Author: saso

NBA

Скоти Пипен Џуниор доби договор со екипата на Мемфис. 23-годишниот кошаркар кој играше со двонасочен договор, влезе со целосен договор со клубот. Пипен им се приклучи на Гризлис во сезоната 23/24. Тој импресионираше во претсезоната, со просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции за 20,5 минути во четири натпревари. Се очекува Пипен да биде една од првите резерви во тимот следнава сезона. Пипен Џуниор е син на легендарниот Скоти Пипен, кој дојде во НБА од Драфтот во 2022 година.

Read More

Аргентина ја уништи Боливија со 6-0 во 10. коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година, а капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси постигна хет-трик и запиша две асистенции. Тоа беше прв натпревар на Меси за Аргентина по 334 дена, а трите гола се негов прв хет-трик од мечот со Курасао на 28 март 2023 година. Аргентина останува на врвот на Светското првенство во 2026 година со 22 бода. На второто место со 19 бодови е селекцијата на Колумбија која го совлада Чиле (4:0). Уругвај кој заврши 0-0 со Еквадор и Бразил имаат по 16 бода. Петкратниот светски шампион Бразил ја…

Read More

Откако вчера беше објавено дека германскиот стратег Томас Тухел ќе биде нов селектор на Англија, денеска се објавени и дел од деталите од договорот на Тухел со репрезентацијата на Англија. Според новинарот Нејтан Гисинг, Тухел ќе потпише договор на една и пол година и ќе започне со работа на 1 јануари. Беше објавено дека платата на тренерот ќе биде помеѓу 4,5 и 5 милиони фунти годишно. Според најавата, ФА можеби и денеска официјално ќе го претстави Тухел како нов селектор на националниот тим.

Read More

Казахстан ќе биде домаќин на Игрите на иднината во 2026 година. Земји од целиот свет се натпреваруваа за можноста да бидат домаќини на овој престижен годишен настан, при што Казахстан на крајот беше избран од Меѓународниот експертски комитет Phygital. Успешната кандидатура на Казахстан се припишува на неговото искуство во организација на меѓународни турнири, најсовремени спортски објекти и силниот спој на спорт, култура, традиција и иновации. Игрите на иднината се уникатен глобален турнир кој комбинира физички и дигитални спортови, на кој учествуваат елитни спортисти и професионалци за е-спортови од целиот свет. Изданието во 2025 година ќе се одржи во Обединетите Арапски…

Read More

Францускиот репрезентативец Пол Погба изјави дека е гладен да се врати на фудбалот откако неговата забрана за допинг минатата недела беше намалена од четири години на 18 месеци. „Фудбалот е колачот со јагоди што ми беше изваден од уста“, изјави Погба за „Л’Екип“ во интервју на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз. Погба, кој е под договор со италијанскиот гигант Јувентус до 2026 година, ќе може да се врати на терените од 11 март следната година, четири дена пред неговиот 32 роденден.

Read More
NBA

Деветкратниот НБА ол-стар учесник, Пол Џорџ, кој и се приклучи на Филаделфија како слободен играч во вонсезоната, го повреди левото колено во претсезонската победа над Атланта Хокс, соопшти тимот. Џорџ незгодно згазна на ногата, по што мораше да го напушти теренот. По мечот Џорџ изјави дека не е премногу загрижен за повредата, но од клубот најавија детални прегледи за да се утврди видот на повредата.

Read More

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ќе биде освојувач на престижната награда „Златен велосипед“ која се доделува секоја година за најдобриот во велосипедскиот спорт во светот. Според информациите, Погачар едногласно е избран за добитник на оваа престижна награда, откако триумфираше на двете најголеми велосипедски трки во Италија и Франција, освои светска титула, а има и над двојно повеќе поени од неговиот најблизок ривал Ремко Евенепул на светската ранг листа.

Read More

Наполи стравува за состојбата со играчот од средниот ред Станислав Лоботка, кој се повреди за време на последното гостување на Словачка во Лигата на нации на УЕФА. Избраниците на Франческо Калцона го победија Азербејџан со 3:1, а Лоботка мораше да го напушти теренот во 83. минута. 29-годишниот фудбалер побарал да биде заменет откако почувствувал одредена непријатност во мускулот на бутот. Денеска Лоботка ќе оди на прегледи за да се види состојбата со мускулот и дали ќе мора да направи пауза.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација го потврди пласманот на првото место во групата во Ц-сегментот од Лигата на нации на УЕФА, откако вечерва со 2:0 ја совлада Ерменија на гостувањтео во Ереван. За третата победа на избраниците на Благоја Милевски се погрижија Миовски и Алими со два прекрасни погодоци во второто полувреме на натпреварот. Откако успеавме во 70 минути да го издржиме притисокот на домашните и неколку одлични шанси кои Димитриевски успеа да ги одбрани, следуваше казната. Во 71. минута Миовски со еден прекрасен шут од далечина погоди за водство од 1:0, додека Алими во 85. минута стави печат на победата со…

Read More

Барселона сака да го отповика Ламин Јамал од шпанската репрезентација поради повреда. На крилниот напаѓач му беше дијагностицирано истегнување на мускулот на левата нога по мечот со Данска од Лигата на нации 1-0, на кој беше заменет во 93. минута. Напуштајќи го теренот, Јамал куцаше. Тој исто така имаше потешкотии во движењето откако отиде во трибините. Барселона не сака да ризикува со фудбалерот и цврсто побара да биде ослободен од неговиот понатамошен престој во националниот тим. Иако се уште не е јасно дали ќе се врати во клубот, тие се убедени дека не треба да игра во вторник против Србија.

Read More