Популарниот Формула 1 пилот, Валтери Ботас, вчера учествуваше на Светското првенство во друмски велосипедизам. Заедно со неговата сакана, австралиската велосипедистка Тифани Кромвел, финскиот возач го заврши настапот на 133-то место од 247 натпреварувачи во возрасната категорија 35-38 години.
Трката започна во германскиот град Хале, а целта беше во Лувен, Белгија. Интересно е што Ботас се уште го нема решено статусот во својот Ф1 тим за следната сезона, затоа што се зборува дека сопствениците на Заубер сакаат да го заменат со Мик Шумахер.

