Author: saso

За првпат по пауза од повеќе од четири години, Манчестер Сити го загуби третиот натпревар во низа. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа загубија од Спортинг на гости во натпреварот од Лигата на шампионите (1:4). Пред ова, „граѓаните“ загубија од „Тотенхем“ во англискиот Лига куп и од Борнмут во Премиер лигата со ист резултат – 1:2. Последен пат Манчестер Сити загуби три натпревари по ред во април 2018 година.

Read More

Светскиот шампионат во Мото ГП објави дека последната трка од сезоната 2024 ќе се одржи во Барселона од 15 до 17 ноември. Последното Гран При традиционално требаше да се одржи во Валенсија, но трката мораше да биде одложена поради поплавите кои го зафатија овој регион. Во Барселона за титулата ќе се натпреваруваат лидерот во тековната сезона Хорхе Мартин од Прамак и актуелниот шампион Франческо Бањаја од Дукати . Трката ќе биде најавена како „Гран при на солидарноста“.

Read More

Валенсија и Леванте побараа одложување на натпреварите од шпанската лига овој викенд по разорните поплави во регионот, објавија двата клуба. Повеќе од 200 луѓе загинаа откако поројниот дожд минатата недела предизвика излевање на реките, создавајќи поплави кои ги зафатија предградијата јужно од градот Валенсија. „Помина само една недела од временската катастрофа и ситуацијата и понатаму е многу сериозна“, се вели во соопштението на Валенсија. Тимот треба да игра против Еспањол во Ла Лига во сабота, додека Леванте ќе биде домаќин на Тенерифе во недела во Сегунда дивизија. Минатата недела сите фудбалски натпревари во земјата почнаа со едноминутно молчење во спомен…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Избраниците на Кирил Лазаров во првите два квалификациски меча ќе ги одмерат силите со Естонија и Литванија. Првиот меч се игра на 6-ти ноември во Скопје, додека вториот е за четири дена во Литванија. Од првичниот список на селекторот на нашиот најдобар национален тим отпадна Томислав Јагуриноски поради повреда, на негово место е повикан Давид Савревски.

Read More

Американската пливачка Реган Смит е нов светски рекордер на 200 метри грбно. За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 на 100 метри грбно , Смит блесна и на трката на 200 метри НА Светскиот куп во Сингапур. Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83, што сега е нов светски рекорд – 0,11 секунди побрзо од рекордот кој важеше од ноември 2020 година и го држеше Кајли МекКеон. Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).

Read More

Рубен Аморим проговори за преговорите со Манчестер Јунајтед. Португалскиот стручњак, кој го предводи Спортинг, вчера беше назначен на местото главен тренер на англискиот клуб кому ќе му се приклучи на 11 ноември. „Моето единствено барање беше трансферот да се случи на крајот на сезоната, но Манчестер Јунајтед ми кажа дека тоа не е можно – или сега или никогаш. Разбрав дека ако одбијам, тогаш за шест месеци нема да ја добијам оваа работа. И знаев дека за шест месеци ќе го напуштам Спортинг. На почетокот на сезоната имав разговор со претседателот на Спортинг и му кажав дека што и да…

Read More

Нејмар се врати на теренот, но не беше вклучен во репрезентацијата на Бразил за последните два квалификациски натпревари на Бразил за Светското првенство во 2024 година. Селекторот на бразилската репрезентација Доривал Жуниор не го вклучи поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен во составот на петкратните светски шампиони за натпреварите против Венецуела на 14 ноември и Уругвај пет дена подоцна. Нејмар (32) се врати во игра за клубот од Саудиска Арабија Ал Хилал на 21 октомври во натпревар од Лигата на шампионите во Азија.

Read More

Дефанзивецот на Рома, Марио Хермосо заработи повреда на мускулот на последниот тренинг на тимот. Тој почувствувал болка и не можел да го заврши тренингот, а прогнозите не се премногу добри. Прегледите покажаа дека Хермосо мора да мирува најмалку 10 дена. Тоа значи дека тој нема да може да игра на следните два натпревари на тимот против Верона во Серија А и Унион Сен Жилоа во Лига Европа.

Read More

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не е задоволен од настапот на тимот од почетокот на сезоната и од неубедливите резултати. Поради оваа причина, тој почнува да го губи трпението со Карло Анчелоти и сега се посериозно размислува дали е време за промена на тренерското место. Перез имал разговор со Анчелоти и побарал итно подобрување и на резултатите и на перформансите на тимот. Најмногу е разочаран од настапите против Лил и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Флорентино е незадоволен од начинот на кој во моментов се користи Белингем, како и од фактот дека младите таленти Ендрик и Арда Ѓулер…

Read More
NBA

Ѕвездата на Орландо Меџик, Паоло Банкеро, заработи потешка повреда при победничкиот шут во натпреварот против Чикаго Булс. По натпреварот, на Банкеро му беше дијагностициран скинат десен страничен стомачен мускул, што практично ќе го извади од терените, засега на неодредено време. Неговата состојба ќе биде повторно проценета за четири до шест недели. Орландо загуби во последниот натпревар од регуларниот дел од Чикаго со резултат 99:102. Меџик го загубија вториот натпревар сезонава, откако исто така победија на три натпревари.

Read More