Легендарниот НБА кошаркар, Дерик Роуз, поранешен МВП на НБА лигата, денеска објави дека ја завршува кариерата на 35 години.
Најмладиот МВП во историјата на лигата реши да си замине од кошарката по 15 години во НБА лигата. Пред неколку дена Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис каде беше претходните неколку сезони, а сега е јасно дека тоа се случи бидејќи планираше да ја заврши кариерата.
„Следното поглавје за мене е да ги следам моите соништа и да го споделам мојот развој“, изјави Роуз за „Атлетик“.
Роуз беше избран со прв пик на НБА драфтот во 2008 година од Чикаго Булс, и веднаш тргна да доминира во лигата. Момчето од Чикаго стана МВП на лигата во 2011 година на 23 години.
Три пати беше Ол-стар учесник, еднаш беше дел од најдобриот тим на сезоната, но неговата кариера за жал беше одбележана со многу повреди на коленото, поради кои никогаш не успеа да с еврати во вистинската форма.

