Author: saso

Дуелот меѓу Тиквеш и Вардар од 6 коло во ПМФЛ не го дочека крајот, откако во последните секунди од судиското продолжение, Тиквеш постигна гол кој судиите го поништија поради офсајд, па навивачите на домашната екипа со тврд предмет го погодија еден од помошните судии. Главниот судија Ставрев го прекина мечот при водство на Вардар од 0:1. Во останатите денешни дуели, важна победа за Шкупи на дербито со Струга на гостински терен од 3:0, а и Гостивар го победи Силекс на гости со 2:1. Пелистер дојде до трите бода на гостувањето кај Беса (3:2), додека Работнички и Брера одиграа 1:1. Најубедливата…

Read More

Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, триумфираше на денешната трка за Големата награда на Емилија Ромања, 14-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. На патеката „Марко Симончели“ тој ја освои втората победа сезонава, а воедно на Дукати му ја донесе 100-та победа во историјата. На крајот Шпанецот Хорхе Мартин завршу втор со пет секунди зад Бастианини, додека возачот на Гресини Марк Маркез се најде на третата позиција на подиумот.

Read More

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро е во центарот на вниманието по инцидентот на трибините по Суперкласикото меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс. По последниот судиски свиреж Ромеро упадна на трибините на стадионот. Натпреварот заврши со победа на Ривер Плата од 1:0, откако единствениот гол го постигна Мануел Ланцини во 20. Минута. По натпреварот настана хаос на трибините на стадионот кога видно исфрустриран Ромеро влезе во тунелот. Следувало викање и фрлање предмети, при што голманот не можел да се држи настрана и се вратил да се пресмета со навивачите.

Read More

Реал Мадрид забележа невидено достигнување во 21 век со победата од 4-1 над Еспањол во Ла Лига. Килијан Мбапе го постигна последниот гол од пенал на крајот од натпреварот. Така, за првпат во XXI век, тим од Ла Лига доби пет пенали во првите шест кола од шампионатот. Реал Мадрид повторно ја имаше истата привилегија од 1951 година. Самиот Мбапе стана само вториот играч на кралскиот клуб во новиот век кој постигнал пенали во три последователни натпревари. Во април 2022 година тоа го направи неговиот сонародник Карим Бензема.

Read More

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Емилија Ромања, 14-та трка во сезоната во Мото ГП шампионатот. Актуелниот шампион го освои третиот пол сезонава на патеката „Марко Симончели“, со рекорден круг од 1:30.031 минута, две десетинки пред Хорхе Мартин на Прамак Дукати. На двајцата во првиот ред на стартот на двете трки ќе им се придружи другиот фабрички возач на Дукати, Енео Бастианини, кој заостануваше неколку секунди зад својот тимски колега.

Read More

Освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе одигра само еден натпревар на Светското клупско првенство во Катар во декември. ФИФА одлучи да го испрати европскиот првак директно во финалето на натпреварувањето кое ќе се игра на 18 декември во Доха. Во претходните изданија шампионите на Европа и Јужна Америка го започнуваа учеството од полуфиналето и требаше да победат во два меча за да го освојат трофејот. Сепак, светската фудбалска организација се обидува да ги смири фудбалерите кои се незадоволни од премногу натпревари во Европа. Турнирот ќе започне со натпревар меѓу шампионите на Азија и Океанија, при што победникот ќе…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Михаил Мудрик може да го напушти англискиот тим оваа зима. Украинскиот интернационалец сака да го напушти таборот на „сините“ и има намера да се пресели во тим каде што ќе добие редовна минутажа. Од почетокот на тековната сезона 2024/2025, Мудрик одигра само два натпревари за лондончани, иако поминаа четири кола од Премиер лигата, во кои Челзи забележа 2 победи, 1 реми и 1 пораз. Мудрик се пресели во Челзи од Шахтјор Доњецк во јануари 2023 година за 70 милиони евра со договор до 2031 година.

Read More

Поранешниот напаѓач на Челзи и на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу, ја продолжи својата фудбалска кариера на 39-годишна возраст. Калу ќе го предводи тимот на Гањоа, тим од неговата родна земја, а истовремено ќе ја преземе улогата на директор во клубот. Калу, кој беше дел од некои од најголемите европски тимови како што се Феенорд, Челзи, Лил, Херта и бразилскиот Ботафого, продолжува да биде симбол истрајноста. За време на неговиот престој во Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите како и голем број други трофеи, а за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска забележа 97 настапи и…

Read More

Манчестер Јунајтед се подготвува за можна тренерска промена. Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Јунајтед веќе некое време го има намета италијанскиот стратег Масимилијано Алегри како можна замена за Тен Хаг. Италијанецот го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона, иако во два мандати на Јувентус му донесе пет шампионски титули. Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа.

Read More

Синоќа во преполната сала во хотел „ХИЛС“ во Сараево, во рамките на 13. спортски меѓународен симпозиум „СИМПОСАР“, се одржа промоција на филмот „Моја Вистина“ за легендарниот поранешен југословенски фудбалер и тренер Вахид Халилхоџиќ. Пред самата промоција се обрати авторот Сабахудин Топалбечировиќ кој му се заблагодари на Вахид за трпението додека се снимаше овој филм и најави дека самата промоција ке биде „Ноќ на Емоции“. Во пресрет на промоцијата, беа поделени и бројни награди и признанија меѓу кои ќе ги истакнеме: За АМБАСАДОРИ на симпозиумот признанија добија популарните: Аљоша Асановиќ, Хусреф Мусемиќ, Предраг Пашиќ, Игор Штимац и Роберт Јарни. Награди добија…

Read More