Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повикани фудбалери за октомвриските дуели со Летонија (10.10) и Ерменија (13.10) на гостински терен. Како ново име во националниот тим е Андреј Стојчевски, кој е прекомандуван од младата селекција. „Списокот е тој што е. Имаме повреди кои не се планирани. Трапановски не е тука поради повреда заработена на тренинг. Трајковски се надевам дека ќе биде добро и ќе се приклучи во тимот. За жал Дарко Велковски се уште нема клуб и не е во посакуваната форма и она што се очекува од него. Останатите се надевам дека ќе…
Author: saso
Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми го постигна својот прв гол за Интер во ЛШ, па по мечот истакна дека главна цел на тимот е пласман во финалето на Лигата на шампионите оваа сезона. „Мило ми е што вечерва постигнав гол, што играм добро, благодарение на моите соиграчи. Беше одлично. Толку сум возбуден, ми требаше време да постигнам гол, но секогаш се трудев да дадам се од себе на тренинзите, се борев за овој момент и успеав да го постигнам голот вечерва. Нашата цел како голем клуб е да стигнеме до финалето, бидејќи Интер мора да се обиде да победи на…
Рома преговара за нов договор со својот стартен голман Миле Свилар, објави новинарот Николо Шира. Според изворот, 25-годишниот Србин е блиску до склучување договор со римјаните до крајот на јуни 2029 година, а неговата плата од 900 илјади евра по сезона ќе се зголеми на 2 милиони. Свилар игра за Рома од јули 2022 година. Во тековната сезона голманот учествуваше на 7 натпревари во сите конкуренции, прими 5 гола и три меча ги заврши со празна мрежа. Актуелниот договор на чуварот на мрежата на „волчицата“ е до крајот на јуни 2027 година.
Капитенот на Саутемптон, Џек Стивенс е казнет со 50.000 фунти и суспензија од два натпревари поради употреба на непристојни зборови кон официјалните лица по натпреварот против Манчестер Јунајтед. Стивенс доби и црвен картон поради прекршок над Алехандро Гарначо во поразот од 3-0 на 14 септември. 30-годишниот дефанзивец имаше расправа со судијата Стјуарт Атвел, поради што заработи дополнителна казна по пријава. „Дефанзивецот призна дека употребил навредлив јазик кон судијата и четвртиот судија во 7. минута кога беше исклучен“, се вели во соопштението на англиската асоцијација. Стивенс ќе ги пропушти следните натпревари на Саутемптон против Арсенал и Лестер, а веќе пропушти три…
Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти за ремито на Реал Мадрид на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1:1) во Ла Лига вели дека можеше да биде и чиста победа. „Ремито на некој начин носи поделени чувства, бидејќи бевме многу блиску до победа, но во исто време е сосема природно во смисла дека противникот е силен, има ресурси и сериозен квалитет. Штета што не ја задрживме победата во последните минути. Кога поведовме, игравме многу добро и ја контролиравме играта. Бевме многу блиску до победа. Сè уште се бориме за титулата. Нема очај, тука беше сосема реално да биде нерешено. Во текот на…
Некогашниот англиски репрезентативец Гери Линекер по вчерашниот пораз на Манчестер Ј. на домашен терен од Тотенхем беше дециден дека не гледа начин како Ерик Тен Хаг може да ги сврти работите во Манчестер Јунајтед и вели дека „црвените ѓаволи“ тешко дека ќе успеат да излезат од оваа резултатска криза со овој начин на игра. Шпекулациите за неговата иднина изгледа ќе се интензивираат во наредните денови, а поранешниот англиски напаѓач не верува дека Холанѓанецот може да избегне отказ. „Ова носи се повеќе болка за навивачите на Манчестер Јунајтед. Колку пати сме прашале кој е нивниот план, каков е нивниот начин на…
Арсенал се уште нема одлучено што ќе прави со двајца фудбалери кои очигледно веќе не се во плановите на менаџерот Артета. Станува збор за Томас Парти и Жоргињо. Договорите на двајцата се до крајот на сезоната, а клубот се уште размислува дали да ги продолжи. Парти веќе има 31 година, додека Жоргињо 32 и веројатно за Арсенал ќе биде доста ризично да потпише нови договори подолги од година или две. Тие исто така имаат големи плати што го оптоваруваат буџетот на клубот, па затоа медиумите шпекулираат дека ќе им биде дозволено да си заминат на крајот на сезоната.
Барселона е многу блиску до конечно објавување на нов договор со компанијата за производство на спортска опрема Најк. Двете страни веќе имаат усмен договор меѓу нив, кој наскоро ќе биде објавен. Новиот спонзорски договор се работи веќе некое време и од „Камп Ноу“ се надеваат дека договорот ќе и овозможи на Барселона да инкасира поголема сума на пари во клупската каса. Зделката е веќе завршена и ќе биде објавена по состанокот на делегатите, кој треба да се одржи на 19 октомври. Се очекува Барса да добива повеќе од 100 милиони евра годишно според овој договор, кој ќе биде на 10…
Легендарниот НБА кошаркар, Дерик Роуз, поранешен МВП на НБА лигата, денеска објави дека ја завршува кариерата на 35 години. Најмладиот МВП во историјата на лигата реши да си замине од кошарката по 15 години во НБА лигата. Пред неколку дена Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис каде беше претходните неколку сезони, а сега е јасно дека тоа се случи бидејќи планираше да ја заврши кариерата. „Следното поглавје за мене е да ги следам моите соништа и да го споделам мојот развој“, изјави Роуз за „Атлетик“. Роуз беше избран со прв пик на НБА драфтот во 2008 година од Чикаго Булс,…
Шефот на светската атлетика Себастијан Коу, мултимилjaрдерот Јохан Елиаш и министерката за спорт на Зимбабве Кирсти Ковентри се меѓу седумте кандидати кои ќе се вклучат во претседателските избори за прв човек на Интернационалниот олимписки комитет следната година. Потпретседателот на ИОК, Хуан Антонио Самаранч, инаку син на истоимениот поранешен претседател на ИОК, шефот на меѓународниот велосипедизам Дејвид Лапартиент, принцот Фејсал Ал Хусеин од Јордан и шефот на меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, исто така се во трка за наследник на актуелниот претседател Томас Бах. 70-годишниот Германец се повлекува од функцијата следната година. Изборот ќе се одржи на седницата на ИОК во…
