Author: saso

Француски Пари Сен Жермен тргнува по голгетерот на Астон Вила, Џон Дуран. Според француски извори, агентот на фудбалерот веќе ја добил и првата понуда од ПСЖ. Претходно овој месец, Едуардо Бургос од Диарио АС објави дека и Баерн Минхен доставиле понуда за Дуран, но во текот на летото, која Астон Вила ја одби. ПСЖ и Баерн не се единствените клубови заинтересирани за Дуран. Арсенал и Барселона исто така внимаваат на него како што се приближуваат преодните рокови во 2025 година. ПСЖ е решен да достави вредна понуда за него, па нема да биде изненадување првиот сериозен напад да го добијат…

Read More

По сите обвинувања за случувањата на трката за ГН на Мексико, трикратниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен даде уште еден коментар во врска со инцидентот со возачот на Мекларен, Ландо Норис . „Не направив ништо намерно. Не можат да гледаат во мојата глава и да кажат нешто со сигурност. Тоа е прилично екстремно обвинување од нив дека намерно сум ја предизвикал таа несреќа затоа што не го оттурнав Ландо од патеката. Само се тркавме, тоа е сè“, изјави Верстапен. Верстапен доби две казни од 10 секунди за два инциденти во кои го принуди својот ривал Ландо Норис…

Read More

Актуелниот селектор на Аргетина, Ѓиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и најмалку до крајот на сезоната ќе ги предводи „црвено-црните“. Постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар. Милано е професионалец со над 20 години искуство како тренер во клубови и во машката репрезентација на Аргентина. Има учествувано на над 50 меѓународни турнири, вклучувајќи 4 Олимписки игри, 19 светски првенства, 4 Панамерикански игри, 4 Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20…

Read More

Ерик тен Хaг е разрешен од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед. Веста ја објавија бројни авторитетни новинари од Европа. Холанѓанецот бил информиран во понеделникот наутро дека заминува од тренерското место по две и пол години минати на „Олд Трафорд“. Неговиот последен натпревар на чело на Јунајтед беше поразот од Вест Хем, кој го остави тимот на 14. место во Премиер лигата, со само три победи од девет првенствени натпревари. Раководството на Јунајтед го назначило поранешниот напаѓач Руд ван Нистелрој, кој беше асистент на Тен Хаг, како привремен менаџер. Остатокот од тимот ќе остане на своето место додека клубот ги разгледува…

Read More

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Еп 2026 година. Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06 ноември (среда) со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Вилнус. На списокот на повикани ракометари се најдоа 35 ракометари.

Read More

Угледните италијански спортски медиуми истакнуваат дека судбината на Иван Јуриќ на клупата на Рома најверојатно е запечатена со дебаклот во Фиренца синоќа. Хрватскиот тренер ја презеде Рома во средината на септември, но се чини дека ќе биде таму само месец и половина. Веќе на почетокот на октомври, по само неколку натпревари во кои ја водеше Рома, Италијанците пишуваа дека му се заканува отказ бидејќи сопствениците биле незадоволни од игрите, иако Јуриќ имаше само еден пораз во првите четири натпревари. Оттогаш тој значително ги расипа резултатите. На осум натпревари има три победи, две нерешени и три порази. Последниот пораз беше оној…

Read More

Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер, вели дека Микел Артета полека станува менаџер од типот на Жозе Мурињо, а не нов Гвардиола. „Ова не е критика, туку анализа на тоа што е Арсенал го прави како тим. Можеби тоа е затоа што Артета ги погледна своите напаѓачки играчи и си помисли: „Ние не сме толку добри како Манчестер Сити, па мораме да ја освоиме Премиер лигата со тоа што ќе бидеме тимот со најдобрата одбрана и токму така изгледаа минатата сезона. Но, идејата дека Арсенал игра одличен фудбал, а Артета оди по стапките на Гвардиола е погрешна. Погледнете ја само…

Read More

Букајо Сака постави рекорд на вчерашниот дуел меѓу Арсенал и Ливерпул во ангиската Премиер лига. Крилниот напаѓач постигна гол во 9. минута од натпреварот од 9. коло на Премиер лигата и со 23 години и 52 дена, Англичанецот стана најмладиот играч на „топчиите“ кој постигнал 50 гола во Премиер лигата. Тој го собори рекордот на Тиери Анри, кој ја достигна оваа граница на 24 години и 128 дена. Во исто време, Сака зад себе има 178 натпревари, а францускиот напаѓач тогаш имаше 83.

Read More
NBA

Лос Анџелес Клиперс во новата НБА сезона влезе без првата ѕвезда Кави Ленард, но триото Џејмс Харден, Норман Пауел и Ивица Зубац игра одлично, па по Денвер, Клиперс го совладаа и Голден Стејт Вориорс со 112:104. Ретко се случува еден тим, како Клиперс, да ги добие сите четири четвртини и на крајот да триумфира. Харден постигна 23 поени со 11 асистенции и седум скока, ист учинок во поени имаше и хрватскиот центар Зубац со 18 скока и шест асистенции, додека Пауел постигна 20 поени. Атланта очекувано го положи оружјето во Оклахома. Домашните славеа со 128:104. Шеј Гилџес Александар постигна 35…

Read More

Денеска на платото пред ТЦ Бисер во нас. Аеродром во Скопје започнува 32. издание на Турнирот на медиумите во мал фудбал во организација на Спортското радио 90.3 фм. На првиот ден од турнирот ќе ги проследиме натпреварите во мал фудбал 3х3 меѓу македонските РТВ куќи кои годинава ќе настапат на манифестацијата, а тоа се составите на Сител, Канал 5, Алфа ТВ, МРТВ, Телма и Спортско радио 90.3 фм. Според распоредот на натпреварите денешната дружба и фудбалски натпревар стартува во 11 часот со првите два ревијални натпревари на кој ќе настапат најмладите од основните училишта на територијата на општина Аеродром, а…

Read More