Љупчо Цветкоски – Ждаре, како една од легендите на малиот фудбал во Македонија, во средата имаше убава средба со некогашниот македонски фудбалски репрезентативец и поранешен селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски. Популарниот Ждаре, кој во средината на осумдесетите доминираше на терените за мал фудбал со екипата на Грамоси, и Ѓуровски се добри пријатели веќе со децении, а мечот од Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Барселона беше причина за нивна нова, емотивна средба, овој пат во Белград, каде освен што го следеа мечот од трибините имаа можност да прошетаат и низ клупскиот музеј на белградските „црвено-бели“ и да поразговараат за…
Author: saso
Заврши сезоната за Мауро Икарди. Аргентинецот поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку до крајот на сезоната. Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Тотенхем синоќа, а по прегледите е констатирано кинење на вкрстените лигаменти на десното колено, како и оштетување на менискусот. Оваа сезона тој постигна 4 гола на 7 натпревари во турскиот шампионат.
Претседателот на Перуанската фудбалска федерација е уапсен поради создавање криминална група. Агустин Лозано е обвинет дека ја водел криминалната група Галактикос, во која има и други функционери од федерацијата. Групата се товари за криминални активности во врска со имотот на правното лице, како и за незаконско прикривање на информации за работата во спортското село Чаклакајо. Директорот на полицијата Нилтон Сантос Вилалта изјави дека 17 имоти во Лима и провинциите биле конфискувани како дел од истрагата за активностите на групата.
Откако почна да се зборува за раскинување на договорот меѓу Нејмар и саудискиот клуб Ал Хилал, сега почнаа и шпекулации за негово враќање во Бразил. 32-годишниот напаѓач го повреди колкот на мечот со Естеглал (3:0), откако одигра само два меча по опоравувањето од повредата на вкрстените лигаменти на коленото. Нејмар моментално е во преговори со Ал-Хилал за постигнување договор за спогодбено заминување. Неговиот поранешен клуб Сантос се обидува да го добие назад во своите редови, и според информациите тоа може да се случи во јануари. Бразилскиот клуб веќе доби позитивен сигнал од Нејмар дека сака да се врати дома. Раководството…
Австрискиот дефанзивец Давид Алаба се врати на тренинзите со топка и влезе во нова фаза на опоравување, речиси 11 месеци откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото во декември минатата година. Целосното закрепнување се уште се очекува да биде за неколку недели и може да се очекува тој да се врати на терените до стартот на 2025 година. Враќањето на играчот на теренот треба да биде постепено, како што секогаш се препорачува по такви повреди, а исто така земајќи ги предвид компликациите што ги претрпе Алаба. 32-годишниот фудбалер имаше две операции на коленото.
Португалскиот стратег на клупата на Фенербахче, Жозе Мурињо е казнет по мечот со Трабзонспор. Мурињо ја критикуваше арбитражата на мечот, а воедно рече дека немаше да дојде во Турција доколку знаеше што се случува таму. Поради тоа, Португалецот е дисквалификуван од дисциплинската комисија на еден натпревар и казнет со парична казна од 24 илјади евра. Дисциплинската комисија ја оправда оваа одлука со тоа што изјавите на Мурињо „не се во согласност со спортските принципи и спортската етика и го нарушуваат угледот на Турската фудбалска федерација“.
Килијан Мбапе ќе биде клучен дел од Реал Мадрид во наредните години. Новинарот Мануел Карењо од радиото Кадена Сер, вели дека спортскиот проект на Реал Мадрид ќе биде изграден околу францускиот напаѓач, кој беше доведен како идна голема ѕвезда на европскиот фудбал ова лето. „Можеби ќе треба да се донесе некоја одлука следното лето. Ајде да видиме што ќе се случи со Винисиус. И двајцата се добри играчи и треба да најдат меѓусебно разбирање, но постои загриженост во клубот бидејќи нема да биде лесно да се најде решение“, вели Карењо. Според некои шпекулации Реал е подготвен и да разгледа опција…
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија (14. ноември) и против Фарски Острови (17. ноември) од Лига на Нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода. На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија) Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ) Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички Марко АЛЧЕВСКИ – Хапоел Ерусалим (Израел) ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ -…
По поразот од Милан на домашен терен од 1:3, тренерот на Реал (М) Карло Анчелоти проговори за проблемите во редовите на „кралскиот клуб“. „Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро во последните натпревари. Ни недостига цврстина. Исто така, факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационализирани. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Сега треба да станеме, да се бориме и да го добиеме следниот натпревар. Мора да се фокусираме на денешниот ден. Нашиот тим не ја покажува најдобрата верзија од себе и тоа мора да го надминеме…
Ѕвездата на екипата на Филаделфија, Џоел Ембид се очекува да заигра во својот тим на прв натпревар од регуларниот дел на сезоната на 12 ноември кога неговиот тим ќе игра со екипата на Њујорк Никс. Оваа средба ќе биде и прва за екипите во новиот НБА куп. Во вторникот НБА го суспендираше центарот на Филаделфија на три натпревари поради расправија со новинар во соблекувалната по натпревар. Инаку, Ембид го пропушти стартот на сезоната поради повреда на коленото, што резултираше и со очаен старт на 76-ките кои тргнаа со само една победа во 6 одиграни средби.
