Македонската фудбалска легенда Васил Рингов по цели 30 години имаше средба на генерациите со некогашниот репрезентативец на Југославија, а денеска еден од најпознатите фудбалски тренер од овие простори, Вахид Халилхоџиќ. Во рамките на Меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар“ во Сараево, екипата на Спортското радио 90.3 фм ги улови овие две големи имиња на екс-југословенскиот фудбал, кој се видоа за првпат по три децении, откако некогаш играа заедно во поранешната југословенска лига, Васе Рингов во дресот на Вардар, а Халилхоџиќ како дел од мостарски Вележ. Средбата изобилуваше со емоции и спомени. Инаку и Рингов и Халилхоџиќ се дел од меѓународниот спортски симпозиум,…
Author: saso
Српскиот одбојкарски интернационалец Немања Пантиќ следната сезона ќе го носи дресот на Борец од Велес. Пантиќ беше еден од најдобрите одбојкари во редовите на Вардар, па сега ќе ја продолжи кариерата во велешкиот состав кој со сериозни амбиции влегува во новата одбојкарска сезона. Пантиќ во претходните сезони го носеше дресот и на Рибница Краљево, Железничар и Дубочица, па сега е еден од најдобрите играчи и во нашето првенство.
Македонските сонца Илина и Ева Сколовски, најдобрите наши гимнастичарки, заедно со ФГСМ, по вторпат ќе ја носат Македонија на Балканското првенство, што ќе се одржи од 26-29 овој месец во Будва, Црна Гора. Токму затоа овие две сестри летото место да одмараат интензивно тренираа. Бидејќи со родителите живеат во Германија, летниот распуст во татковината го искористија за тренинзи на домашен терен. -Ние две сме подготвени. Јас ќе настапам во сениорска конкуренција, додека Ева ќе се натпреварува во јуниорска до 16 гидини. Подготовките ги правевме во Македонија, од каде и потекнуваме. Трениравме во салата „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, па затоа…
Македонскиот фудбалски шампион во младинска конкуренција, Брера Струмица, во првиот меч од младинската Лигата на шампиони одигра реми против Сараево (2:2) на првиот меч во Струмица. Брера се врати од два гола негатива, па така го остави дуелот отворен и за реваншот кој е на програмата во главниот град на Босна и Херцеговина на 2 октомври. Головите за Сараево ги постигнаа Поповиќ и Плохо, додека ремито за Брера го донесе георгиевски со двата гола во 74. и 94. минута од натпреварот.
Аргентинската фудбалска мега-ѕвезда Лионел Меси дојде на само два гола до соборување на клупскиот рекорд на Интер Мајами по бројот на постигнати голови. Меси дојде до бројката од 27 постигнати голови за Интер Мајами, откако постигна еден гол на последниот натпревар против Филаделфија Унион во кој неговата екипа славеше со 3-1. Со ова, на Аргентинецот му недостасуваат само уште два гола да го израмни рекордот на Гонзало Игуаин од 29 гола. Меси за Интер Мајами игра од 2023 година.
Австралиецот Оскар Пјастри изјави дека трката за Големата награда на Азербејџан е една од најдобрите трки во неговата кариера и дека е горд на резултатите на тимот што го презеде водството во шампионатот на конструктори. „Откако отидов во боксот, почувствував дека има повеќе грип и морав да го искористам тоа, знаев дека ако не го поминам Леклер после тоа, никогаш нема да успеам. Направив голем скок и успеав и потоа се обидов да ја задржам предноста во следните кругови. Кога тој излезе од ДРС зоната, бев порелаксиран, но тука нема опуштен круг “, рече Пјастри. Пијастри победи во Баку за…
Францускиот играч за врска, Адриен Рабио се сели во Олимпик од Марсеј. Според она што го потврди францускиот тим, екс играчот на Пари Сен Жермен и Јувентус во следните две сезони ќе биде дел од Олимпик. Рабио (29) денеска ќе пристигне во Марсеј за да ги мине лекарските прегледи. Тој веќе два месеци е слободен играч по заминувањето од Јувентус. Фудбалерот одбил неколку понуди од европски клубови, и реши да премине во Олимпик.
Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз ги почна настапите на УЕФА Купот на регионите. На мечот со домаќинот на турнирот во Стара Пазова, селекцијата на Србија, избраниците на селекторот Жанко Савов беа поразени со резултат 2:0. До 80. минута на средбата резултатот беше нерешен (0:0), но во финишот домашните искористија две шанси и успеаја да слават. Головите за Србија ги постигнаа Бариќ во 80’ и Бачвански во 92’. Во вториот натпреваро од групата, селекцијата на Словачка со високи 3:1 славеше над аматерската селекција на Велс. Во 2. коло Македонија ќе се сретне со Словачка во понеделник.
Турскиот гигант Галатасарај влезе во трката за Елиф Елмас, пишуваат турските весници. Повикувајќи се на германски извори, информациите велат дека Галатасарај се обидува да го врати нашиот репрезентативец во Турција, каде Елмас претходно го носеше дресот на Фенербахче. Галатасарај разговарал и со РБ Лајпциг околу можна позајмица во период од една година. Останува нејасно каков е ставот на „биковите“, но со оглед на тоа што Елмас тешко успева да се избори за минутажа во составот на бундестимот, позајмица до крајот на сезоната во екипата на Галатасарај и не изгледа како невозможна опција.
Манчестер Сити има намера да го задржи Пеп Гвардиола како главен тренер на тимот и по 2025 година. Иако Гвардиола се уште не се изјаснил дали ќе остане, островските медиуми пренесуваат дека челниците на англискиот шампион прават се за шпанскиот стручњак да продолжи да си ја врши работата. Гвардиола стана првиот стручњак кој четири пати по ред ја освојувал титулата со својот тим во Премиер лигата. За да го убедат Гвардиола да остане, клупските челници се подготвени да му дадат годишна плата поголема од 20 милиони евра, плус да му донесат двајца играчи за кои се подготвени да одвојат вкупно…
