Author: saso

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дaјк беше многу незадоволен од фактот што го доби првиот црвен картон во националниот дрес на вчерашната средба во Унгарија. Дефанзивецот на Ливерпул заработи два жолти картони во период од три минути, од кои првиот му беше покажан откако Ван Дајк отиде да разговара со главниот судија Лукас Фандрих за да го изрази своето незадоволство поради прекршокот над Мален со кој беше прекинат контранападот на „лалињата“. „Овој црвен картон е непријатен. Тоа не требаше да се случи. Сепак, лут сум поради првиот жолт картон. Се вели дека капитенот е единствениот кој може да разговара со…

Read More

Oткако пред неколку дена се појави информацијата дека ФК Вардар и официјално продал 85% од своите акции, денеска со соопштение се огласи новиот сопственик на Вардар, Атила Бижен Жалили. „Задоволство ми е да ја информирам македонската публика дека од договорот од 07.10.2024 година, преземени се 85% од акциите од страна на менаџментот на мојата компанија. Имаме многу исуство со менаџирање на фудбалски клубови и имаме соработка со многу познати фудбалски клубови во Европа, и ветуваме брза финансиска, организација и резултатска консолидација на еден од најголемите спортски брендови во Македонија. Во последните неколку години, со оглед на бизнисите кои ги поседуваме,…

Read More

Јирген Клоп официјално ќе се врати на фудбалот во јануари 2025 година, кога поранешниот менаџер на Ливерпул ќе ја преземе функцијата глобален шеф за фудбал во Ред Бул. Само осум месеци по заминувањето од „Енфилд“, Клоп ќе се врати во клучна улога во австрискиот гигант. Новата улога на Клоп ќе биде „управување со меѓународната мрежа на фудбалски клубови на компанијата“, вклучувајќи ги Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс, Брагантино и други). Тој ќе биде директно одговорен за тренерските прашања, филозофијата на играта, развојот и трансферите на таленти и тренери. Клоп, сепак, нема да се меша во секојдневната работа на клубовите, туку…

Read More

Ливерпул ќе биде без првиот голман Алисон Бекер до крајот на репрезентативната пауза во ноември, откако се вратија тестовите за повредата што ја заработи при победата од 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас викендов. Бразилскиот интернационалец беше принуден да го напушти натпреварот на Селхурст Парк поради проблем со тетивата. „Тајмс“ пишува дека поради сериозноста на проблемот тој нема да се врати на терените до крајот на репрезентативната пауза следниот месец. Позитивната вест е дека Алисон најверојатно ќе се врати навреме за натпреварите од Лигата на шампионите со Реал Мадрид на „Енфилд“ на 27 ноември и гостувањето кај шампионот Манчестер Сити…

Read More

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45 ч.) во Битола ќе го пречекаат Спортинг (Л) во меч од четвртото коло од новата сезона од Лигата на шампионите. По трите стартни порази од ПСЖ, Фухсе Берлин и Динамо (Б), битолските „зелено-бели“ пред своја публика го пречекуваат португалскиот шампион Спортинг од Лисабон, со надеж дека можат да дојдат до првата радост. Сепак, не смее да се заборави фактот дека Португалците имаа импресивен старт во групата и во првите три кола имаат исто толку победи. Спортинг е лидер во групата „А“, а особено импресионираше со победата над Веспрем во последното коло. „Се надевам на…

Read More

Ракометарите на Вардар остварија прва победа во ЕХФ Европската лига. Во првото коло од групната фаза, Вардар во Скопје убедливо со 33:26 го совлада исландски Валур и покажа дека и по двегодишна пауза од европски настапи, не заборавил како се победува на европската сцена. Во првото полувреме момците на Недановски имаа високи +8 (19:11), но Валур во второто полувреме одигра многу подобро, успеа да се врати на минус 5, но не и да го издржи финишот. Вардар успеа да наметне темпо во завршницата и на крајот да дојде до висока победа од 7 гола разлика. Срдановиќ и Борозан со по…

Read More

Фудбалскиот клуб Вардар има нов сопственик. Станува збор за Атила Бижен Жалили, кој ги презеде 85% од акциите на клубот, соопштија од таборот на „црвено-црните“ на платформата „Икс“. Засега тоа е единствената информација околу новиот сопственик, а во објавата се вели дека следува финансиска, организациска и резултатска консолидациај на ФК Вардар.

Read More

Ракометарите на Вардар утре во СЦ „Јане Сандански“ ги започнуваат европските настапи. Во рамките на групната фаза од ЕХФ Европската лига, Вардар е домаќин на исландски Валур. Пред дуелот, тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски вели: „Многу ми е драго што по 2 години се враќаме во Европа. Тоа го посакуваа сите и играчите и навивачите. Можеби одамна не сме играле Европска лига, но се надеваме дека наскоро ќе гледаме и Лига на шампиони. Противникот е малку познат на јавноста. Тоа е млада, но доста перспективна екипа, која форсира брз, модерен ракомет. Составени се од млади играчи и неколку навистина возрасни…

Read More

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џордан Хендерсон може да се врати во англискиот фудбал. Хендерсон го напушти Ливерпул во 2023 година откако беше капитен до успехот во Премиер лигата и Лигата на шампионите, па замина во С. Арабија, за по кусо време да се врати во Европа и да потпише за холандски Ајакс. Сега The Sun објави дека тој сака да го напушти холандскиот клуб по помалку од 12 месеци во Амстердам. 34-годишниот играч има само три настапи во лигата цела сезона. Се зборува дека клубовите од Премиер лигата и некои амбициозни тимови од Чемпионшип се во состојба на готовност поради…

Read More

Фудбалерот на лондонски Арсенал, Каи Хаверц ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Германија во Лигата на нации против Босна и Херцеговина и Холандија, соопшти Германскиот фудбалски сојуз. Хаверц се повлече од националниот тим поради повреда на левото колено, а селекторот на Германија, Јулијан Негелсман наместо него го повика напаѓачот на Мајнц, Џонатан Буркарт. Германија во петок и гостува на Босна и Херцеговина, а три дена подоцна во Минхен и гостува на Холандија.

Read More