одегард заработи тешка повреда на натпреварот со Австрија (2:1) во Лигата на нации. Во 64. минута на натпреварот во Осло при резултат 1:1, по дуелот со гостинскиот играч Криштоф Баумгарнер, Одегард падна на земја и се фати за глава. По натпреварот лекарот на репрезентацијата изјави дека фудбалерот го исчашил зглобот на левата нога, но дека се ќе се знае по деталните прегледи и ултразвук. Ако не се скинати лигаментите, би требало да се врати на терените за околу еден месец.

Read More

Капитенот на белгиската репрезентација, Кевин де Брујне, беше луд по вчерашниот пораз на тимот од Франција во Лигата на нации. Белгија го загуби натпреварот со 2-0, но капитенот на Манчестер Сити беше не задоволен од играта на тимот. „Не можам да кажам што тргна наопаку. Им кажав на полувремето. Не можам да ги обвинам медиумите, но мораме да бидеме подобри во целина. Ако целта е да бидеме меѓу најдобрите, а очигледно веќе не сме доволно добри за да стигнеме таму, тогаш треба да дадете се од себе. Ако не, готово е“, изјави Де Брујн. „Се повлековме премногу. Ако имате шест…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо, кој се повреди на мечот за шпанската репрезентација, е на пат да се врати на терените побрзо од очекуваното. Олмо заработи повредата за време на натпреварот од Лигата на нации 0-0 против Србија. Поради повредата, тој го пропуштил мечот против Швајцарија, кој завршил со победа на Шпанците со 4–1 и се вратил дома во Барселона. Според информациите, Олмо се здобил само со мала модринка и избегнал сериозна повреда. Се очекува играчот од средниот ред да биде достапен за следниот натпревар на Барселона против Џирона, закажан за 15 септември.

Read More

Скандал го тресе таборот на Холандија во пресрет на натпреварот против Германија во Лигата на нации. Медиумите од Холандија објавија дека Вут Вегхорст и Јуријан Тимбер за малку ќе се степале на тимскиот тренинг по остриот старт на дефанзивецот во нозете на напаѓачот. Тренерот Роналд Куман морал да се вмеша за да ги смири работите, но Вегхорст бил многу лут и си заминал од тренингот. Куман потврди дека напаѓачот не е повреден.

Read More

Новиот шампион на УС Опен, Италијанецот Јаник Синер, ја започна 14-та недела од своето владеење на АТП листата. Нановиот ранкинг објавен денеска младиот италијански тенисер по триумфот во Њујорк ја зголеми предноста и има големи шанси да ја заврши сезоната како најдобар тенисер во светот. На најновата АТП листа Синер има 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од новиот второпласиран во светот, Германецот Александар Зверев. Тенисерот од Хамбург до најдобрата позиција во кариерата стигна со 7.075 поени, претекнувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас. Ѓоковиќ од втората падна на четвртата позиција бидејќи не успеа да го одбрани трофејот освоен минатата година.…

Read More

Легендарниот напаѓач на италијанската репрезентација Тото Скилачи е итно пренесе во болница во Палермо. Информацијата ја потврди и неговото семејство: „Нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и е следен од лекари деноноќно. Форца, Тото“, се вели во соопштението на семејството Скилачи. Поранешниот центарфор на италијанската репрезентација кој сега има 59 години, веќе извесно време се бори со тешка болест. Тој има тумор на цревата, но овој пат е примен во болница поради тешко воспаление на белите дробови, пренесува „Ил Месаџеро“.

Read More

Српскиот интернационалец Немања Босанчиќ е нов фудбалер на ФК Вардар. 29-годишниот играч за врска, доаѓа во редовите на Вардар од литвански Паневезис. Во досегашната кариера, Босанчиќ играше во повеќе првенства, но и во Македонија во екипата на Струга ТЛ. За Струга Трим Љум одигран 48 натпревари, на кои има забележано 11 асистенции и има постигнато вкупно 10 гола.

Read More

Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреди нема да му бидат на располагање на селекторот Благоја Милевски за претстојните два меча во Лигата на нации против Фарските Острови и Ерменија. Како што информираа денеска од Фудбалската федерација и двајцата остануваат надвор од комбинација за првите две средби, по повредите кои ги заработиле на подготовките. Засега нема информација дали Милевски ќе повика нови фудбалери на новните места.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски, пред поаѓањето за Фарски острови, рече дека противникот никако не смее да биде потценет, но ако одиграме како што знаеме, би требало да освоиме три бода в сабота попладне во Торшавн. „Тоа што било досега, треба да го оставиме зад себе, да извлечеме поука да станеме подобри. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме било кој противник, фудбалот се развива, сите се спремни. Мора да се држиме до нашиот план и принципите во играта. Одговорноста и тактичката дисциплина треба да ни бидат приоритет за да дојде до израз нашиот индивидуален квалитет. Ако…

Read More

Светскиот тенисер број еден, Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на УС Опен совладувајќи го Данил Медведев со 3-1 во сетови во четвртфиналето одиграно утринава. Пред повеќе од 20.000 луѓе на стадионот „Артур Еш“, Синер победи со резултат 6:2, 1:6, 6:1, 6:4, по два часа и 41 минута игра. Италијанецот на тој начин намали на 6-7 во меѓусебните дуели со Русинот. Сезонава тој славеше во финалето на Австралија опен, полуфиналето во Мајами, додека Русинот беше подобар во четвртфиналето на Вимблдон. Синер ќе се бори за првото финале на УС Опен во кариерата со Џек Дрејпер, кој беше подобар од Алекс…

Read More