Author: saso

По вчерашниот пораз во Скопје, машката кошаркарска репрезентација на Македонија денеска патува за Клаипеда, каде в недела ќе го одигра и вториот меч со Литванците во рамките на квалификациите за ЕП 2025. Се очекува Македонија за неделниот дуел во Клаипеда да биде засилена со Ненад Димитријевиќ, но селекторот Јончевски објави дека Магдевски и Хап нема да може да помогнат ниту на гостувањето во Литванија. „Верувам дека со Димитријевиќ работите ќе бидат подобри, но ќе мораме да го смениме ставот и да одиграме цел меч ако сакаме подобар исход. Итан Хап дојде, неговата состојба не е подобрена, истото важи и за…

Read More

Денеска беше извршена ждрепката за плеј-оф фазата од Лигата на нации 2024/25. Во плеј-оф натпреварите за пласман во Лига А ќе се сретнат: Турција — Унгарија Украина — Белгија Грција — Шкотска Австрија — Србија Натпреварите ќе се одиграат на 20 и 23 март 2025 година. Во битката за место и опстанок во Б дивизијата ќе се сретнат: Косово — Исланд Бугарија — Ирска Ерменија — Грузија Словачка — Словенија Натпреварите ќе се играат на 20 и 23 март следната година. Додека за пласман и опстанок во Ц дивизијата ќе играат: Гибралтар — Летонија Малта — Луксембург Натпреварите ќе се…

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација денеска и официјалн стартува со подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унхарија и Швајцарија. „Црвено-жолтите“ се во групата А заедно со селекциите на Шведска, Унгарија и Турција, мечевите ќе ги играат во Дебрецин. Селекторот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски за континенталното натпреварување повика 21-ракометарка.

Read More

Пини Захави, агентот на Нејмар, демантираше дека бразилскиот репрезентативец ќе го напушти клубот од Саудиска Арабија. “Нејмар не преговара за заминување од Ал Хилал. Тој има договор и е многу среќен во клубот. Таткото на Нејмар и јас сме единствените луѓе кои можеме да одлучиме за неговата судбина. Не знам од каде доаѓаат таквите гласини”, изјави Захави. Сепак, некои бразилски медиуми објавија дека Нејмар е блиску до враќање во Сантос.

Read More

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија денеска попладне, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година. Селекторот Александар Јончевски стави 16 кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24 ноември, на гостински терен во Клаипеда. На списокот од 16 кошаркари се најде и Ненад Димитријевиќ, но и Итан Хап.

Read More

Фудбалската репрезентација на Италија синоќа го доживеа првиот пораз од јуни, па досега. Избраниците на Лучијано Спалети загубија на домашен терен од Франција (1:3) во натпреварот од 6. коло на Лигата на нации, што беше прв пораз за Италија во последните 6 натпревари. Пред ова тимот имаше 4 победи и едно реми. Селекторот Лучијано Спалети го оцени поразот од францускиот тим како лошо претставување на целиот тим. „Веднаш примивме гол, а потоа не можевме да останеме смирени и потрошивме многу енергија. Откако постигнавме гол и резултатот стана 1:2, се чинеше дека ќе се снајдеме, но потоа повторно примивме гол. Не…

Read More

Неколку клубови од Саудиска Арабија не исплаќаат плати на странски играчи. Според новинарот Ромен Молина, станува збор за Ал-Оруба, Ал-Холуд од првата и Ал-Сафа од втората лига, но и некои други клубови. Според изворот, голем број странски фудбалери ја разгледуваат можноста да штрајкуваат или да се жалат до ФИФА. По 10 кола, Ал-Оруба го зазема 13-то место во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Холуд – 15-тото. Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Кристијан Тељо игра за Ал-Оруба.

Read More
NBA

Кошаркарите на Кливленд го победија Шарлот со 128:114 и останаа единствената непоразена екипа сезонава во американската професионална кошаркарска лига (НБА). Кливленд беше предводен од Дариус Гарланд со 25 поени, 12 асистенции и пет скока, а Тај Џером постигна 24 поени, додека Еван Мобли имаше 23. Кливленд е четвртиот тим кој започнува сезона со 15 победи, по Голден Стејт (2016), Хјустон (1994) и Вашингтон Капитолс (1949). Рекордери во лигата се Вориорс кои победија на 24 натпревари во 2016 година. Лос Анџелес Клиперс ја победи Јута со 116:105, а натпреварот го одбележа играчот на Клиперс Џејмс Харден, кој го презеде второто место…

Read More

Завршниот АТП турнир ќе продолжи да се одржува во Италија до 2030 година, објави Здружението на тениски професионалци и Италијанската тениска федерација (ФИТП). Одлуката се заснова на успешното одвивање на настанот во Торино, кој првично беше планиран да биде домаќин на завршниот турнир до 2025 година. Турнирот, засилен со присуството на локалниот миленик и светски рекет број 1, Јаник Синер, привлече над 183 илјади фанови оваа година, а билетите за сите 15 натпревари од 8-дневниот настан беа распродадени. Наградниот фонд достигна неверојатни 15,25 милиони долари. Синер стана првиот Италијанец кој ја освоил титулата, откако во финалето го победи Американецот Тејлор…

Read More

За првпат во историјата на ракметниот првак Еурофарм Пелистер, на клупата ќе седне шпански тренер. Од денес нов тренер на битолските „зелено-бели“ е Раул Алонсо, кој потпиша договор до крајот на наредната сезона, заклучно со јуни 2026 година. 45-годишниот Раул Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил. Од 2022 година Раул го водеше тимот на Ерланген.

Read More