Author: saso

Кис ван Вондерен е новиот тренер на германски Шалке 04. 55-годишниот Холанѓанец доаѓа на местото на Белгиецот Карел Герец. Ван Вондерен е поранешен тренер на Го Ахед Иглс , како и поранешен селектор на репрезентацијата на Холандија до 17 и до 18 години. Шалке 04 се наоѓа на 13. место во 2. Бундес лига по лошиот старт на сезоната и влегува во опасната зона за испаѓање и од втората лига.

Read More

Веќе се објавени цените на билетите за ЗОИ во Милано Кортина 2026. Истите ќе се движат од 30 евра за прелиминарните натпревари во машки и женски хокеј до речиси 3.000 евра за церемонијата на затворање во Верона Арена. Најскапата спортска манифестација е финалето во хокеј за мажи каде цените на билетите се од 450 до 1.400 евра. Организаторите објавија дека повеќе од 20 отсто од билетите за натпреварите во февруари се достапни за помалку од 40 евра, а повеќе од половина се по цена под 100 евра. Зимските игри ќе се вратат во Италија по 20 години и ќе опфатат…

Read More

Популарниот Формула 1 пилот, Валтери Ботас, вчера учествуваше на Светското првенство во друмски велосипедизам. Заедно со неговата сакана, австралиската велосипедистка Тифани Кромвел, финскиот возач го заврши настапот на 133-то место од 247 натпреварувачи во возрасната категорија 35-38 години. Трката започна во германскиот град Хале, а целта беше во Лувен, Белгија. Интересно е што Ботас се уште го нема решено статусот во својот Ф1 тим за следната сезона, затоа што се зборува дека сопствениците на Заубер сакаат да го заменат со Мик Шумахер.

Read More

Виз Ер Скопски маратон во своето јубилејно 20то издание, ќе има рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град со позитивна енергија и ќе ја потсетат јавноста дека навистина, – трчањето може да те промени. Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите. „Од името на министерството можам да изразам едно задоволство што…

Read More

Планираниот спринт за млади возачи на патеката во Абу Даби нема да се одржи оваа година. Првично, идејата беше дека на крајот на сезоната во Формула 1, ќе има една рунда надвор од класата, каде што секој тим ќе извади по еден болид на стартот, а возачите од младинските програми ќе учествуваат на трката. Етапата требаше да се состои од една сесија на слободен тренинг, квалификации и спринт. Идејата, претставена на состанокот на Комисијата за Формула 1 од страна на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, доби поддршка од Формула 1, ФИА , како и од сите шампионски тимови. Сепак,…

Read More

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери ја оцени победата на својот тим над Баерн како уште еден голем чекор на тимот оваа сезона. „Сакаме да играме постојано во Европа на високо ниво. Се боревме одлично и победивме. Можеби ќе бидеме меѓу осумте најдобри екипи, тоа ни е целта. Ова беше голем чекор за нас“, изјави тренерот на Астон Вила . По 2 натпревари, клубот од Бирмингем со 6 бодови го дели првото место со 6 клуба во генералната фаза од Лигата на шампионите.

Read More

Крилниот напаѓач на Реал (М), Родриго вчера не настапи на натпреварот со Лил (0:1) поради проблеми со грбот. Ова го потврдија по натпреварот од „кралскиот клуб“. Родриго го мина вториот меч од Лигата на шампионите на клупата за резерви, откако се повреди на неделниот натпревар од Ла Лига против екипата на Атлетико (М). Според информациите, сепак, не станува збор за посериозна повреда и се очекува Родриго брзо да се врати во стартниот тим на Анчелоти.

Read More

Интер Мајами пред време стана победник на регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата во САД. Клубот од Флорида синоќа го победи Колумбус со 3:2 и по 32 меча со 68 бода се зацврсти на првото место на табелата. Така, Интер Мајами го освои трофејот што му се доделува на победникот во регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата. За главната ѕвезда на тимот од Флорида, Лионел Меси, кој постигна два гола во клучната победа на Интер Мајами, ова беше 46-та титула во кариерата.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Сенегал, Алиу Сисе е разрешен од функцијата, соопшти Фудбалскиот сојуз на Сенегал. Одлуката доаѓа како резултат на незадоволството од резултатите и се поголемата непопуларност на Сисе во земјава. Сисе помина повеќе од девет години на чело на националниот тим и го освои Купот на Африканските нации во 2022 година со Сенегал. Фудбалската асоцијација на Сенегал исто така соопшти дека добила писмо од министерот за спорт Кади Диен Гаје во кое не се одобрува продолжувањето на договорот на Сисе, кој истече на 31 август.

Read More

Над 13.000 натпреварувачи в недела ќе се појават на јубилејното 20. издание на Скопскиот маратон. Директорот на трката, Кире Синадиновски, во денешното интервју за Спортското радио 90. 3 фм, потенцираше дека низ скопските улици уште еднаш ќе имаме голем број на натпреварувачи во повеќе трки и се поголем број на странски натпреварувачи. „Годинава ќе го собориме рекордот со бројот на учесници. Исто така ќе имаме и рекорден број пријавени натпреварувачи во маратон. Имаме две мали корекции на трасата, особено на трката на 5 километри, бидејќи таму имаме најголем број на пријавени натпреварувачи и се создава тесно грло. Затоа годинава направивме…

Read More