Author: saso

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, со двата гола на Дианеси го победи Тиквеш со 2-0 во осминафиналето на Купот на Македонија и потврди дека оваа сезона Купот ќе има нов освојувач. Со 2-0 победија и Брера против Беса и Струга Трим Лум против Македонија Ѓорче Петров, а изненади второлигашот Арсими кој во Гостивар со 3-1 ја исфрли Воска Спорт. Силекс на пенали го совлада Шкупи со 4-3, откако средбата во регуларниот дел заврши 0-0. Со минимални победи од 1-0 понатаму одат тетовска Шкендија која го победи истоимениот тим од Арачиново, Гостивар на кој еден гол му беше доволен против Брегалница,…

Read More

Бранко Ангеловски повеќе не е тренер на ракометниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер. Вечерва по поразот во Скопје во дербито со Алкалоид, Ангеловски веднаш си поднел оставка на тренерската позиција. Од клубот на социјалните мрежи потврдија дека Ангеловски заминува, Тие му посакаа среќа во натамошната негова тренерска кариера. Вечерва Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот сезонски пораз во Суперлигата, по што веќе заостанува зад конкурентите во битка за првото место.

Read More

Хрватскиот стратег Игор Тудор е без клуб од почетокот на јуни и неговото заминување од Лацио, но според пишувањето на францускиот весник „Л`Екип“ деновиве тој треба да го преземе Рен. Досегашниот тренер на тимот, Јулијан Стефан заминува откако неговите фудбалери освоија 8 бода по осум кола од стартот на првенството. Тудор е прв избор и се надева дека ќе ја добие работата. Тој има импресивен учинок во 48 натпревари на клупата на Олимпик од Марсеј, сезона 2022/23 – 27 победи, 14 порази и седум нерешени средби. Претходно ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе и Верона.

Read More

Иако ја оствари 10-тата победа во 11-тиот натпревар откако дојде на клупата на англискиот гигант, Арне Слот по вчерашното дерби со Челзи истакна дека е незадоволен од судењето. „Многу натпревари беа тешки, но овој е можеби најтешкиот поради огромниот број на квалитетни играчи кои ги имаат и структурата. Моравме да се бориме напорно за да ги победиме. Имаше неколку одлуки кои според мене не ни одеа во прилог, најлошото беше пред паузата со тој поништен пенал. Со 2:0 ќе беше многу поинаку.

Read More

ШК Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија, од 20 до 26 Октомври, совладувајќи ја екипата „Vasa SK“ од Шведска со 5,5:0,5 поени. На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број – 84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа. Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка „ŠK K Cero Invest Nitra“, која на стартната листа е 23-то рангирана. Истовремено се игра и Европски клупски куп во женска конкуренција, на кој играат 18…

Read More

Поранешниот учесник на Зимските олимписки игри како претставник на Канада, Рајан Џејмс Вединг, е обвинет за организирање на група за продажба на дрога која превезувала големи количества кокаин во јужна и северна Америка, а исто така и учествувала во убиства на дури четири лица. Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) издаде налог за негово апсење, а веќе нуди и награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење и екстрадиција во САД. Вединг е канадски државјанин, но живее во Мексико, има 43 години и во моментов е бегалец. Тој ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри 2002…

Read More
NBA

Џеред Вандербилт сè уште не е подготвен да се врати во составот на ЛА Лејкерс иако сезоната само што не почнала. Лејкерси се задоволни од напредокот на напаѓачот, но тој ќе пропушти уште најмалку две недели. Тоа значи дека тој нема да игра на стартот од новата сезона во НБА лигата. 25-годишниот напаѓач на Лејкерси не е на теренот од 1 февруари поради проблеми со стапалото. Вандербилт минатата сезона на 29 натпревари имаше просек од 5,2 поени, 4,8 скока и 1,2 украдени топки за 20 минути во просек поминати на теренот.

Read More

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси не крие дека е свесен дека полека влегува во последните години од неговата активна фудбалска кариера. Зборувајќи за својата иднина, како во националниот дрес, така и за она што го постигнал досега во кариерата, истакна дека се подготвува за пензионирањето. “Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство. Освоив се во клубот на мојот живот – Барселона. Имам титули и со ПСЖ. Не можам да барам повеќе. Крајот е близу и максимално уживам и го ценам секој момент. Аргентина и Барселона се мојот дом. Денеска сум на место каде што сум среќен, тоа е…

Read More

Стефан Стојановиќ кој деновиве се врати од Венеција со освоен бронзен медал на Светското првенство во карате за младинци, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.„Конкуренцијата беше исклучително силна и морам да бидам задоволен со остварениот резултат. Битката за медал беше крајно динамична, иако губев на стартот, сепак, успеав да направам голем пресврт во последните две секунди и да победам со 3:2. За таа крајно динамична и неизвесна борба сигурно ќе се зборува и во иднина“ – вели Стојановиќ.„Веднаш по враќањето од Италија влегов во тренинг процес за Балканското првенство и светското првенство закажани за во ноември…

Read More

Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика од Лисабон за корупцијата направена во периодот од 2016 до 2019 година, со цел да местат натпревари во нивна корист. „Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати детално ќе ги анализираат обвинувањата за кои бевме информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот. Бенфика додаде дека сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“. Главен обвинет во најавениот судски процес е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година, во друг…

Read More